Од каде се парите и становите на Петрески?

„Граѓаните ќе побараат одговор- како Петрески заработил милиони евра и станови во Македонија и Грција“, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого

„Граѓаните ќе побараат одговор- како Петрески заработил милиони евра и станови во Македонија и Грција“, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

Потенцираат дека испитувањето на нивното потекло е задача и на Министерството за внатрешни работи. И денес од ВМРО- ДПМНЕ беа искажани бројни обвинувања кон противкандидатот за градоначалник од СДСМ.

Александар Петрески е свесен дека на овие Локални избори граѓаните им рекоа не на транзиционите политичари и богаташи кои во моментов го водат градов, велат од ВМРО- ДПМНЕ. Задача на Министерството за внатрешни работи е да ги испита сериозните наоди за криминал во работењето на актуелниот градоначалник, потенцира членот на Извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, Александар Николоски.

presКандидатот за градоначалник Кирил трендафилов- Нанче го обвини актуелниот градоначалник за непланско градење и урбанистички хаос во градот. Како пример ја посочи зградата на Бул. Туристичка.

Изгледот на градот се нагрдува поради интересот на одреден круг луѓе, рече Трендафилов и додаде: поради краткорочен профит се руши долгорочната перспектива на Охрид. Го потсети Петрески за дел од ветените, а нереализирани проекти. Еден од нив- изградбата на катна гаража во близина на градскиот пазар.

Трендафилов изјави дека во моментов се решава проблемот со уличното осветлување со злоупотреба на Локалната власт.

Градоначалникот не може да работи во интерес само на неколку луѓе, туку треба да им служи на сите граѓани во општината, беше потенцирано на денешната прес- конференција на ВМРО- ДПМНЕ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top