Ознака: прекрасно

Заслужено ја носи титулата секс симбол

Post Views: 0 На годинешните доделувања награди на „Costume Designers Guild” славната актерка, Ракел Велч се појавила во тесен и гламурозен фустан, и покажала виткост на која можат да и завидат многу помлади колешки. Верувале или не Ракел Велч има 73 години, но со својата појава и понатаму може да се каже дека заслужено ја носи титулата секс симбол. Актерка и мајка на синот Дејмон (53) и ќерката Тани (51), носела плава кадрава перика за оваа прилика, а шминката и тоа како и помогнала да изгледа прекрасно. Славната Ракел Велч прв пат се појавила на филм далечната 1966 година и во таа...

Continue reading

Уште едно прекрасно зајдисонце во Охрид

Post Views: 66 Воскре Јосифоска за рубриката „Ти си твојот град“ испрати слики од уште едно прекрасно зајдисонце во Охрид. На една од сликите ги има и лебедите кои се препознатлив белег на нашето убаво Охридско езеро.

Continue reading

prolet

Пролетта ни дојде еден ден порано

Post Views: 0 Иако вообичаено првиот пролетен ден е 21-ви март, престапната година ни го донесе ова прекрасно годишно време еден ден порано. Официјално, во целата северна хемисфера, според астрономскиот календар пролетта започна во 6,11 часот, додека во јужната Земјина полутопка од денеска започнуваат есенските денови. Се’ до 21 јуни, односно цели 92,75 денови, ќе уживаме во пролетта, за потоа полека да се подготвиме за пеколно високите температури, карактеристични за летниот период. Од утре, по рамноденицата, денот ќе биде подолг од ноќта, а во текот на викендот ќе започне летното...

Continue reading

sofra

Туристи, локално население, денес сите уживаа во Охридска софра во Скребатно

Post Views: 1 Денес, божественото парче земја, високо таму во Скребатно со својата убавина на едно место обедини луѓе од најразлични краеви. Од домашно, локално население, до туристи од земјава, но и од странство. Денес, Скребатно беше домаќин на манифестацијата Охридска софра 2013.  Како дел од неа, 26 натпреварувачи, мајстори во правење на ѓомлезе, или тури-потпечи како што е инаку познато ги покажаа своите вештини во подготовката на ова традиционално охридско јадење. „Нема тајна. Внимание на печењето, да не се изгори, мрсење на време и тоа. Нема никаква тајна. Вода, сол, брашно,...

Continue reading

sv soija

Светскиот виолончелист Антонио Менезес вечерва на Охридско лето

Post Views: 0 Вечерва на програмата на Охридско лето во црквата  Света Софија, концерт на светскиот виолончелист Антонио Менезес  кој заедно со Олга Задо, една од најперспективните пијанисти од нејзината генерација ќе изведат дела на Шуман, Брамс, Франк. Менезес  прв пат гостува во Охрид. Тој по првата проба воодушевен од просторот каде ќе настапи, но и од гостопримливоста на Охриѓани. „Црквата е прекрасно и во неа се чуствуваме прекрасно. Звукот е фантастичен. Убаво се чувствувавме додека свиревме во црквата, многу сме среќни за тоа. Откако ја добив поканата почнав да гледам и да...

Continue reading

Filis Ajrus

Охриѓанката Филис Ајруш, најдобра од најдобрите

Post Views: 1 Еколошката порака на охридската средношколка Филис Ајруш, ја виде целиот свет. И не само што ја виде, туку оваа порака на Олимпијадата за заштита на животната средина Global Environmental Issues – US ( GENIUS 2013 ) која од 16-ти до 21-ти jуни се одржа во Њу Јорк, Соединетите Американски Држави, на Филис и обезбеди златен медал. Чувството за Филис да се претставува нашата земја на еден ваков интернационален натпревар, фантастично. „Чувството беше неопсиливо, прекрасно, прво ми го прочитаа името и самото претставување на Македонија, на Охрид ми беше прекрасно чувство,...

Continue reading

krvodaritelska akcija

Спорт лајф и Црвен Крст спроведоа крводарителска акција

Post Views: 1 Традиционално четири години наназад Црвениот Крст од Охрид, во соработка со обложувалницата Спорт лајф, спроведоа  крводарителска акција. Под мотото „Разубавете го денот на себе си и на другите“ крводарителите имаа можнот со поддршка на македонските музички звезди,  да ја даруваат најдрагоцената течност кој спасува живот, вели претседателот на охридската организација Сашо Точков. Тој воедно изрази благодарност кон сите кои допринесоа за реализација на денешната акција. „Благодарни сме и задоволни на сите крводарители на спортската обложувалница Спорт лајф и секако оваа...

Continue reading

nova godina

Незаборавен дочек на новата година на градскиот плоштад

Post Views: 6   Ако денот се познава по утрото, а Новата година по атмосферата во најлудата ноќ, Охрид го очекува бериќетна година. Со над десет илјади гости од кои најголем дел се од соседството и голем број охриѓани, во весела атмосфера, со убави желби за подобро утре во годината која е пред нас,  ја дочекавме Новата 2013. година. Во угостителските објекти, рестораните, кафулињата, но и дискотеките се бараше место повеќе. Но се чини највесело беше на Градскиот плоштад, каде граѓаните и гостите се забавуваа со хитовите на Ѓоко Танески, „Камелеон“, Петар Маркоски, „Аренси бенд“ и...

Continue reading

predavanje za Permakultura

Со Пермакултура до поголеми приноси во земјоделството

Post Views: 1 Работење со природата наместо против неа. Продолжено и обмислено набљудување наместо напорно и непромислено работење. Третирање на растенијата и животните од аспект на сите нивни функции, наместо само како поединечни елементи на било кој моно-културен систем. Ова се основните постулати на кои се темели пермакултурата. Овој релативно непознат поим беше приближан до јавноста на предавањето што се одржа денес, во просториите на факултетот за туризам и угостителство. „За да објаснам што е пермакултурата ќе цитирам еден познат пермакултурист. Пермакултурата е едноставно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top