Со Пермакултура до поголеми приноси во земјоделството

Што е пермакултура и кои се придобивките од неа? Овој неконвенционален вид на самоодржливо земјоделство, градежништво и инфраструктура е многу малку познат поим во нашата држава. На оваа тема, денес се одржа предавање во просториите на Факултетот за туризам и угостителство.

 |  Мишел Наумоски  | 
predavanje za Permakultura
предавање за Пермакултура

Работење со природата наместо против неа. Продолжено и обмислено набљудување наместо напорно и непромислено работење. Третирање на растенијата и животните од аспект на сите нивни функции, наместо само како поединечни елементи на било кој моно-културен систем. Ова се основните постулати на кои се темели пермакултурата. Овој релативно непознат поим беше приближан до јавноста на предавањето што се одржа денес, во просториите на факултетот за туризам и угостителство.

„За да објаснам што е пермакултурата ќе цитирам еден познат пермакултурист. Пермакултурата е едноставно дизајнирање на нештата користејќи ги истите методи што ги користи природата. на пример одите во шума и гледате се е прекрасно и зелено, се враќате повторно по три месеци и повторно се е прекрасно и зелено. Како природата успева да го направи тоа? Тоа што пермакултурата се обидува да го направи е да ги открие нештата што природата ги прави за нејзиниот систем да е толку себеобновувачки, себеодржлив, изобилен, полн со биодиверзитет и плоден, ние само се обидуваме да ги дизајнираме нештата на ист начин.“ вели Димитар Ставрески-Организатор на предавањето

Овој концепт иако е релативно непознат сепак не е непостоечки во нашата држава. Примери за пермакултура има на повеќе места низ државава меѓу кои кампот Чегране во Гостиварско, самоодржливите заедници во Делчевско и во Струшко Луково.

predavanje„Зачетоците на пермакултурата во Македонија се во далечната 1999 година, за време на безбедносната криза на Косово и прелевањето на косовските бегалци во Македонија каде токму Геоф Лотон раководел со проектот за дизајнирање на кампот за бегалци во Чегране кај Гостивар по принципите на пермакултурата. Резултатите од овој проект биле престанување на поплавите кои редовно се случувале на тој терен, создавање градини кои обезбедувале добар дел од храната за жителите на кампот, голем број луѓе биле едуцирани за пермакултура, и е создаден Центарот за Градење на Пермакултура и Мир.“-додаде Ставрески.

Географски најблизок ни е примерот со струшкото село Луково каде е направена пермакултурна градина која добива исти дури и повисоки приноси на овошје и зеленчук без никаква употреба на вештачки ѓубрива и пестициди. На оваа тема во Скопје беше одржан и пермакултурен курс од страна на дипломирани пермакултуристи од Хрватска кои во првиот дел од курсот се фокусирале на пермакултурниот дизајн на градините, а вториот дел кој ќе се одржи од 4ти до 8ми Јуни ќе бил насочен кон самоодржливо градежништво и рационално искористување на енергијата. За жал ова предавање беше многу слабо посетено. И покрај овој факт, Ставрески вели ќе биле задоволни доколку малубројните присутни почнат барем да размислуваат на пермакултурниот начин и започнат со истражување и негова примена во своите сопствени дворови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top