Ознака: прва

Siharikota

Првата индиска мисија тргна кон Месечината

Post Views: 0 Сателитот „Чандрајан-1“, со тежина од 1.304 килограми, е лансиран во раните утрински часови по локално време, од индискиот космодром на островот Шихарикота во државата Андра Прадеш, а во орбитата околу Месечината би требал да влезе за околу 18 дена. „Првпат одиме на Месечината. Кина тоа веќе го направи, но сега ќе се обидеме да ја стигнеме и да го надминеме јазот меѓу нас“, изјави директорот на Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО), Баскар Нарајан. Од ИСРО велат дека главна цел на мисијата не е зголемување на рејтингот на земјата, туку значајните научни...

Continue reading

Ураганот „Ајк“ на Куба зеде четири жртви и ослабна до прва категорија

Post Views: 5 Кубанската влада соопшти дека ураганот „Ајк“, кој вчера ја зафати Куба, зеде четири жртви, први на островот во годинешната сезона на урагани, пренесоа американските медиуми.  Пред налетите на „Ајк“ над 1,2 милиони Кубанци беа евакуирани од густо населенета кубанска престолнина-Хавана.Ураганот сношти ослабна до бура од прва категорија според петстепената Сафир-Симпсонова скала на урагани, соопшти Центарот за урагани во Мајами, во сојузната држава Флорида. Центарот прогнозора ново засилување на ураганот над Мексиканскиот залив, каде се очекува тој да пристигне до вечерва.Во Хаити...

Continue reading

Прва седница на британската Влада надвор од Лондон по 1921 година

Post Views: 3 Британската Влада својата прва седница по годишните одмори ќе ја одржи денеска во Бирмингем, а не во Даунинг стрит 10 во Лондон или во летната резиденција на британските премиери во Чекерс, што е прв ваков случај по 1921 година. Пред 87 години, Владата на тогашниот премиер Џорџ Лојд одржала седница во шкотскиот град Инвернес во зградата на локалниот градски Совет во време кога таму на одмор се наоѓал претседателот на Владата. Со своите министри премиерот Лојд тогаш расправал за мошне актуелното прашање од тоа време, ирското напуштање на британската монархија. Нема посебно...

Continue reading

АСФАЛТИРАНИ ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ „МОМЧИЛО ЈОРДАНОСКИ“ И „ПРВА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА“

Post Views: 7 Асфалтиран дел од улиците „Момчило Јорданоски“ и „Прва македонска ударна бригада“. На „Момчило Јорданоски“ се асфалтира делот од кружниот тек до пресекот со улицата „Прва македонска ударна бригада“ во должина од 230 метри и ширина од 5,70 метри, а делот кој се асфалтира на „Прва македонска ударна бригада“ е во должина од 840 метри во насока кон манастирот „Св. Атанасиј“, а ширината изнесува 4,50 метри. Активностите за асфалтирање се реализираат согласно годишниот план за асфалтирање на општина Охрид, а средствата се целосно обезбедени од буџетот на Локалната самоуп...

Continue reading

reli

Прва жртва на првиот ден од релито Дакар

Post Views: 3 „Жената почина. Имаше сериозни повреди на главата, стомакот и карлицата, а претрпе и два срцеви удари на пат до болницата.“ изјави Норберто Бруса, доктор во болницата во Рио Куарто. Четворица други исто така се здобија со полесни повреди и скршеници, кога возилото на Мирко Шултис и Урлих Лерди навлезе во „јавната зона“ наменета за публиката. Шпанецот Нани Рома, победи во првата етапа која се возеше од Буенос Аирес до Кордоба  во класата автомобили со време од 2 часа 11 минути и 15 секунди а сонародникот Карлос Саинц заврши на второто место со разлика од само две минути...

Continue reading

Серена Вилијамс прва на ВТА листата за 2009

Post Views: 10 Американката Серена Вилијамс годината 2009-та ќе ја заврши на позицијата број 1 на ВТА листата. За успехот да биде целосен се погрижи со победата во завчерашното финале на Мастерсот во Доха каде ја совлада својата сестра Венус со 2:0 во сетови за еден час и 25 минути игра и заработи еден и пол милион американски долари. За Серена Вилијамс ова беше вторпат да победи на Мастерсот на кој настапија осумте најдобри за оваа година. Првата победа Вилијамс ја имаше во 2001 година во Минхен.Американската тенисерка го презеде првото место од Динара Сафина, која сега е втора,...

Continue reading

Renova

Ренова излегува прва на европската сцена

Post Views: 5 Вечерва од 19:00 часот во Минск, фудбалерите на Ренова го играат првиот натпревар во првото квалификациско коло од новоформираната Европска лига (поранешен Уефа куп). Фудбалерите од Џепчиште, гостуваат на белорускиот Динамо, тим кој важи за голем фаворит во дуелот со Ренова. Свесни за квалитетот на противникот, фудбалерите на македонскиот преставник, најавуваат бескомпромисна борба, за поволен резулат. Според изјавите од нивниот табор, за нив добар резултат би бил секој нерешен исход или евентуален минимален пораз со постигнат гол, кој за реванш натпреварот закажан по...

Continue reading

borci

„Да не се заборави и никогаш да не се повтори“

Post Views: 0 Одбележани 66 години од формирањето на првата македонска народно ослободителна ударна бригада во Локов. На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Зоран Коњаноски, како и претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. „Да не се заборави, но никогаш да не се повтори“, беа зборовите со кои генералот во пенззија Тодор Атанасоски се потсети на НОБ. Пред 66 години на 8 јуни 1944 година, во ова село на истурениот височински, но живописен дел на планината Караорман беше формирана Првата Македонска народноослободителна ударна бригада. Генерал Атанасовски пред присутните се...

Continue reading

Sv.Erazmo

Извршена првата „КЕЈЏ“ операција

Post Views: 12 Современ оперативен зафат на вратен пршлен со вградување на заменик на меѓупршленски диск. Околу 15 пациенти годишно ќе можат да ги почувствуваат благодетите од овој оперативен зафат. Во светот ваквата операција чини околу 30 000 евра. „КЕЈЏ“ оперативниот зафат, за прв пат во Македонија. Овој современ хируршки зафат неодамна се изврши во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид. Станува збор за операција на вратен `рбет со вградување на „КЕЈЏ“, замена на меѓупршленскиот диск. Оваа операција се врши во случај кога ткивото меѓу вратниот пршлен...

Continue reading

Dinara Safina

Сафина е прва на ВТА листата

Post Views: 7 Динара Сафина е новата предводничка на листата најдобри тенисерки во светот. Со овој успех Русинката влегува во историјата на белиот спорт поради фактот што и нејзиниот брат Марат Сафин едно време беше прв. Сафина ја надмина Серена Вилијамс и за првпат со 8.951 бод е прва на листата. И покрај тоа што Вилијамс и Сафина ги заменија местата, генерално меѓу десетте најдобри тенисерки во светот нема промени. Кај мажите, Рафаел Надал го совлада Новак Џоковиќ со 2:1 во сетови во финалето на мастерс-турнирот во Монте Карло. Со тоа го постигна рекордот како единствен тенисер...

Continue reading

niskogradba

Започна поставувањето на фекална канализација на улицата „Прва македонска ударна бригада“

Post Views: 1 Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес започна со поставување на фекална канализација на улицата „Прва македонска ударна бригада“. Претходно фекалиите од оваа улица се пренасочуваа кон споредните улици „Трајче Дојчиноски“ и „Александар Гушо“, па поради тоа доаѓаше до преоптоварување на канализацијата што резултираше со застои и излевање на фекалии. По апелите од жителите кои живеат на овие улици, за решавање на проблемот, со ново предвидената фекална канализација, која е со профил ф300 и со должина од 150м и за која се предвидени шест ревизиони шахти, овај долгогодишен...

Continue reading

logo

Прва жртва на релито Дакар

Post Views: 5 Францускиот моторциклист Паскал Тери денеска е пронајден мртов на релито Дакар, кое годинава се вози во Аргентина и Чиле. Тери (49) исчезна во неделата во текот на втората етапа, а пронајден е на тешко пристапно место на 15 – тина метри од моторот.Организаторите соопштија дека полицијата ќе спроведе истрага за причините за смртта на францускиот моторциклист, кој е прва жртва на годинашното рели. Традиционалното рели Дакар, по една година принуден одмор, се вози во Јужна Америка, бидејќи трката низ Африка не е безбедна.Релито започна во Буенос Аирес минатата недела, а...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top