Ознака: прва

Skopsko astronomsko drustvo

Прва изложба на астрофотографии во Македонија

Post Views: 1 По повод 10-годишнината од постоењето на Скопското астрономско друштво и како дел од активностите за прослава на Меѓународната година на астрономијата – 2009 во Културно-информативниот центар  ќе биде прикажана првата изложба на астрофотографии во Македонија. Изложбата вклучува фотографии од различни небесни објекти, планети, комети, метеори, галаксии, ѕвездени јата, маглини, изработени од членови и пријатели на Друштвото од Македонија и од Балканот, како и фотографии од активностите на Скопското астрономско друштво. Изложбата е спонзорирана од Министерството...

Continue reading

ВТОР АСФАЛТЕН СЛОЈ НА „ПРВА МАКЕДОНСКА УДAРНА БРИГАДА“

Post Views: 5 Во тек се интензивни градежни активности од последната фаза за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“. Започна и поставувањето на вториот асфалтен слој на коловозот, а според планираното, утре се очекува да заврши комплетното асфалтирање на улицата. Претходно, работните екипи на терен, беа ангажирани за уредување на тротоарите со бехатон плочки и нови рабници. Вредноста на проектот за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ е 12.952.424 денари, а средствата се обезбедени од буџетот...

Continue reading

ЌЕ СЕ ПОСТАВУВА ВТОР АСФАЛТЕН СЛОЈ НА УЛИЦАТА „ПРВА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА“

Post Views: 0 Поради изведување на градежни активности за поставување на вториот асфалтен слој на коловозот, улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“ ќе биде затворена за сообраќај од 5 часот на 13.08.2020 година (четврток) до 14.08.2020 година (петок), до комплетно завршување на предвидените активности. Се упатува апел до граѓаните навремено да ги отстранат паркираните моторни возила и да користат алтернативни улици за сообраќање во овој дел на градот.

Continue reading

ЗАВРШНА ФАЗА OД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ПРВА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА“

Post Views: 1 Деновиве се изведуваат завршните градежни активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“ во должина од 750 метри. Во текот на денешниот ден се изврши поставување на првиот асфалтен слој на коловозот. Претходно беше извршено поплочување на пашачките патеки со бехатон плочки, а беа поставени и нови рабници.Проектот за реконструкција на оваа улица е дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од буџетот на општина Охрид се издвоени 12.952.424 денари.

Continue reading

karibati

2010 прво доаѓа на Кирибати

Post Views: 2 Пацифичката островска држава Кирибати, во 11 часот по средноевропско време прва во светот ќе ја дочека новата 2010 година. Островот кој се наоѓа во тропскиот пацифички регион се протега на површина од 3.500.000 квадратни километри и обиколувајќи го Екваторот на исток се граничи со Интернационалната временска зона. Името го добила по главниот островски архипелаг познат како Острови Гилберт. Поранешната британска колонија, Кирибати стана независна држава во 1979 година и е членка на Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, а во 1999 година стана и полноправна членка...

Continue reading

komora

Во САД извршена првата егзекуција со наркотична супстанца

Post Views: 1 Во затвор во градот Луксвил, во американската држава Охајо, е извршена првата егзекуција на територијата на САД со смртоносна инјекција, која содржи само наркотична супстанца. Егзекутиран беше 51-годишниот Кенет Баерс, осуден на смрт поради грозоморното убиство на млада жена извршено во 1991 година. Откако ја убил жената, Баерс го исекол искасапил телото на делови и ги расфрлал на различни места во државите Охајо и Пенсилванија.Досега во Охајо, како и во останатите 34 американски држави во кои се извршуваат смртни пресуди, се инјектираат интравенозно три супстанци –...

Continue reading

ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ПРВА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА“

Post Views: 0 Деновиве започнаа да се изведуваат подготвителни активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улицата „Питу Гули” до „Стобекс”. Во моментов се работи на преместување на дистрибутивната нисконапонска мрежа за пренос електрична енергија и замена на постоечките дрвени столбови со нови бетонски столбови. Проектот за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ е дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од буџетот на општина Охрид се издвоени 13 милиони денари.

Continue reading

Michel Obama

Првата дама на САД се расфрли со ексклузивни подароци

Post Views: 6 Првата дама на САД Мишел Обама им подготви на сопругите на лидерите кои учествуваат на средбата на врвот на Г-20 во Питсбург подароци, кои се и многу лични и историски – уникатни порцелански сервиси за чај и мед од Белата куќа. Мишел Обама ги приреди на првите дами одделен прием на имотот „Роузмонт фарм“, недалеку од Питсбург. Сервисите се изработени по образец на сервис, кој се користел во 1861 година во семејството на претседателот Абрахам Линколн, кој исто како и сегашниот претседател бил од Илиноис и е еден од неговите идоли. Линколн е американскиот претседател...

Continue reading

logo

„Новарис“ ја произведе првата серија вакцини против грипот А

Post Views: 7 Швајцарската фармацевстка компанија „Новарис“ соопшти дека ја произведе првата серија вакцини против новиот грип од типот А, неколку недели порано отколку што се очекуваше.Првата серија вакцини ќе биде искористена за предклиничка оцена и испитувања, а потоа и за клинички испитувања. Според Светската здравствена организација (СЗО) фармацевстките компании најверојатно ќе добијат одобрение за продажба на вакцините по септември.Вакцината е произведена во фабриката на „Новарис“ во Марбург, Германија, која има капацитет за производство на милиони дози вакцини неделно. Втората...

Continue reading

znaminja

Втората севернокорејска нуклеарна проба за петпати посилна од првата

Post Views: 0 Втората нуклеарна проба на Северна Кореја што беше извршена во понеделникот беше за околу петпати помоќна од првата проба во 2006 година, соопштија американските сеизмолози од Универзитетот Колумбија. Експертите тврдат дека моќноста на севернокорејската нуклеарна проба била еквивалент од 2,2 до четири килотони тротил и дека ако проектилот погодел населено место ќе предизвикал голема штета. Нуклеарната проба на Северна Кореја во 2006 година била со моќност помала од еден килотон. Податоците за јачината на севернокорејската нуклеарна проба се добиени од различни сеизмолошки...

Continue reading

zatvorenicka

Прва смртна казна во судењето за млекото со меламин

Post Views: 7 Судот во Кина денеска осуди едно лице на смрт, а друго на доживотен затвор поради учество во производство и продажба на млеко со отровен меламин. Отровната супстанца во млекото предизвика смрт кај најмалку шест бебиња во Кина, а околу 300 илјади се разболеа. Портпаролот на судот најави дека по објавувањето на првите две пресуди во рамки на големото судење поради труење со меламин, наскоро ќе бидат изречени и другите пресуди и за останатите осомничени стопанственици и државници во Шијиажуанг, град во северна Кина.     {loadposition content9}

Continue reading

Diane Finestein

Дајан Фајнстин првата жена која ќе раководи со комисијата за разузнавање

Post Views: 1 Сенаторот од Демократската партија Дајан Фајнстин стана првата жена претседател на Комисијата за разузнавање на Сенатот на САД. Лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Хари Рид ја замоли сенаторката од Калифорнија да ја заземе таа должност, како што се очекуваше.Фајнстин го замени на функцијата сенаторот Џеј Рокфелер, кој ќе биде шеф на Комисијата за трговија при Сенатот. „Тоа е критично важна задача во критично важен момент од историјата на нашата нација. САД водат две војни и се соочени со бројни закани по светот и за нацијата е од витално значење нашите разузнавачки...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top