Втората севернокорејска нуклеарна проба за петпати посилна од првата

Втората нуклеарна проба на Северна Кореја што беше извршена во понеделникот беше за околу петпати помоќна од првата проба во 2006 година, соопштија американските сеизмолози од Универзитетот Колумбија.

 |  Крсте Голaбовски  | 
znaminja
знамиња

Втората нуклеарна проба на Северна Кореја што беше извршена во понеделникот беше за околу петпати помоќна од првата проба во 2006 година, соопштија американските сеизмолози од Универзитетот Колумбија.

armijaЕкспертите тврдат дека моќноста на севернокорејската нуклеарна проба била еквивалент од 2,2 до четири килотони тротил и дека ако проектилот погодел населено место ќе предизвикал голема штета. Нуклеарната проба на Северна Кореја во 2006 година била со моќност помала од еден килотон.

Податоците за јачината на севернокорејската нуклеарна проба се добиени од различни сеизмолошки институти, вклучително и на Институт што се наоѓа во близина на Кина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top