Серена Вилијамс прва на ВТА листата за 2009

Американката Серена Вилијамс годината 2009-та ќе ја заврши на позицијата број 1 на ВТА листата.

 |   | 

Американката Серена Вилијамс годината 2009-та ќе ја заврши на позицијата број 1 на ВТА листата.

За успехот да биде целосен се погрижи со победата во завчерашното финале на Мастерсот во Доха каде ја совлада својата сестра Венус со 2:0 во сетови за еден час и 25 минути игра и заработи еден и пол милион американски долари.

Serena VilijamsЗа Серена Вилијамс ова беше вторпат да победи на Мастерсот на кој настапија осумте најдобри за оваа година. Првата победа Вилијамс ја имаше во 2001 година во Минхен.
Американската тенисерка го презеде првото место од Динара Сафина, која сега е втора, пред сонародничката Кузнецовца. Четврта е Данката Каролина Возниачки, а следат Елена Дементијева од Русија, Американката Венус Вилијамс, Викторија Азаренка од Белорусија, Јелена Јанковиќ од Србија и Русинката Звонарева и Радванска од Полска која ја заокружува првата десетка.
Единствената Македонка на ранг листата е Александра Јосифоска која се наоѓа на 483.то место.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top