Ознака: празник

pioneri

Штафетата на „носталгијата“ пристигнува во Белград

Post Views: 16 Хрватско-словенечката „Штафета на братството и единството“ треба денеска да пристигне во Белград по повод некогашниот празник 25 мај Ден на младоста, кога се славеше и роденденот на Јосип Броз Тито. Штафетата, која што тргна од Умаг на 17 мај, почитувачите на ликот и делото на Јосип Броз ќе ја пречекаат пред Музејот 25 мај. Воедно денеска во Белград ќе биде промовирана и книгата „Со тито во светот“, напишана од Предраг Лалевиќ, кој 16 години бил член на лекарскиот тим на Јосип Броз. Во времето на СФРЈ на 25 мај се организираше слет во Белград, на кој што на Тито му...

Continue reading

Vitleem

Витлеем се подготвува за Божик

Post Views: 12 Во изминатите неколку дена десетици илјади верници се упатија кон родното место на Исус Христос, Витлеем, на Западниот брег за да учествуваат во прославата на големиот христијански празник. Почетокот на празнувањето ќе биде означен со биење на камбани во Латинската патријаршија во христијанскиот кварт од стариот град во Ерусалим. Оттаму ќе почне и традиционалната божиќна процесија од Ерусалим кон Витлеем предводена од духовниот лидер на Римокатоличката црква во Светата земја. Латинскиот патријарх Фуад Туал ќе се движи по јужниот пат околу осум километри придружуван...

Continue reading

Без верници во храмовите ќе се празнува најголемиот празник Велигден за прв пат во историјата на православната црква

Post Views: 0 Велигден ќе се празнува без верници во храмовите за прв пат во историјата на православната црква. Низ вековите ова никогаш не се случило, вели отец Љупчо Симиџиоски.Додава дека верниците ќе недостасуваат в црква , но се надева дека до година ќе бидат посплотени и ќе ја ценат соборноста при празнувањето на Велигден кој е темелот на христијанската вера.                     „Се разбира дека ќе недостасуваат верниците . Овој празник со векови се славел масовно и самата црква е соборна црква. Црквите се изградени од камен и се симбол на верниците, соборноста има големо значење....

Continue reading

Градот се подготвува за претстојниот верски празник Водици

Post Views: 5 Охрид започна со подготовките за црковната и граѓанската прослава за одбележување на празникот Богојавление-Водици на 19 јануари. На големиот црковно-народен собир во Охрид и годинава се очекуваат голем број посетители. Тие ќе го проследат скокањето по светиот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро. За празнувањето да протече беспрекорно во организацијата на манифестацијата Водици се вклучени покрај МПЦ и Локаланата самоуправа, јавните претпријатија, Црвен крст. Верскиот дел согласно православните начела го спроведува Дебарско – кичевската епархија при МПЦ,...

Continue reading

Вистински празник за љубителите на мечувањето

Post Views: 7 Седмото издание на меѓународниот турнир во мечување Охрид Лејк Куп, деновиве во Охрид ги донесе некои од најдобрите мечувалци од десетина земји од светот. Координација, брзина, рефлекс, самодоверба и висока интелигенција се некои од карактеристиките кои се потребни во мечувањето. Љубителите на овој спорт велат дека мечувањето е втор мисловен спорт, веднаш по шахот. Последниве години во Македонија интересот за овој спорт се намалува. Потребен е повисок стандард за занимавање со овој спорт, а речиси сите мечувалски клубови се во Скопје. „Ние практично се имаме организирано...

Continue reading

Богослужби по повод храмовиот празник Успение на Пресвета Богородица–Голема Богородица

Post Views: 11 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27-ми август, сабота, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, со почеток во 17 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело, по повод храмовиот празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 28-ми август, недела, со почеток во 9 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство...

Continue reading

Празник за астрономите

Post Views: 7 Експертите предвидуваат дека оваа година метеорскиот дожд Персеиди кој својот врв ќе го достигне помеѓу 11 и 12 август, ќе биде два пати поголем од вообичаено. „Во идеални околности би можело да се видат и до 200 метеори на час“ – вели Бил Кук, метеоролог во одделот за животна средина на НАСА. За споредба, обично за време на Персеиди се гледаат до 80 метеори на час. Метеорскиот дожд Персеиди се случува кога Земјата поминува низ облаци од честички прашина оставени од кометата Свифт-Татл. Обично Земјата поминува на самиот раб од опашката додека кометата поминува низ вселената. Но,...

Continue reading

Угостителско-туристичкото училиште Ванчо Питошески го одбележа патрониот празник

Post Views: 3 Вработените и учениците од ОУТУ Ванчо Питошески го одбележаа патрониот празник. Од формирањето на училиштето во далечната 1963 година до денес ова стручно школо за угостителство и туризам постојано бележи успеси. Учениците преку програмата Еразмус плус добиваат можност да престојуваат во светски хотели во Европа и преку изведување на практична обука стекнуваат нови знаења, информира Марјан Радески, директор на ОУТУ Ванчо Питошески. Забележителен успех учениците постигнуваат и од учеството на меѓународни натпревари по гастрономија. Дома се враќаат со освоени медалји и...

Continue reading

Празнична вечерна богослужбапо повод храмовиот празник „Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица“

Post Views: 0 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 27. Август 2019 година (вторник), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 17:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело на „Пресвета Богородица“, по повод храмовиот празник „Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица“. На 28. Август 2019 година (среда), со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско...

Continue reading

Под мотото „Од нас за нас“ свечено одбележан патрониот празник на Средно стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид

Post Views: 10 Со богата програма составена од музичко – поетски точки, рецитал и кратка тетарска импровизација, средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ го одбележа својот патронен празник, а годинава, темата на програмата беше „Од нас за нас“. Славица Костоска – директор на училиштето, истакна дека установата веќе пет години функционира со ограничени средства и услови за работа, но дека со заложби на наставниците се прават обиди да се навлезе во најновите методи на воспитно образовниот процес, а учениците се вклучуваат во современите текови на општествениот живот и од...

Continue reading

Основното училиште „Христо Узунов“ го одбележува патрониот празник

Post Views: 0 Основното училиште „Христо Узунов “ го одбележа патрониот празник и 114 години од херојската смрт на охридскиот војвода. Како што се гордееме со животот и делото на нашиот патрон Узунов така сме горди и на успесите кои ги постигнуваат нашите ученици под раководство на нивните ментори , нашиот наставен кадар, вели по тој повод Оливија Пирузева Јанева директор на ова ОУ. „ Не само во минатата година туку скоро 44 децении , колку што постои нашето училиште. Продолжуваме во континуитет со нашите успеси, пред се со успесите на нашите ученици и наставниците, она што е наша...

Continue reading

Туристите кои допатуваа во Охрид за осмомартовскиот празник дочекани со бисери и народна музика

Post Views: 10 Група туристи од Црна Гора добија охридски бисери, а посебен накит од брендот Филеви доби припадничка на понежнит пол. Ангелина Бајиќ од Подгорица е среќната добитничка на комплет накит од брендот Охридски бисер Филеви. Со тоа продолжува традицијата на дарување охридски бисер на странските туристки при посетата на Охрид за празникот на жената 8-ми Март. Ангелина долго ќе го памети ова 8-мо Мартовско патување пропратено со многу изнендувања. „ Прв пат сум во Охрид. Одамна посaкував да дојдам тука но, заради разни околности го одложував патувањето се досега. Патувањето...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top