Ознака: празник

Чествување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 5 Со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов во дворот на училиштето денес започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“. Оваа година се одбележуваат 112 години од смртта на Узунов а училиштето одбележува и 40 годишен јубилеј. Покрај делегација на училиштето, предводена од директорот на училиштето, Тони Симоновски, свежо цвеќе на бистата на Узунов положија заменик градоначалникот на Општина Охрид, Ангел Јанев, советниците при Советот на Општина Охрид, Јованка Точко и Дејан Пановски, здружението „Mетодија Патче“– Охрид,...

Continue reading

Sv.Nikola

Денес се слави Свети Никола

Post Views: 6 Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода. Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина… Во животот на нашиот човек посебно значајно место има свети Никола Мирликиски-Чудотворец, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со домашни служби и со многу обичаи го празнуваат неговиот спомен. Иако повеќе...

Continue reading

vovoedenie vo hram

Денес се одбележува празникот Пресвета Богородица – Пречиста

Post Views: 10 Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во...

Continue reading

Се е подготвено за големиот христијански празник Богојавление- Водици

Post Views: 1 Се е подготвено за големиот христијански празник Богојавление- Водици. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека општината заедно со јавните претпријатија ги завршија и последните подготовки за утрешната црковно-народна манифестација и се заблагодари на сите кои несебично помогнаа за и оваа година празникот да измине во најдобар ред и организација. Чествувањето ќе започне рано наутро со свечените литургии во сите храмови во градов по што во 9.45 литиите од црквите ќе се упатат на градското пристаниште каде во 10 часот ќе се изврши фрлањето на светиот крст во водите...

Continue reading

Голем број граѓани се собраа да го чествуваат големиот празник Митровден

Post Views: 2 Врнежливото време не ја поколеба вербата на охриѓани. Денес, голем број граѓани се собраа на градскиот плоштад пред импровизираниот црковен храм посветен на Свети Димитрија со цел да му оддадат почит на светецот и заеднички да го чествуваат големиот празник Митровден. И годинава, веќе традиционално се организираше ручек за верниците кои се собраа на градскиот плоштад, а собирот беше збогатен со музичка програма.Николина Велјаноска од црковниот одбор на Св. Димитрија вели дека убаво е на овој ден кога ќе се види насобраниот народ кој го чествува Митровден. Ова е веќе...

Continue reading

krstovden

Православните христијани денес го слават Воздвижението на Чесниот Крст – Крстовден

Post Views: 0 Денешниов празник е органски поврзан со вчерашниот празник, празникот на осветувањето на црквата на Христовото воскресение во Ерусалим. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18-ти јануари) е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, а есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос....

Continue reading

Училиштето „Ванчо Питошески“ денес го прослави својот патронен празник.

Post Views: 2 Средното општинско стручно училиште „Ванчо Питошески“ денес го одбележа својот патронен празник. Директорката Весела Темјаноска во своето обраќање пред колегите и гостите кои пристигнаа на свечениот коктел рече дека чествувањето на патронот е потсетување на дел од нашето минато. Големите борци и херои како што е Ванчо Питошески треба да се споменуваат, да се чествуваат и да бидат наши водилки низ животот, додадае таа.  Со одбележувањето на нашиот патронен празник го одбележуваме и постојаниот растеж на ова училиште, подвлече директорката. Гордост и чест е да се биде...

Continue reading

Presveta Bogorodica

Денес се слави Мала Богородица

Post Views: 0 Манастирот Пресвета Богородица во Калишта струшко, во знакот на одбележувањето на големиот христијански празник Мала Богородица. Овој манастирски комплекс посебно е познат по тоа што наспроти празникот и на самиот празник кој секоја година се слави на 21 септември ширум ги отвора портите на својот атар за сите верници. Мошне значајно и интересно е што за денешниот празник во Црквата на Пресвета Богородица свеќи палат и припадници на исламската вероисповед. Секоја година редици на луѓе чекаат пред вратите на манастирот за да се поклонат пред чудотворната икона на Пресвета...

Continue reading

dzamija

Рамазан Бајрам, месец на добрина, милост, љубов и простување

Post Views: 18 Светиот месец Рамазан е муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга, Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли и дела вели охридскиот муфтија Африм Џелали од муфтиството на Али Пашината џамија. Муфтијата Џелили ја објаснува смислата на постот кој почнува со изгрејсонце...

Continue reading

Коњаноска: Илинден празник на секој македониец

Post Views: 3   Денес се одбележува еден од најзначајните празници во Македонија, Илинден. 02 август датум со двојна симболика, национален и православен празник. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ. На денешен ден пред точно 113 години започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Овој значаен датум го одбелeжа и општина Охрид.  Стихови за овој празник прочита најдобриот ученик од гимназијата.  „О, најдолга годино, ти збиру на нашата мака, што ни го изнесе оружјето,до секој горски срт,чакалу и гаврану...

Continue reading

Празник на големите господови лекари

Post Views: 9 Меѓу поголемите есенски празници што се празнуваат со домашни служби спаѓа и празникот на Светите врачи Кузман и Дамјан. Овој празник меѓу народот е познат како Свети Врачи или едноставно како Световрача. Зборот врач и денес во некои словенски јазици (на пр. во рускиот јазик) значо лекар. Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар). Наречени се бесребреници или безмитни затоа што бесплатно ги лекувале сиромашните болни, а среброто е поим за алчност. Среброљубец се...

Continue reading

Денес е Божик, празник на Христовото раѓање

Post Views: 1 Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св. Василиј Велики. По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top