• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Без верници во храмовите ќе се празнува најголемиот празник Велигден за прв пат во историјата на православната црква

Без верници во храмовите ќе се празнува најголемиот празник Велигден за прв пат во историјата на православната црква

Црквата ќе ги почитува препораките за спречување на ширењето на Ковид 19. Свештениците апелираат верниците да ја следат Богослужбата за Христовото воскресение  преку медиумите од  домовите и  да го отпеат тропарот за Христовото воскресение. Со  надеж во Спасителот ќе помине и ова зло. Ако не беше неговото страдање на големиот петок немаше да има и воскресение, вели отец Љупчо Симиџиоски. 

 |  Валентина Неловска  | 

Велигден ќе се празнува без верници во храмовите за прв пат во историјата на православната црква. Низ вековите ова никогаш не се случило, вели отец Љупчо Симиџиоски.Додава дека верниците ќе недостасуваат в црква , но се надева дека до година ќе бидат посплотени и ќе ја ценат соборноста при празнувањето на Велигден кој е темелот на христијанската вера.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Се разбира дека ќе недостасуваат верниците . Овој празник со векови се славел масовно и самата црква е соборна црква. Црквите се изградени од камен и се симбол на верниците, соборноста има големо значење. Но, секоја власт е од Бога дадена и ние се прилагодуваме на препораките кои владеат во целиот свет“, вели отец Симиџиоски.

Со надеж во Спасителот ќе помине и ова зло. Ако не беше неговото страдање на големиот петок немаше да има и воскресение. До Спасовден до кога се поздравуваме со поздравот Христос воскресе се надевам дека ќе попуштат мерките и ќе се адаптираме на ситуцијата, напоменува отец Симиџиоски. Овој пат Богослужбите ќе се извршат со помалку луѓе како што вели Спасителот каде што сте 2-3 во мое име таму сум и јас. Молитвите ќе стигнат пред Бога .

„Да се радуваме затоа што нашата вера е жива во Воскресението на Христос и да се надеваме на подобри времиња кога светите храмови повторно ќе ни бидат полни и радосни да го славиме Бога во сите векови“, повикува отец Симиџиоски.

 

Отец Љупчо Симиџиоски , парохиски светштеник во цркват Св Никола Геракомија апелира до верниците кои сакаат да ја следат Богослужбата тоа да го направат преку медиумите од своите домови и да го отпеат тропарот за Христовото воскресение.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top