Ознака: празникот

Нема традиционалната скара за празникот на трудот

Post Views: 1 Охриѓани убавото сончево време на 1ви мај го искористија за прошетка со почитување на препораките од здравствените власти. Без групирање, најчесто семејства и рекреативци со велосипеди можеа да се забележат на источното крајбрежје. Денеска кај „Синдикални“ скоро празно.  Тивко и мирно, без жагор и  традиционалната празнична слика со бројни гости, реквизити за забава и тезги на кои се продаваа разни сувенири и бижутерија. Сигурно дека утре на 2 ри мај ќе се сврти и понекоја скара но најголем број од охриѓани ќе го поминат денот со богата трпеза во своите домови откако...

Continue reading

Српската заедница во Охрид го одбележа празникот Св. Сава

Post Views: 1 Стојмир Барач е еден од припадниците на српската заедница во Охрид и член на друштвото Коштана. Барач раскажува дека во Охрид е преку 5 децении, тука завршил училиште, се вработил, се оженил, создал семејство. Денес, празникот Св. Сава го одбележаа заедно со своите роднини, соседи пријатели со богата трпеза и музика. Раскажаува како Србите живеат во Охрид. „Српската заедница живее како сите граѓани во Охрид, ни добро ни лошо. Се снаоѓаме во ситуацијата такава како што е. Секој настојува да живее подобро и да му биде подобро. Тоа е исконски во човекот да се бори за подобро....

Continue reading

БОГАТА ПРОГРАМА ЗА ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ

Post Views: 9 Во рамки на програмата за одбележување на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Општина Охрид организира голем концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо, кој ќе се одржи во пресрет на празникот на 18-ти јануари со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. На 19-ти јануари на денот на празникот, со почеток во 10 часот на Градското пристаниште ќе се одржи голем црковно-народен собир по повод Богојавленскиот водосвет и традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Во насока на збогатување на содржините...

Continue reading

Општина Вевчани се подготвува за одржување на празникот Василица

Post Views: 1 Во Вевчани се прават последните завршни подготвки за одржување на традиционалниот Вевчански карневал на 13 јануари. Оваа вековна традицонална манифестација привлекува се поголем број гости во Вевчани за да бидат дел од карневалското случување. За претстојниот празник општината уште во текот на есента реализира бројни проекти и градежни зафати за да се подобри инфраструктурата. Завршени се градежните работи на мултифункционалната зграда, уличките се поплочени со камени плочи во должина од околу 1 км, а набавена е и нова механизација за зимско одржување на патиштата,...

Continue reading

Литургија по повод празникот „Св. Архангел Михаил“

Post Views: 1 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21. Ноември (четврток) 2019 година во манастирот „Св. Наум Охридски“ Охрид, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на св. архангел Михаил“. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Continue reading

Православните христијани денес го слават празникот Воздвижение на чесниот крст – Крстовден

Post Views: 1 Празникот Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Овој настан и се припишува на царицата Елена, мајката на цар Константин, основоположникот на Цариград (Константинопол). Првите три века по Христа не се знаело каде се наоѓа крстот Христов. Се претпоставувало дека е закопан во близината на неговиот гроб бидејќи според тогашните еврејски обичаи крстовите биле закопувани во близината на гробовите. Царицата Елена наредила да се копа околу гробот Христов но таму нашле три крста бидејќи во близината на Христовиот...

Continue reading

Литургии и настани по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“

Post Views: 10 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30. Септември 2019 година (понеделник), во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие). Во понеделник, 30-ти септември, во...

Continue reading

Православните христијани денес го слават празникот Голема Богородица

Post Views: 1 Станува збор за значаен христијански празник, не само кај православните, туку и кај католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28-ти август по стариот календар или 15-ти август по новиот календар. Црквата нѐ учи дека Марија, мајката Исусова, завршувајќи го текот на земниот живот на најсвет начин, била преземена со тело и душа во...

Continue reading

Традиционалната крводарителска акција за празникот Св. Климент

Post Views: 2 Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (четврток) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (петок) во периодот од 9-13 ч. Ги покануваме нашите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.

Continue reading

Традиционално продолжениот викенд за празникот Илинден го наполни Охрид

Post Views: 9 Летно лудило, традиционално за Илинденскиот викенд во Охрид се бара место повеќе. Фестивалите „Охрид колинг“ и „Гринбич“,атрактивните музички и настани на најпрестижната културна манифестација во земјава „Охридско лето“ , како и високите температури причина плус за  потполно исполнетите хотелските капацитети и приватното сместување..Генералната оценка на туристичките експерти е дека годинешната сезона е послаба во однос на лани, но деновиве во градот има задоволителен број туристи. „Годинешната туристичка сезона што се однесува до бројот на туристи може да се каже дека...

Continue reading

Богослужби по повод празникот „Ден на Светиот Дух – Духовден“

Post Views: 0 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 16. јуни 2019 година (недела), во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци) – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. 17. јуни 2019 година (понеделник) „Ден на Светиот Дух – Духовден“, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска...

Continue reading

Света архиерејска литургија по повод празникот „Св.свешт-мч. Харалампиј“

Post Views: 2 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 23. февруари 2019 година (сабота), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.свешт-мч. Харалампиј“ со почеток во 8.45 часот. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top