Нема традиционалната скара за празникот на трудот

Охриѓани убавото сончево време на 1ви мај го искористија за прошетка со почитување на препораките од здравствените власти. Без групирање, најчесто семејства и рекреативци со велосипеди можеа да се забележат на источното крајбрежје.

 |   | 

Охриѓани убавото сончево време на 1ви мај го искористија за прошетка со почитување на препораките од здравствените власти. Без групирање, најчесто семејства и рекреативци со велосипеди можеа да се забележат на источното крајбрежје.

Денеска кај „Синдикални“ скоро празно.  Тивко и мирно, без жагор и  традиционалната празнична слика со бројни гости, реквизити за забава и тезги на кои се продаваа разни сувенири и бижутерија.

Сигурно дека утре на 2 ри мај ќе се сврти и понекоја скара но најголем број од охриѓани ќе го поминат денот со богата трпеза во своите домови откако во 14 часот ќе стапи на сила полицискиот час.

„Во дозволеното време ќе излеземе во природа, на дозволена дистанца. Ќе прошетаме малку и потоа се знае, назад дома. “ -вели една охриѓанка

„Јас ќе одам во природа да прошетам и после дома ќе одам да се одморам. И ќе чистиме со мама“ – кажува за ТВМ едно 10 годишно момче.

„Дома ќе си седиме како што треба. Нега го спојат што побрзо да се куртулиме од вирусот. Ако не се пазиме сами ништо нема да постигнеме. Има време за шетање, ќе шетаме. Нека заврши ова. “ – вели една пензионерка.

Владата  донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на Првомајскиот продолжен викенд. На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, забраната за движење во целата држава  почнува во 14 часот и  трае до 5 часот наутро следниот ден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top