Ознака: порта

spor varos

Демант на веста „Драма на сред чаршија во Охрид“

Post Views: 4 Во демантот стои „а) Објектот од Мишеви, за којшто станува збор, е изграден по однос на рушење на два стари дуќани коишто 1961 година им беа продадени од наша страна. б) Во купо-продажниот договор експлицитно е наведено, цитираме, “ја продаваме катастарската парцела бр.2229/3 од општо 73 кв.метри, со тоа што јас запазувам и непродавам единствениот улаз за мојата куќа изградена на КП бр. 2229/1 во ширина од 1,5 метри, а кој влез поминува преку продаденото празно место на КП бр.2229/3 од југозападната страна на парцелата, така да овој влез сврзува дворот на мојата куќа...

Continue reading

leten soobrakjaj

Летниот сообраќаен режим во стариот дел на градот со неколку измени

Post Views: 6 Летниот сообраќаен режим во стариот дел на градот со неколку измени. Според секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека во овогодинешниот летен сообраќаен режим, тие ги вметнале сите барања на жителите од стариот дел на градот. Спасески вели дека во комуникација со граѓаните од овој дел на Охрид, добиле сознанија дека тие се задоволни од тоа како функционира сообраќајот во овој период од летото. Спасески информира дека биле направени неколку измени. „Улицата која води од Горна порта до маркетот ДОН, согласно новиот сообраќаен режим е двонасочна улица. Тоа...

Continue reading

plostad

Четири години празни ветувања

Post Views: 1 И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште тогаш започнаа реализација на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор. Вие знаете дека Советот изгласа и изградба на споменик на Христо Узунов кој ќе биде поставен токму на ова место.  Постојано сме во комуникација со директорката на Завод и музеј...

Continue reading

drvo

Надвисната гранка опасно демне над паркинг простор

Post Views: 8  Повеќе од два месеци скршена гранка е  надвисната  врз паркинг просторот  во близина на Горица 3. Гранката е сериозна опасност за капачите кои доаѓаат на плажата и ги паркираат возилата без да ја забележат. Оштетените гранки и дрвја ги отстрануваат службите на комуналец, но  само со дозвола од комисијата од одделението за животна средина,  кажува директорот на комуналното претпријатие Сашо Алче. „Проблем се дрвата кои се  наоѓаат на површини кои се во приватна сопственост без разлика дали станува збор за правни или физички лица. Јавното претпријатие нема право да...

Continue reading

Cvetko Grozdanov

Академик Цветан Грозданов ја отвори душата

Post Views: 5 Традиционалното признание кое го доделува „Лајонс клуб – Охрид“, во рацете на академик Цветан Грозданов. „Кога ќе споменете Горна Порта за мене како историчар на Охрид помеѓу другото оваа порта има свое и историско и уметничко значење. Јас долго го проучувам Охрид, затоа што тоа ми е опсесија. Повеќе од задоволем сум што Лајонси се сетија на мене и со оваа награда ме почестија“, изјави академик Цветан Грозданов по примањето на наградата. „Овдека сретнав една генерација, нова генерација на млади охриѓани, интелегентни, пробивни, продорни, образовани кои ја знаат својата...

Continue reading

promocija

Промовирана книгата за Св. Јован Владимир

Post Views: 2 Јован Владимир, зетот на Цар Самоил за неговата ќерка Косара, кој подоцна е прогласен за светец, најверојатно бил убиен во Охрид, а не во Преспа како што досега се веруваше. Ова научна теза е изнесена во книгата „Св.Јован Владимир“ од д-р. Миле Миќуновиќ, која по повод 20-годишнината од осамостојувањето на Македонија, денеска беше промовирана во Охрид. Дејствието кое го истражувал Мичуновиќ се одвивало пред 1000 години. Во книгата се опишува дека Косара и Св. Јован Владимир биле претходници на Ромео и Јулија, поточно дека Шекспир својата најпозната драма ја напишал...

Continue reading

toaleti

Поставени подвижни јавни тоалети

Post Views: 38 На шест локации во градот се поставени 24 јавни мобилни тоалети. Граѓаните и туристите ќе може да ги користат на локациите кај Горна Порта, во центарот на градот , во близина на мостот, кај  спортско рекреативниот центар Билјанини извори. После долго време секторот за урбанизам најде соодветни места на кои постави јавни тоалети и со тоа реши еден сериозен комунален проблем. Долго време Охрид беше град без јавни тоалети, а тоа секако  не доликува на еден туристички центар. Тоалетите иако се од привремен карактер сепак ќе го решат донекаде овој комунален недостаток....

Continue reading

nagrada Gorna Porta

Љупчо Константинов прв добитник на признанието „Горна Порта“

Post Views: 5 Тој додаде дека сите награди кои ги има во своите витрини му се доделени на музички и театарски фестивали, меѓутоа да добие награда за животно дело, досега немал прилика. Константинов истакна дека со забавната музика сериозно почнал да се занимава кон крајот на 60-те и почетокот на 70-те, на сцената на Скопскиот фестивал, на која како што вели,  сите ние се афирмиравме. „И јас понекогаш се чудам дека толку многу проекти сум успеал да ги реализирам како соработник пред се, бидејќи јас пишувам применета музика, музика за театар, филм и телевизија“, потенцира Константинов. Охриѓанецот...

Continue reading

Lajonsi

Лајонсите од Охрид, ја доделуваат „Горна Порта“

Post Views: 4 Лајонсите од ЛК – Охрид, од оваа годна го доделуваат признанието „Горна Порта“. Станува збор за награда која ќе се доделува на поединци, организации или здруженија, кои со својот професионален или приватен ангажман придонеле во сферата на хуманизмот, културата, науката и уметноста, несебично промовирајќи граѓански вредности. Претседателот на Лајонс клубот „Охрид“ од Охрид, Ангел Јанев вели дека идејата за наградата потекнува од членовите на овој клуб, односно од проект менаџерот Драган Спасески – Охридски, додека името на наградата и го дал лајонистот Драган Гоџо. Што...

Continue reading

Dolna porta

Ново oткритие кај Долна Порта

Post Views: 5 Уште еден белег по кој Охрид ќе биде препознатлив. На цитаделата кај долна порта ново откритие. Санацијата и реставрацијата на бедемските ѕидини на Самоиловата тврдина , продолжува со забрзано темпо. Реставрацијата се спроведува во фази, зависно од стредствата добиеми од министервото за култура, велат од завод и музеј. „Долна потра била од огромно значење за некогашен Охрид“, вели Паскали. „На ова место пронајдена е уште една кула, која е со многу поголеми димензии од оваа која што во моментов се реставрира.Од завод и музеј најавуваат нејзина санација и доиздрадба...

Continue reading

Повторно злато кај Горна Порта!

Post Views: 1 Најголем дел од остатоците пронајдени во 17 гробови, датираат од македонско-хелинистичкиот период, односно некаде од 5-ти век пред нашата ера, потврдија од упрвата за културно наследство. Пронајдоците се од непроценлива вредност како за Македонија, така и за археолошката наука воопшто, истакна директорот на Управата за заштита на културното наследство, археологот Паско Кузман.Тој појасни дека на локалитетот помеѓу Горна порта и црквата „Света Богородица Перивлепта“ во кратко време се откриени 17 гробови, од кои најголем дел се од македонско-хелинистичкиот период, односно...

Continue reading

Археолошко oткритие кај Горна порта

Post Views: 8 Вредно археолошко откритие откопано кај локалитетот Горна Порта. Од управата за културно наследство го потврдија случајот, но не откриваат детали. Големо археолошко откритие пронајдено е денеска на локaлитет кај Горна порта. На местото каде што се смета дека е пронајден значаен артефакт присутна е бројна археолошка екипа која ја предводи директорот на управата за заштита на културното наследство и археолог Паско Кузман. Надлежните само потврдуваат дека навистина станува збор за голем пронајдок, но не сакаат  да откријат за што станува збор. Дека кај Горна порта е пронајдено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top