Промовирана книгата за Св. Јован Владимир

Јован Владимир, зетот на Цар Самоил за неговата ќерка Косара, кој подоцна е прогласен за светец, најверојатно бил убиен во Охрид, а не во Преспа како што досега се веруваше. Ова научна теза е изнесена во книгата „Св.Јован Владимир“ од д-р. Миле Миќуновиќ, која по повод 20-годишнината од осамостојувањето на Македонија, денеска беше промовирана во Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
promocija
промоција

Јован Владимир, зетот на Цар Самоил за неговата ќерка Косара, кој подоцна е прогласен за светец, најверојатно бил убиен во Охрид, а не во Преспа како што досега се веруваше. Ова научна теза е изнесена во книгата „Св.Јован Владимир“ од д-р. Миле Миќуновиќ, која по повод 20-годишнината од осамостојувањето на Македонија, денеска беше промовирана во Охрид.

Дејствието кое го истражувал Мичуновиќ се одвивало пред 1000 години. Во книгата се опишува дека Косара и Св. Јован Владимир биле претходници на Ромео и Јулија, поточно дека Шекспир својата најпозната драма ја напишал како резултат на приказната која ја слушнал за Косара и Св. Јован Владимир.  Овој податок за прв пат е изнесен во книгата, а покрај тоа Мичуновиќ истражил и напишал уште многу други работи кои се објавуваат за прв пат.

„Нешто што е нова тоа е дека за прв пат во Тирана ги допрев моштите што е запишано во книгата. Објавени се за прв пат, а  ново е и тоа дека досега се сметало дека е убиен во Преспа, а имам интересни факти дека е убиен во Охрид во челничката црква горе, затоа таа и ден денес не работи ни за погреб, ни за кршетвка, ни за венчавка. Се одржава но не е активна“, вели авторот на книгата „Св.Јован Владимир“, др. Миле Мичуновиќ.

Мичуновиќ со задоволство раскажа и како и зошто започнал да истражува за Св Јован Владимир и како настанала книгата. Тврди дека од некоја виша сила бил избран да пишува за Св. Јован Владимир.

promocija„Тргнав во Тирана за да прегледам 10 пациенти, таму дојдов, немаше пациенти, Јован Владимир ги спречил да дојдат, за да одам да ги видам неговите мошти. Влегов во соборната црква, свештеното лице ми рече дека нема мошти. Бев упорен, излегов од цркавата се упатив кај владиката и таму се препиравме нема-има … Му кажав кој сум што сум дека сум доктор и ми ги покажа моштите и од кога ги допрев тргна целата приказна. Тоа треба човек да го почувставува , а јас  почувствував , како да ме допре душата на Св. Јован Владимир, тоа беше специфичен момент и одтогаш почна се“, вели Мичуновиќ .

Авторот на книгата додава дека секаде каде што отишле да истражуваат наишле на ширум отворени врати. Раскажа и за необичната случка во еден манастир во Македонија каде кога влегле биле пречекани од свештеникот која уште од влезната порта им се обратил дека одамна ги очекуваа, при тоа необјаснувајќи кој ги чека и кој им кажа дека доаѓаат.

Sv velikomacenik Jovan Vladimir

„Книгата на Мичинувиќ е реткост која се појавува во Македонија. Во неа професорот донесува новини кои досега не беа познати, а се обелоденија благодарение на неговите теренски испитувања“ истакна промоторот на книгата проф.д-р Стојан Ристески.

„ Особено е интересна судбината на Јован Владимир, неговото убиство за што со точност не се знае дали е во Преспа или во Челница“, вели промоторот проф. д-р Стојан Ристески.

„Ваква документација, ваква книга не е напишана на балканските простори“, рече за делото на Мичуновиќ, неуморниот трагач по нашата историја и човекот кој ги истражуваше пештерските цркви – Гоце Ангеличин Жура. Тој раскажа за иконата која ја откриле десетина дена од како книгата била дадена за печатење.

„ Во долниот дел на четири пет насликани икони го видовме Св. Јован како Охридски. Со тоа се потврдува дека е инсигниран како Охридски. Инаку сите ја фалеле само Горна порта, а таа била споредна. Главната порта била Челна потра“, вели промоторот Гоце Ангеличен Жура.

Најновото научно дело на еминентниот хирург И истражувач, д-р Миле Миќуновиќ е отпечатено на македонски и англиски јазик. Според стручната јавност тоа ја пополнува празнината што во науката постоеше во врска со животот и делото на Св. Јован Владимир, кон кого особен култ постои во Македониаја, Албанија, Црна Гора, Србија и во Грција.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top