Ознака: попреченост

Poraka Nova-ograbena

За една година три вандалски чина

Post Views: 4 Трет вандалски чин во рекреативниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Нова“ со кој се одземени преостанатите технички нагледни средства кои ги преживеаја првите два грабежи. Во првиот случај кој се случи минатата година мета на крадците беа инвалидските колички, вториот пат беа одземени технички нагледни средства во вредност од околу осумдесет илјади денари, за со овој последниот им е одземено се што им останало од опремата. „Срамота е и не знам како луѓето се осудија да крадт од центар за лица со интелектуална попреченост. револтирано вели Анита...

Continue reading

poraka- krazba

Човековата алчност не знае за граници

Post Views: 5 Втор вандалски чин во рекреативниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Нова“. Во првиот случај мета на крадците беа инвалидските колички, за да овој пат, од просториите на ова здружение, крадците однесат техничка роба во вредност од околу осумдесет илјади денари. Од центарот згрозени. „Срамота е и не знам како луѓето се осудија да крадт од центар за лица со интелектуална попреченост. Првиот пат беа украдени колички и не знам кому би му затребале и не ни сакам на некој да му затребаат, револтирано вели Анита. Гагоска информира дека најверојатно крадците...

Continue reading

Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Post Views: 6 По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии Порака Нова од Струга организира настан за одбележување на денот насловен како Инклузивна Уметност, кој ќе се одржи во четврток, 03/12/2015 во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид, со почеток од 18:00 часот. Настанот се организира во соработка со Здружението на слепи од Охрид, Здружението на слепи од Струга, Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, Здружението на глуви и наглуви од Струга,...

Continue reading

zraci

Охрид ќе добие поголем Центар за лица со интелектуална попреченост

Post Views: 1 Во рамките на центарот ќе бидат згрижени и лицата со аутизма. Државата за оваа година не може да обезбеди вработувања за стручни лица кои ќе работат со овие лица, но затоа општината е подготвена финансиски да помогне да се ангажираат стручни лица за потребите  на центарот. Прифатена предлог одлуката  Охрид  да добие поголеми простории за функционирање  на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост. Во рамките на тој центар ќе бидат згрижени и лицата со  аутизам. Просториите ќе бидат сместени во ОУ Братство Единство на 210 метри квадратни.  Владата во...

Continue reading

finalen festival

Сработеното на дело

Post Views: 10 Во Струга одбележан меѓународниот ден на лицата со попреченост. Стручниот тим заедно со децата членови на организацијата „Порака нова“,по тој повод денес, го одржаа финалниот фестивал. Тие, преку игра, песна, слика и театарска уметност, докажаа дека кога се сака се се може. Претседателот на организацијата „Порака Нова“, Соња Маџоска кажа збор два околу подготовките за завршниот настап на лицата со попреченост. Маџоска ја потенцира и големата важност на денешното одбележување на меѓународниот ден на лицата со попреченост, од аспект на децата. Според неа премалку е во...

Continue reading

avstraliska ambasada

„ Охрид без бариери за лицата со попреченост“

Post Views: 10 „ Охрид без бариери за лицата со попреченост“. Овој проект општина Охрид го реализира во Дневниот центар „ Зраци“ со грант од Амбасадата на Австралија во Белград. Проектот денес беше промовиран во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Австралија, Џулија Фини на јавна трибина на која учествуваа и лица со попреченост во развојот. Активностите од проектот се одвиваат во Дневниот центар „Зраци“ каде основната цел е социјална инклузија и дневна грижа на лицата со попреченост, подобрување на нивниот психосоцијален развој преку креативни активности...

Continue reading

zraci

Дневниот Центар „Зраци“ доби грант од 5200 евра

Post Views: 9 Грант во висина од 5 200 евра доби Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Зраци“, Охрид, од страна на Австралиската амбасада од фондот за директна помош. Овие парични средства се значителна помош за Центарот посебно за неговото секојдневно функционирање истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Апликацијата за овој грант ја направиле службите на Секторот ТЛЕР во соработка со амбасадата. „Дел од средствата ќе бидат искористени за работно ангажирање на вработените односно за плати, понатака ќе бидат организирани екскурзии за децата и за родителите кои...

Continue reading

Anastazija

Љубовта не ги брои хромозомите

Post Views: 1 Тие се секогаш насмеани, со исти потреби да бидат сакани и прифатени. Потребна им е поголема поддршка од општеството и да бидат признаени како еднакви без дискриминација врз основа на попреченост. Лицата со Даунов синдром неизмерно и несебично ја даруваат својата љубов. Денес на 21 март Светскиот ден на лицата со Даунов синдром барем за миг треба да се запрашаме дали правиме доволно како поединци и општество за нив. Нашата сограѓанка Анастазија е весело и комуникативно дете, сака музика, зборува шпански, не се плаши од вода, го сака езерото. Секогаш е насмеана и ведра....

Continue reading

Завршените деветоодделенци со попреченост за прв пат преку инклузија ќе може да продолжат во средно образование

Post Views: 2 Средните училишта со инклузија ќе запишуваат ученици со попреченост од оваа учебна година. За прв пат ова е овозможено со новите законски измени за средно образование. Зa овие ученици ќе се обезбеди образовен асистент. Валентина Златаноска од Здружението на родители на деца со попреченост „Тајните на моето срце“ ја поздравува оваа новина, но споделува дека имаат и резерви како инклузијата ќе се одвива во пракса. Во моментов завршените деветоодделенци од нивното здружение покажале интерес за да го продолжат своето образование во регионалниот центар за стручно образование...

Continue reading

poraka nova

Отворен рекреативниот центар за лицата со интелектуална попреченост

Post Views: 1 Во Струга овој центар ќе функционира во склоп на дневниот центар Порака Нова и е дел од проектот финансиран од страна на Европската унија, насловен како „Дозволете да развиваме нови вештини.“ Лицата со интелектуална попреченост од Струга и Вевчани ќе можат да го минуваат своето слободно време во новиот рекреативен центар. Овој центар е дел од проектот „Дозволете да развиваме нови вештини“ со средства од ЕУ и Европскиот инструмент за демократија и човекови права. Имплементација на проектот трае од декември 2005-та година и се очекува да заврши пред крајот на оваа година....

Continue reading

dneven centar

Одбележување на Светскиот ден на лицата со попреченост, во дневниот центар „Зраци“

Post Views: 2 Дневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост , „Зраци“ од Охрид веќе дванаесетта година функционира на територијата на општината и во него се опфаќаат адолесценти и возрасни лица со интелектуална попреченост. Сместен во призмените простории на О.У „Братство-единство“ и обезбедува подршка на лицата на дневна основа, обука за усвојување и усовршување на вештини за самостојно живеење, работно окупациони програми, образовни програми и социјални активности  за лицата со интелектуална попреченост. Утре  на Светскиот ден на лицата со попреченост,во просториите...

Continue reading

Во тек е постапката за инклузија на основците со попреченост во наставата со помош на образовни и лични асистенти

Post Views: 0 Со уписите во прво одделение тече и постапка за инклузија на основците со попреченост со помош на образовни и лични асистенти од 1 до 9 одделениe. Во општините Охрид и Дебрца досега има 25 барања од основци за помош од образовни и лични асистенти со проектот кој почнува во основното образование од учебната 2021/2022 година, вели Наташа Танеска, директор на ОУ Св. Климент Охридски. Ова општинско основно училиште е центар за поддршка на југозападниот регион на битолскиот Регионален центар Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух и вид. Од вкупниот број на пристигнати...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top