Ознака: попреченост

Проекти за полесна пристапност до општинската зграда за лицата со попреченост дел од програмата на Георгиески

Post Views: 1 Проекти за полесна пристапност на лицата со попреченост до општинската зграда, најави Рената Арнаудова од ЛДП , на прес конференција на која презентираше дел од изборната програма на Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од СДСМ. Арнаудова најави адаптација на општинската зграда со поставување на лифт со платформа за лицата со попреченост и опремување на салата со посебни пултови за инвалидски колички. За потребите на учениците со попреченост од ОУ Св. Климент Охридски, пак ќе се набави електромоторен транспортер за инвалидски колички. „ Планираме да изработиме...

Continue reading

crtezi

Триесет години успешна приказна

Post Views: 2 Игор, Јасе, Деа, Нури, се само некои од штитениците на Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга кои поголемиот дел од денот го минуваат токму тука. Оваа организација е формирана во 1984-та година, од страна на група родители кои имаат деца со посебни потреби, конкретно со интелектуална попреченост и оттогаш непрекинато функционира. На почетокот Порака  функционира како социјален клуб, во кој се одвивале одредени активности, дружења, екскурзии, за да во 2005-та година, со помош на...

Continue reading

Меѓународниот ден на лицата со попреченост уште една можност за да се кажат проблемите со кои се соочуваат

Post Views: 8 Проблем со паркинг места, пристапни патеки до јавните установи и институции, немање толкувачи се само дел од проблемите кои и оваа година лицата со попреченост ги истакнаа на одбележувањето на Меѓународиот ден. Здружанието на инвалиди на трудот од Охрид и Општина Дебрца го посети градоначалникот Јован Стојаноски кој ги сослуша забелешките и потребите на лицата со попреченост и вети дека Локалната ќе направи напори да помогне во нивното решавање. Ова што го организиравте денес е една извонредна прилика да се видиме и вие да се дружите и да си размениме одредени мислења,...

Continue reading

defektolozi

Наместо дефектолози, педагози и психолози

Post Views: 15 И покрај напорите што ги прави општеството последниве години за интеграција на луѓето со Даунов синдром, од она што го видовме на терен – резултатите се дискутабилни. Инклузијата се спроведува стихијно, а постојат низа проблеми и во системот на здравствена и социјална заштита. Инклузијата на децата со попреченост, вклучувајќи ги и децата со Даунов синдром, се спроведува само на ниво на одлука редовните училишта да запишуваат и деца со пречки во развојот, бидејќи нема вработени дефектолози што би им асистирале при наставата. Некои родители инклузијата ја финансираат...

Continue reading

brail

Преку прирачник со Браилова азбука, полесно до работа

Post Views: 14 Сто и педесет прирачници за стратегии за барање работа на Браилова азбука од вчера ќе им бидат достапни на лицата со оштетен вид и слепите лица кои сакаат да се вработат. – За да им помогнеме при вработувањето, денеска промовираме прирачник преку кој младите луѓе со оштетен вид ќе може да се запознаат со стратегиите за барање работа, истакна на промоцијата министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Тој додаде дека ова е прв прирачник од ваков вид во земјата кој е напишан на Браилово писмо, во кој има информации за подготовка на кариерно портфолио, изработка...

Continue reading

Poraka Nova

Порака Нова ги крши бариерите меѓу општеството и лицата со Даунов Синдром

Post Views: 7 Да се отстранат заблудите, граѓаните да се информираат и да знаат што е тоа Даунов синдром и кои се потребите на лицата со оваа состојба. Ова беше целта на денешните активности кои ги спроведе струшкиот центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост „Порака Нова“. Анита Гаговска, проект менаџер во оваа невладина организација, вели дека се работи интензивно на информирање на јавноста дека Дауновиот синдром не е болест, туку состојба која не е пренослива, а дека лицата со оваа состојба се лица кои сакаат да се дружат, да учат, да имаат...

Continue reading

Денот на лицата со попреченост одбележан и во Струга

Post Views: 14 Со низа манифестации денес во Струга се одбележа 3-ти декемеври Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На настанот под мотото „Слушнете ги нашите приказни“ беше промовирана и книгата „Клуч“ посветена на лицата со попреченост. Драма која ги охрабрува да не се откажуваат од целта, бидејќи без оглед на инвалидитетот тие може да постигнат успеси.   Книгата е приказ на секојдневниот живот на лицата со попреченост, но и на сите бариери со кои тие се справуваат. Секогаш кога сакаме нешто да постигнеме тоа не е невозможно еве како ќе успеам. Секогаш можеме да успееме...

Continue reading

Лицата со попреченост поблиску до остварувањето на своето право на глас

Post Views: 2 Лицата со попреченост поблиску до остварувањето на своето право на глас. Многупати досега поради нивниот хендикеп некои од нив не гласаа, а со тоа остануваа надвор од општествените текови. Затоа Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива во соработка со Државна Изборна Комисија, во рамките на Проектот Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес, одржува регионални работилници на кои ги обучува членовите на ДИК како да им помогнат на лицата со попреченост при нивното гласање, а воедно да не бидат дискриминирани. ДИК и...

Continue reading

„Слушнете ги нашите приказни“ по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Post Views: 6 По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, на 3-ти декември 2021 година во 14 часот во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи настанот „Слушнете ги нашите приказни“.  Настанот е во организација на Порака Нова, Здружение на слепи лица Струга и Здружение на глуви и наглуви лица Струга.  Овогодинешната порака на МДЛП е „Лидерство и учество на лицата со попреченост во создавање на поинклузивен, попристапен и поодржлив пост-Ковид19 свет”. Моменталната светска популација е нешто повеќе од 7 милјарди луѓе, од кои повеќе од...

Continue reading

Семејствата на лица со попреченост на локално ниво се соочуваат со голем број проблеми

Post Views: 4 Семејствата на лица со попреченост на локално ниво се соочуваат со недоволни социјални, здравствени и образовни услуги. Ова го покажува извештајот „Од закон до реалност“ на Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината Птица – Скопје“, по истражувањето спроведено во три општини низ Македонија – Охрид, Боговиње и Берово. Целта на проектот е јакнење на капацитетите на семејствата кои имаат деца со попреченост. Истражувањето е направено преку фокус групи, каде низ директните сведоштва на родителите се пренесени условите и проблемите со кои се соочуваат...

Continue reading

seminar

Дефицит на дефектолози во Струга

Post Views: 3 Само еден дефектолог на подрачјето на општина Струга се справува со децата кои имаат посебни потреби. Овој податок навистина е загрижувачки, со оглед на тежината на работата со која се соочуваат ваквите стручни лица. На територијата на општина Струга има голем број на деца со посебни потреби и еден дефектолог невозможно е да се справи со нив, вели Благица Чочороска, дипломиран дефектолог. Потребите на лицата со посебни потреби се големи и комплицирани, вели Мустафа Калиќи, директор на Општинското основно училиште од селото Октиси. Тој додава дека и покрај нивниот максимален...

Continue reading

За лицата со попреченост ќе има приоди на улиците на кои во тек е реконструкција

Post Views: 2 Охриѓани заинтересирани дали лицата со инвалидитет ќе може да се движат без потешкотии на трите градски улици на кои се изведува реконструкција. Прашуваат дали на улиците 15ти Корпус, Абас Емин и Јане Сандански ќе има непречен пристап за лицата со инвалидитет. Општина Охрид внимава на почитување на законските прописи. Нема место за импровизации во проектите за подобрување на патната инфраструктура бидејќи градежните зафати  се изведуваат според највисоките стандарди, вели Томе Џамтоски, општинскиот портпарол.    Тоа подразбира непречено одвивање на сообраќајот за моторни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top