Ознака: поддршка

pretpriemaci

Младите охриѓани се запознаваа со можностите за отворање на сопствен бизнис

Post Views: 1 Младите охриѓани се запознаваа со можностите и поволностите за започнување на сопствен бизнис. Денешната обука која ја спроведуваше фондацијата „Бизнис Старт Ап Центар“ од Битола, заедно со Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид и Агенцијата за вработување произлегла како резултат на реалните потреби на младите од Охрид за нивно самовработување и отпочнување на некој бизнис. „Бизнис Старт Ап Центарот“ од Битола е фондацијата која во рамките на оваа обука им нуди реална поддршка на микро и малите претпријатија. Од битолската фондација велат дека најнапред...

Continue reading

кристијан џамбазоски

Нови ветришта ќе дувната во Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

Post Views: 3   Кристијан Џамбазоски, новиот директор на Агенцијата за и поддршка и промоција на туризмот најави нов начин на работа на ова тело. Тој кажа дека ќе се применат старите начини на промовирање на туристичките вредности на државава како што се саемите, но ќе се изнајдат и нови форми. Целта е да се направи спој помеѓу класичното и модерното. Џамбазовски вели дека моменталната состојба во агенцијата не е сјајна. Ќе треба време и заеднички ангажман за да се надминат проблемите кои се јавија посебно во изминатите пет месеци кога практично немеше директор на агенцијата бидејќи...

Continue reading

Реконструкција на локални патишта во Општина Дебрца со финансиска поддршка од Светска Банка

Post Views: 2 Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта ”, кој се реализира од Министерството за транспорт и врски, со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проектот: “Реконструкција на патниот правец село Злести-село Белчишта ( врска со регионален пат ) и изградба на обиколница околу село Злести”, како продолжение на патниот правец село Лешани-село Злести, во вкупна должина од 2121 метри. Проектот е одобрен и на 10 Март преку Министерството за транспорт и врски е објавен вториот тендер...

Continue reading

RK Ohrid 2011

РК „Охрид 2011“ во сигурни раце

Post Views: 28 Локалната самоуправа на Охрид им даде силна поддршка на охридските ракометари за влез во ракометната супер лига.  „Нормално беше да се прифати понудата од Ракометната федерација на Р. Македонија, на местото од РК Струга, во супер лигата да влезе охрисдкиот РК, и затоа со финансиска инекција од 25 илјади евра до помогнавме РК „Охрид 2011“, вели првиот човек на градот Никола Бакрачески. Тој додаде дека реализацијата на оваа финансиска поддршка следи како резултат на пошироката координација со спортските работници и со вклучувањето на бизнис заедницата.  „На општо задоволство...

Continue reading

директор

Кристијан Џамбазовски нов директор на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот

Post Views: 0 Агенцијата за развој и поддршка на туризмот доби нов директор. На чело на оваа Агенција, а на местото на досегашниот директор Јордан Трајков,  сега е назначен Кристијан Џамбазовски. По  пет месеци од поднесувањето на оставка на Јордан Трајков, сега туристичката фела во регионов  очекува нов ветар на позитивни промени. Претседателот на Хотам, а воедно и член на Советот на Агенцијата, Дончо Танески укажува на досегашното ниско ниво на соработка со екс директорт Трајков, на слабата реалицазија на плановите, лошите ефекти и слабиот бенефит во туризмот. „Во февруари и март...

Continue reading

logo

Кој ќе добие подршка од ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 3 Дополнително ќе пресече централната власт. Од партијата очекуваат дека после изборите во Струга ќе добијат влијатено место во политичкиот систем. Подршката на струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ ќе биде одлучивачки за тоа кој ќе седне на градоначалничката фотеља во Струга. Гласовите кои ги освои оваа партија  во првиот круг ќе бидат од големо значење и за двајцата кандидати, вели Славко Котески. Засега, сеуште нема инструкции од централната власт, каде ќе одат гласовите кои членовите и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ ќе ги дадат во втората изборна трка. Котески вели оти после...

Continue reading

ruralen razvoj

Конечно во Охрид ќе заживее и руралниот туризам

Post Views: 0 Охридскиот регион со езерото, високите планински масиви, реките и чистиот воздух, живописните селски населби со домаќинства, со влез на инвестиции, се смета за подрачје со висок потенцијал што треба да се искористи, за развој на руралниот туризам. Токму поради тоа министерот за земјоделие Љупчо Димовски на средбата со охридскиот градоначалник Никола Бакрачески вети владина помош за развој и поддршка на руралниот туризам „Ние со општина Охрид во делот за развој на туризамот не би  можеле да имаме некоја конкретна соработка, но во делот на руралниот туризам во селата околу...

Continue reading

dimoski

Владина поддршка за охридското земјоделие

Post Views: 3 Владина поддршка за охридското земјоделие со 25 милиони евра. Станува збор за прва сериозна соработка на Локалната самоуправа со министерството за земјоделие, која се состои во реализација на три мерки, изградба на откупен центар наменет за овошни насади со посебен акцент на охридската цреша, забрана за користење на пловните објекти во одреден временски период и поддршка на руралниот развој. Министерот Љупчо Димоски, убедува дека од денешната средба со градоначалникот Бакрачески најмногу добиваат охридските земјоделци. „Досега ја немавме таа можност да соработуваме со...

Continue reading

mleko

Субвенциите за млеко, се мала но добредојдена подршка од владата

Post Views: 3 Цената и нередовниот откуп на млеко, се проблемите со кои најчесто сесоочуваат млекопроизводителите во струшкиот регион. Неодамнешната млечна криза негативно се одрази и врз млекопроизводителите во струшкиот регион. тие реагиираат на нередовното откупување на млекото  и на цената по која им се исплаќа истото. „Откупот на млекото е многу слаб, цената ниска. Според нас, таа би требало да изнесува од 18-20 ден за литар, а сега е околу 15-16 денари, скоро разочарувачка„- вели Зоран Затуроски, мелкопроизводител. Забелешките и незадоволството, млекопроизводителите секојдневно...

Continue reading

sportisti

Спортистите ги споделија спортските маки со градоначалникот Бакрачески

Post Views: 1 Спортистите од Охрид заедно со Сојузот на спортови ги споделија своите маки со градоначалникот Никола Бакрачески. Целта на денешната средба според градоначалникот е да се стави фокусот врз најчестите проблеми и пречки на кои наидуваат спортските друштва при вршењето на нивните редовни спортски активности во текот на една сезона. Најави поинтензивна соработка со спортските работници. „Она што јас како градоначалник на Охри и како локална самоуправа можам да кажам е дека ваквите средби во иднина ќе бидат многу чести. Ова ќе биде начинот на кој ние комуницираме со јавноста,...

Continue reading

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот најавува втор дел од кампањата „Дома си е дома“

Post Views: 4 Од 15 март ќе стартува промотивна кампања за Лето 2021. Според стратешкиот план на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се планира отворањето на Македонскиот туристички сектор во три дела, информира Љупчо Јанески, директорoт на Агенцијата. Продолжува вториот дел од кампањата „Дома си е дома“,а ќе има промоции во повеќе земји, каде што имаме можност да патуваме и да ни дојдат гости, вели Јанески. Тоа се земјите од регионот и традиционалните пазари како што се Полска и Турција, а дополнително ќе има туристичка кампања и во земјите со кои ќе се воспоставуваат...

Continue reading

Охридските работници од културата и актерите дадоа поддршка на колегите од струмичкиот театар

Post Views: 3 Охридските работници од културата и актерите дадоа поддршка на колегите од Струмица. Денеска излегоа на протест со што се приклучија кон иницијативата Култура или фискултура и барањата за промени на состојбите во културата.Актерот, Никола Тодороски, изјави дека нивните колеги од струмичкиот театар се соочиле со проблем кој се третира како административен недостаток, а за жал е нус појава на нефукционалнионалност на институциите во културата, во изборот на вистински лидери на културните институции за да ги менаџираат во вистинскиот правец. „Да се престане со делење на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top