• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот најавува втор дел од кампањата „Дома си е дома“

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот најавува втор дел од кампањата „Дома си е дома“


Ветуваат промоции и на странските пазари. Во туристичката сезона 2021 година се очекува сепак поголем процент домашни гости да летуваат на охридското крајбрежје.

 |  Валентина Неловска  | 

Од 15 март ќе стартува промотивна кампања за Лето 2021. Според стратешкиот план на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се планира отворањето на Македонскиот туристички сектор во три дела, информира Љупчо Јанески, директорoт на Агенцијата. Продолжува вториот дел од кампањата „Дома си е дома“,а ќе има промоции во повеќе земји, каде што имаме можност да патуваме и да ни дојдат гости, вели Јанески. Тоа се земјите од регионот и традиционалните пазари како што се Полска и Турција, а дополнително ќе има туристичка кампања и во земјите со кои ќе се воспоставуваат авионски летови.

Приоритет е во 2021 година да создаде услови за зелени зони со Холандија , таа е првата туристичка дестинација која е многу значајна за анса, а и поголемите тур оператори кои ќе се обидеме да ги донесеме под одредени услови во 2021 во број кој ќе е мотивирачки за нас како туристичка дестинација и поголем број на туристи на нашите дестинации во 2021 година“.

Хотелиерите работаат со големи загуби, како резулата на пандемијата и  минатото лето  и оваа зима. Се надеваат ова лето подобра туристичка сезона. Поголем девизен прилив се очекува од странските гости, но голема е неизвесноста при продажбата на туристичките аранжмани на странските пазари со оглед на глобалниот тек на пандемијата.

„Во ваква состојба не е сигурно како ќе оди продажбата на аранжманите, ние работиме според протоколите и препораките и се надеваме дека резултатите ќе дојдат. Но, сепак не треба да се откажеме од домашните туристи.“

Крсте Блажески, претседателот на Хотам, вели дека хотелиерите бараат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот да направи специјална видео кампања за регионот и странските пазари за да се презентира дека сме безбедна туристичка дестинација.

Ќе бараме да биде направен еден протокол и еден call centar ако случајно дојде гостин и добие симптоми каде да биде упатен и згрижен. Тука се и брзите тестови кои ќе треба да се добијат од државата, за гостинот да е сигурен, да може да се спроведе безбедно низ целиот процес и да се врати назад во својата држава“.

Во летната сезона 2021, на домашното крајбрежје, се очекува да летуваат 65 проценти домашни туристи, а 35 проценти гости од регионот и странство. Оптимистички се очекувањата да се надмине и бројот од 2 милиони ноќевања од минатата година и да има помал пад во девизниот прилив од туристичката индустрија во земјава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top