Ознака: погодоци

Аргентина со шест погодоци до финале на Копа Америка

Post Views: 6 Фудбалската репрезентација на Аргентина на импресивен начин се пласира во финалето на Копа Америка откако во полуфиналето го декласира Парагвај со 6-1. Головите за Гаучосите ги постигнаа Маркос Рохо (15), Хавиер Пасторе (27), Анхел Ди Мариа (47,53), Серхио Агуеро (80) и Гонзало Игуаин (83), додека стрелец за Парагвај беше Лукас Бариос (43).  Лионел Меси повторно не се запиша во листата на стрелците, но беше еден од најдобрите играчи на натпреварот. “Беше тоа наш најдобар натпревар на првенстовто. Не постигнувавме голови бидејќи не игравме добро. Но, против Парагвај сѐ...

Continue reading

Шпанските медиуми откриваат која е причината за “будењето” на Меси

Post Views: 10 Последниот натпревар во кој чудесниот Аргентинец бриљираше беше оној против Манчестер сити, а од погодоци го спречи феноменалниот Џо Харт. Во втората половина од сезоната Меси го достигна и учинокот на Роналдо на кој цело време му гледаше в грб. Роналдо постигна само пет голови во последните 10 натпревари, додека Меси во исто време запиша 17 погодоци. Ѕвездата на Барселона со тоа достигна 43 погодоци во 40 натпревари оваа сезона. Спрема шпанските медиуми, будењето на Меси или ако може да се нарече препородот е резултат на губењето на тежината и исфрлањето на пицата...

Continue reading

Роналдо под знак прашање

Post Views: 5 Карло Анчелоти дува на ладно и сеуште не ја отфрла опцијата на терен да го прати и Кристијано Роналдо иако повторно се пожалил на повреда во коленото. „Роналдо чувствува дека е спремен 100%, и уверени сме дека ќе настапи, но сепак со него не е добро да се ризикува“, рекол Анчелоти свесен дека Реал наскоро го очекува нова битка со Барселона во финалето на кралскиот куп. Реал во последно време одлично игра и без Роналдо, без кој Реал уверливо славеше во Сан Себастијан, во последното коло на Премиера, па прашање е дали Португалецот е подобро да не игра во Дортмунд. Ако...

Continue reading

Kristijano Ronaldo

Срушен рекордот на Меси

Post Views: 11 Со голот против италијанскиот шампион Јувентус во Торино, Кристијано Роналдо стигна до 14. погодок во Лигата на шампионите во 2013. година и го урна рекордот по бројот на голови во ова натпреварување во една календарска година, кој го држеше Меси. Меси во 2012. година постигна 13 погодоци, но на две кола пред крајот на групната фаза во Лигата на шампионите Роналдо веќе има 14 голови зад своето име. Со осмиот погодок на две кола пред крајот од фазата по групи, Португалецот се израмни со Ернан Креспо, кој постигна толку голови во оваа фаза во сезоната 2002/2003, како...

Continue reading

Arjen Roben

Најдобрата партија во историјата на Баерн

Post Views: 1 Арјен Робен беше стрелец на еден од четири погодоци со кои Баерн ја прегазиБарселона во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони. Холанѓанецот покрај постигнатиот гол асистираше за првиот и вториот погодок на својот тим и на крајот заклучи дека ова е најдобрата фудбалска партија во историјата на Баерн. „Барселона доминира во Европа во изминативе неколку години, па кога ќе се слави ваква победа против нив, секако дека само можеш да бидеш горд. Одигравме фантастичен натпревар, но сега не чека реваншот во Барселона. Се боревме за секоја педа од теренот, не им...

Continue reading

Mario Baloteli

Балотели му донесе победа на Милан

Post Views: 5 Марио Балотели дебитираше со два погодоци и му донесе победа на својот тим против Удинезе (2-1) во последниот натпревар од 23. коло од Серија А. На Марио Балотели му требаа точно 24 минути и 17 секунди да го постигне својот премиерен погодок во дресот на Милан. Марио погоди во вториот удар кон голот, додека за споредба, оваа сезона во Премиер лигата во 34 обиди постигна само еден погодок за Манчестер Сити. Стефан Ел Шарави се проби по левата страна, топката стигна до Балотели кој со лева нога прецизно биеше и погоди за водство на Милан. Удинезе изедначи во 55. минута...

Continue reading

Чудесниот Меси испиша историја

Post Views: 1 Со два погодоци кои ги постигна со Гранада, феноменалниот Аргентинец стигна до голем јубилеј. Имено, Лионел Меси во саботата ги постигна својот 400 и 401 гол во кариерата. Од своето деби (октомври 2004) за првиот тим на Барселона овој виртуоз постигна 359 голови во сите натпреварувања (Примера, Куп на кралот, Лига на шампиони, Супер-куп на Шпанија, Супер-куп на Европа, Светско клупско првенство). На ова треба да се придодадат 42 погодоци за репрезентацијата на Аргентина и сега е на бројка од 401 погодок во кариерата, пишува El Mundo Deportivo, “нечуено за играч со само...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top