Срушен рекордот на Меси

Со голот против италијанскиот шампион Јувентус во Торино, Кристијано Роналдо стигна до 14. погодок во Лигата на шампионите во 2013. година и го урна рекордот по бројот на голови во ова натпреварување во една календарска година, кој го држеше Меси.

 |  Голабовски Крсте  | 
Kristijano Ronaldo
Кристијано Роналдо

Со голот против италијанскиот шампион Јувентус во Торино, Кристијано Роналдо стигна до 14. погодок во Лигата на шампионите во 2013. година и го урна рекордот по бројот на голови во ова натпреварување во една календарска година, кој го држеше Меси.

Меси во 2012. година постигна 13 погодоци, но на две кола пред крајот на групната фаза во Лигата на шампионите Роналдо веќе има 14 голови зад своето име.

Лионел МесиСо осмиот погодок на две кола пред крајот од фазата по групи, Португалецот се израмни со Ернан Креспо, кој постигна толку голови во оваа фаза во сезоната 2002/2003, како и со Руд ван Нистелрој од сезоната 2004/2005.

Во 100. натпревар од Лигата на шампионите, Роналдо стигна до вкупно 59. гол во ова натпреварување и со тоа се израмни со Тјери Анри на 3. место на вечната листа.

Пред него се само Лионел Меси со 63 погодоци (81 натпревар) и Раул, кој на 144 натпревари успеа да постигне 71 гол.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top