Ознака: повикуваат

Од Капетанија повикуваат сопствениците на пловила закотвени во близина на мостот веднаш да ги отстранат

Post Views: 6 Сопствениците на пловните објекти кои ги закотвиле своите чамци во непосредна близина и под мостот на каналот веднаш да ги отстранат, повикуваат од охридската Капетанија. „Пловните објекти кои се под мостот Билјанини извори да бидат дислоцирани бидејќи се врши попречување на пловидбата“, напоменува Горан Устијаноски капетан на Капетанија на Пристаништата на РМ. Устијаноски потсетува на универзалното правило во пловниот сообраќај, бродчињата и чамците да не се паркираат под мост. „Се стеснува пловниот пат посебно под нашиот мост кој некогаш се подига и остануваат на местото...

Continue reading

Од Хидробиолошки завод повикуваат да се намали испустот на реката Црн Дрим кај Струга

Post Views: 2 Од Хидробиолошки повикуваат да се намали испустот на реката Црн Дрим кај Струга. Веднаш да се намали испустот на реката Црн Дрим  кај Струга, го повикуваат Елем од Јавната научна Установа  Хидробилошки завод Охрид. Минатата недела упатиле официјално барање до Елем во кое укажуваат на последиците од намалувањето на водостојот во езерото.  Во моментов состојбата со нивото на водата во Охридското езеро е алармантна и загрижувачка, посочуваат од таму. Директорот  на установата, д-р Елизабета  Велјаноска Сарафилоска , вели драстично намаленото ниво на водата може да биде...

Continue reading

gin

Бесплатни ПАП тестови

Post Views: 11 Матичните гинеколози од 1 април со покани ќе ги повикуваат жените да направат бесплатен ПАП-тест. Според плановите на Министерството за здравство, најнапред ќе бидат повикувани жените на возраст од 24 до 35 години кои до сега воопшто не направиле вакво тестирање, а во следните две години ќе бидат опфатени и жените од 36 до 60 години. – Преку Програмата за рано откривање на малигни заболувања, со активности за организиран скрининг, секоја жена од оваа целна група има право на еден бесплатен ПАП-тест на секои три години, што впрочем е препорака и практика во европските...

Continue reading

сдсм

Итни мерки за нормализирање на наставниот процес во општината бараат охридските социјалдемократи

Post Views: 1 Година и пол градоначалалникот Никола Бакрачески и Вмро Дпмне импровизираат во образовниот процес во општинските училишта, истакна на прес конференција Јован Стојаноски советник  и координатор  на советничката група на СДСМ. Во интерес на учениците, социјалдемократите  го повикуваат градоначалникот Никола Бакрачевски да се создадат услови за работа во општинските училишта. Од СДСМ  сметаат дека Вмро-Дпмне и градоначалникот Бакрачески го оставиле ново формираното средно економско  училиште со 20 паралелки и 450 ученици без потребните услови и кадар во новата учебна година...

Continue reading

dzubre

Наместо зеленило, смет

Post Views: 11 Наместо уредено зеленило, купишта смет расфрлан насекаде.  Ваква е секојдневната слика на дел од ул. Карпош Војвода, каде што до израз очигледно доаѓа негрижата на станарите од околните станбени комплекси во тој дел. Наместо во садовите предвидени за комунален смет, едни ѓубрето го фрлаат од терасите а други пак следејќи го лошиот пример само го оставаат преку оградата. Покрај комунален отпад на тоа место не ретко се одлага и градежен шут, па оттука совесните граѓани ги повикуваат надлежните инспекциски служби да излезат од канцалариите, бидејќи сметаат дека во делови...

Continue reading

opstina Struga

Во Струга мирно

Post Views: 6 Протести во Струга немаше. Овој град не е меѓу неколкуте во кои денеска се протестираше, поради како што велат демонстрантите „навредите што ги упати Владата на Македонија кон албанскиот народ со муслиманска вероисповед“. Стружани едногласни дека причини за протести нема, но ретко кој тоа сакаше јавно да го каже. Постар жител од муслиманска вероисповед, собра сила и јавно кажа дека Македонија е на сите без разлика на вера и националност. Во Струга денес беше очигледно зголеменото полициско обезбедување иако до очекувниот протест недојде. Посебно вниманието на новинарите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top