• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Итни мерки за нормализирање на наставниот процес во општината бараат охридските социјалдемократи

Итни мерки за нормализирање на наставниот процес во општината бараат охридските социјалдемократи

Итни мерки за нормализирање  на наставниот процес во општината  бараат охридските социјалдемократи.

 |  Валентина Неловска  | 
сдсм
сдсм

Година и пол градоначалалникот Никола Бакрачески и Вмро Дпмне импровизираат во образовниот процес во општинските училишта, истакна на прес конференција Јован Стојаноски советник  и координатор  на советничката група на СДСМ.

сдсмВо интерес на учениците, социјалдемократите  го повикуваат градоначалникот Никола Бакрачевски да се создадат услови за работа во општинските училишта. Од СДСМ  сметаат дека Вмро-Дпмне и градоначалникот Бакрачески го оставиле ново формираното средно економско  училиште со 20 паралелки и 450 ученици без потребните услови и кадар во новата учебна година што е недозволиво.

„Помина цела месец од училишната година, а во ново формираното средно економско училиште Св. Кирил и Методиј,  сеуште нема психолог и педагошка служба. Во училиштето  нема  секретар и помошник директор дополнителна причина зошто училиштето не функционира и да одговори на потребите на учениците.“   

 сдсмЗа неодговорниот однос  на локалната власт кон образованието говори и податокот што Секторот за образование во Локалната самоуправа  се уште нема назначен  раководител“, укажуваат од СДСМ. Прашуваат зошто на последната седница на Советот на која се усвојуваа извештаите за работа на училиштата и годишните програми не присуствувале поголем дел од директорите на основните и средните училишта.  Јавноста очекува одговори од градоначалникот Бакрачевски  и колку пари должат основните и средните училишта во Охрид.

„ Подолго време на наше барање да се достават податоци за неисплатените обврски и долгови кои ги имаат училиштата, колку пари должат основните и средните училишта  кои се општински буџетарски корисници, до ден денес немаме одговор каква е ситуацијата со неисплатените обврски.“

Охридските социјалдемократи повикуваат итно преземање на мерки за нормализирање  на наставниот процес во интерес на учениците. Образованието е клучен сегмент за иднината на нашите деца  и не смее да се остави на импровизации и неодговорно однесување, порачаа охридските социјадемократи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top