Ознака: плажите

Во Лагадин продолжи акцијата за враќање на плажите во првобитна состојба

Post Views: 1 Концесионерите на плажите во населбата  Лагадин  вчера добија решенија за отстранување на објектите од плажите за денес.  Утрово повеќето од нив со камиони сами ја острануваа урбаната опрема, лежалки, маси, чадори, столови. Чекаа  да дојде механизацијата , која денеска привршуваше со уривањето на објектите на  плажата Горица Трета. Револтирани, не сакаа да зборуваат пред камера.  Велат  не се сите концесионери  во ист кош, некои граделе по проекти и плаќале концесии до  2018 година, се` додека имале валидни договори. Охриѓани велат  треба да се зачува еколошката  средина...

Continue reading

Плажите на брегот на Охридското езеро ќе треба да се исчистат од објекти, шанкови, лежалки и да се вратат во првобитна состојба

Post Views: 22 Владата на една од последните седници донесе Уредба со која им се наложува на концесионерите да ги тргнат изградениети платформи и угостителските објекти , бидејќи договорот за закуп им е истечен од пред три години. Одлуката се однесува на сите плажи вдолж охридското и струшкото крајбрежје, од Свети Наум до Радожда. Охридскиот градоначалник Константин Георгиески ја поздрави одлуката на Владата. -Со ова очекувам конечно да се стави ред во искористувањето на крајбрежјето на Охридското Езеро за туристички цели, кое се провлекуваше како проблем, години наназад и значително...

Continue reading

Влада: Закупците на плажите ќе мора да ги вратат во првобитна состојба

Post Views: 5 На предлог на Министерството за транспорт и врски Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба. Со дополнувањето се задолжува закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште кое било предмет на краткотраен закуп предвидено со урбанистички план или урбанистичко-планска документација за плажа, а за кое временскиот рок за краткотраен закуп е истечен или договорот за краткотраен закуп е предвремено раскинат. Иако концесионерите на плажите неодамна бараа да не им се наплатува концесија...

Continue reading

Плажите да се стопанисуваат без договор и оваа сезона, бараат дел од поранешните концесионери

Post Views: 6 Концесионерите на плажите бараат  да не им се наплатува концесија и ова лето.  Велат ќе работат со намалени капацитети , двојно помалку гости  заради растојанието кое  ќе треба да се запази помеѓу лежалките.  Услови за социјална дистанца има, но ќе има и поголеми трошоци за  дезинфекција на урбаната опрема за да се спречи ширењето на корона вирусот.Дел од нив сметаат дека е неопходно и скрининг тестирање на персоналот пред отпочнување со работа. „Мора и кај нас персоналот да биде тестиран, хигиената без да ја определат институциите ние максимално ќе се грижиме да биде...

Continue reading

Георгиески: Пецаков има намера повторно да ги даде плажите во рацете на бизнис структури

Post Views: 0 Пецаков заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава под концесија најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на нашето Охридско Езеро со што јасно кажа дека планира да ги поништи сите наши досегашни заложби, исполнувањето на препораките и почитувањето на законите, поради кои Охрид го зачува статусот на УНЕСКО, обвини денеска на прес конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Константин Георгиески. Не можам да поверувам дека неговиот план е повторно да ги даде плажите во рацете на бизнис структури и да го врати концептот...

Continue reading

Села: После 18 ти септември отпочнува рушењето на плажите во Струга

Post Views: 1 На 18 ти овој месец, истекува привремената мерка која ја донесе Струшкиот Основен Суд за забрана за уривање на објектите на струшките плажи, по што концесионерите треба целосно да ги отстранат нелегалните барови, шанкови и другите останати градби долж езерското крајбрежје во Струга. Градоначалникот на Струга, Зијадин Села не отстапува од својот став, кој во неколку наврати го има дадено во медиумите, дека по овој датум ќе продолжи постапката за целосно уривање на изградените објекти на плажите. „Јас тоа што го имам најавено, ќе го спроведам. Тоа е мојот став. Судовите...

Continue reading

Објавени две идејни решенија за уредување на плажите

Post Views: 0 Врз oснова на Јавниот Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро кој беше објавен на 30.08.2021 година, до Општина Охрид пристигнаа две идејни решенија согласно условите на повикот. Право на учество на повикот имаа сите физички и правни лица, регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на повикот. Целта на повикот беше вклучување на стручната јавност и граѓаните во процесот на утврдување на активностите и дејствијата за уредување на плажите на крајбрежјето согласно препораките и насоките од Планот за управување со светското...

Continue reading

На прагот на туристичката сезона плажите сè уште не се издадени под концесија

Post Views: 3 Охридските плажи ова лето ќе работат на црно. На прагот на туристичката сезона плажите се уште не се издадени под концесија. Иако владата најави дека им ги одзема ингеренциите на општините за издавање на плажите тој процес остана во најава. Договорите на концесионерите  им се одамна истечени, за петте плажи кои последно беа на јавно наддавање лани договорите не се продолжени ,  тие се заглавени во судски лавиринти меѓу старо новите закупци. Поранешните концесионери велат дека огромна  е штетата која ја трпи туризмот. Доколку немаат избор ова лето ќе мораат да  работат...

Continue reading

Владата ги презема надлежностите врз плажите

Post Views: 2 Од идната недела со плажите ќе управува Владата. После бурните реакции на експертите и јавноста  во однос на случувањата во струшко министерот за траспорт и врски ги одзема ингеренциите на општините за управување со плажите. Локалните власти не умеат да се справат со узурпацијата, локалните влијанија  и бизнис интересите во однос на  изградба на крајбрежието, тоа е основната причина за одземањето на ингеренциите.„Поради сите проблеми кои очигледно локалните власти не можат да ги решат тие проблеми државата смета дека може тоа да го направи на подобар начин.1237 За мене...

Continue reading

Градот губи илјадници евра поради несклучени договори за закуп на плажите

Post Views: 0 Реиздавањето на концесиите на плажите заглавено во судски лавиринти.Речиси половина година охридските концесионери стопанисуваат со плажите без да плаќаат никаков надомест за закупнина. Судските спорови,  кои настанаа помеѓу старо новите концесионери на јавната  лицитација  во јули лани,  се уште се  влечат по судови, а општинаксата каса остана покуса за износот на концесиите. Градот  изгуби илјадници евра.  „Некој таму стопанисува на имот кој што не е негов, а период уназад не плаќа кирија а целата таа постапка е по судови. Ќе видиме кој ќе биде излезот. Тука губи општината....

Continue reading

logo

Со средства од ЕБОР ќе се градат патните правци Охрид – Пештани, Требеништа – Струга

Post Views: 2 Бордот на директори на Европска банка за обнова и развој  ѝ одобри на Република Македонија 305 милиони евра за финансирање инфраструктурни проекти, од кои 145 милиони евра за втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, односно Бељаковце – Крива Паланка и 160 милиони евра за Програмата за национални патишта. Предвидена е и изградба на експресен пат од Охрид до Пештани кој ќе се гради над постоечкиот пат со што ќе се избегне гужвата кај плажите покрај Охрид во летниот период. Патот, како што рече, ќе биде со по две ленти во двата правци и излезни патишта кон...

Continue reading

plazi

Ачик несредени плажи на струшкото крајбрежје

Post Views: 1 На прагот од летната сезона струшките плажи кои не се издадени под концесија, се несредени. Неискосена трева, расфрлано ѓубре, недоизградени објекти, е само дел од сликата која боде очи не само на мештаните на туристичка Струга, туку и на секој посетител и гостин. Од секторот за урбанизам Ресул Хани, кажа дека проблемите во врска со плажите долж струшкото крајбрежје се наследени, но влева надеж и убедува дека сепак во интерес на градот и туристичката сезона ќе се заложат  за брзо време истите да се надминат. Инаку тој во брифинг за ТВМ потенцираше дека имаат формирано...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top