Владата ги презема надлежностите врз плажите

После бурните реакции на експертите и јавноста  во однос на случувањата на охридско струшкото крајбрежје  Министерството за транспорт и врски ги одзема ингеренциите на општините Охрид и Струга за управување со плажите. Локалните власти не умеат да се справат со узурпацијата, локалните влијанија  и бизнис интересите во однос на  изградба на крајбрежието, тоа е основната причина за одземањето на ингеренциите, велат од транспорт и врски.

 |  Соња Рилковска  | 

Од идната недела со плажите ќе управува Владата. После бурните реакции на експертите и јавноста  во однос на случувањата во струшко министерот за траспорт и врски ги одзема ингеренциите на општините за управување со плажите.
Локалните власти не умеат да се справат со узурпацијата, локалните влијанија  и бизнис интересите во однос на  изградба на крајбрежието, тоа е основната причина за одземањето на ингеренциите.
„Поради сите проблеми кои очигледно локалните власти не можат да ги решат тие проблеми државата смета дека може тоа да го направи на подобар начин.1237 За мене законот е еднаков за сите и апсолутно се што е дивоградба со донесени решенија и мора да се постапува. Доколку општините не постапат ќе постапи државниот градежен иснпектрат. Не може нема да прифатам ни како човек ни како министер“, истакна Горан Сугарески министер за транспорт и врски.
Охридскиот градоначалник смета дека со одземањето на ингеренциите ќе им се олесни на општините.
„Се покажа во изминатиот период дека општините  имаат потешкотии во однос на менаџирањето на плажите  пред се поради одредена луцидност на системот и на концесиоенрите. Пропусти се направени , а процедутрите се заглавени во судск лавиринти. Сметам дека одредени локални влијанија., кои што се  на сила ќе бидат исклучени доколку како локални самоуправи имаме ограничени ресурси во однос на плажите. “, вели в.д градоначалникот Константин Георгиески.
Од друга страна струшкиот градоначалник Рамиз Мерко останува на ставот дека е потребно уредување на струшките плажи во насока на развојот на туризмот.
„Дека ќе се издадат 37 плажи тоа е шпекулација. Планот дозволува да се подели на 37 , но  десетина од нив се на  приватни сопственици. Тие го користат езерото и плажата. Со дирекна спогодба има скоро десетина плажи ние како локална самоуправа веќе ги издаваме не можеме хотелите да ги оставиме без плажа. Ни Мираж, ни Дрим , ни Први Мај. Ако сакаме тоа да го спречиме тогаш да ја затвориме темата за туризам во Струга и нека нема понуда“, вели градоначалникот Рамиз Мерко.
Минатата дебатна емисија „Прашалник“ на ТВМ телевизија беше посветена токму на животната средина , а главна тема беше узурпацијата на крајбрежието. Експертите предупредуваат за несогледливи псоледици доколку се уништи трската на струшкото крајбрежје.
„.Ако се пресече трската на Мазија како што некои заговараа пристаништето ќе ни биде полно со смрдлива вода затоа што трската ја зачистува целата таа вода. Од Љубаништа па  наваму се она што доаѓа се задржува во појасите со трскаАко се направат такви ригорозни сечења целото ѓубриште ќе ни додје во пристаниште“,вели Трајче Талсеки експерт за животна средина.
Сугарески вели во однос на нелегалните градби на струшкото крајбрежје државниот градежен инспектор извршил вонреден надзор во струшко и биле донесени повеќе решенија кои треба да се реализираат. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top