Градот губи илјадници евра поради несклучени договори за закуп на плажите

Старите концесионери ги користат плажите без никаква закупнина додека постапката за издавање под концесија која започна со јавно наддавање во јули минатата година се влече по судови.  Градоначалникот Георгиески вели градот губи илјадници евра. Екологистите бараат државата да ги преземе ингеренциите и да воведе ред на крајбрежјето.

 |  Соња Рилковска  | 

Реиздавањето на концесиите на плажите заглавено во судски лавиринти.Речиси половина година охридските концесионери стопанисуваат со плажите без да плаќаат никаков надомест за закупнина.
Судските спорови,  кои настанаа помеѓу старо новите концесионери на јавната  лицитација  во јули лани,  се уште се  влечат по судови, а општинаксата каса остана покуса за износот на концесиите. Градот  изгуби илјадници евра.

 „Некој таму стопанисува на имот кој што не е негов, а период уназад не плаќа кирија а целата таа постапка е по судови. Ќе видиме кој ќе биде излезот. Тука губи општината. Имавме прилив на средства кога концесионерите имаа договори, откако им истекоа ние немаме приходи“, вели Коста Георгиески в.д градоначалник на општина Охрид.

Државата најави дека ќе ги одземе ингеренциите на општините за стопанисување со плажите, но се уште тоа не е стапено на сила.
„Кога ќе донесе државата закон тогаш државата го зела ингеренциите под свое. Сега ние имаме најави но немаме закон. По мое не е важно дали плажите ќе се под ингеренции на локалната или државата. Проблемот таму е во тоа што кога ќе се започне со една постапка, во случајов тоа беше постапка за издавање на плажите под кнцесија, треба добро да се осмисли и да се знаат правилата на игра, бидејќи сега ние со плажите сме заглавени во правни лавиринти“, додава Георгиески.

И екологистите бараат државата да ги преземе ингеренциите за стопанисување на плажите, но и да воведе ред на крајбрежието.
Мислам дека не само Охрид, дека сите плажи во Македонија и на Преспанско и на Дојранско езеро треба министерството за траспорт и врски да си ги превземе во нивна надлежност. Да управува можеби како што во некои други држави управува јавно претпијатие со плажите, така да се поставуваат и услови за искористување на плажите. Не може на плажа која што е во оние 50 метри според законот на води кои припаѓаат на водниот тек на реката или на езерото секој да прави се што сака, изјави Трајче Талески, Охрид СОС.

Екологистите бараат  раскинување на  концесиите со оние закупци,  кои со години не ги почитуваат договорите и наместо привремена урбана опрема изградија огромните габаритни градби на самото езеро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top