Ознака: пациентите

lekovi

Поефтинуваат околу 900 лекови

Post Views: 10 Од денес поефтини лекови. Станува збор за листа од околу 900 лекови кои пациентите од денес официјално ќе можат да ги набавуваат по пониски цени. Охриѓани добро информирани за оваа тематика, сепак со резерва ја прифаќаат веста за новите цени. „Слушнав преку медиумите за ова намалување, јас поретко користам, повеќе сопругата ги користи, но сега дали навистина ќе се намалат или не ќе видиме, тоа сеуште не е конечно.“ „Разбрав за ова намалување, меѓутоа еве сега само што купив лек и беше сеуште по старата цена.“-велат дел од Охриѓани. Славе Крстаноски, раководителот на...

Continue reading

opsta bolnica

Се вжештува незадоволството кај пациентите

Post Views: 0 Студот започна да го подјадува трпението на пациентите  во Охридската болница. Лошите болнички услови доаѓаат се повеќе до израз во овие студени зимски денови. Единствено што се загрева е нетрпението на пациентите. Тие се жалат на ладните простории во Општата охридска  болница. Реагираат дека на некои одделенија нема доволно греење или тоа  е ограничено на неколку часа во текот на денот. Пациените кои се задржуваат на лекување не смеат да употребат грејни тела од своите домови. Така некои се принудени да се откажат од лекување во болнички услови и продолжуваат на домашно...

Continue reading

lekar

50 денари партиципација за секој преглед на матичен

Post Views: 2 Матичните лекари бараат 50 денари партиципација за секој преглед. Овој предлог ќе се разгледува утре во Фондот за здравство, а доколку се усвои, и оваа бесплатна услуга ќе замине во историјата. Ова ќе значи дека секоја консултација, посета, или преглед ќе мора да го платите, а доколку пациентот треба да прими инјекција, или некаква терапија ќе мора да даде и повеќе пари. Еве што мислат Охриѓани за овој предлог. „Мислам дека не е во ред. Народот нема пари, плаќаат други давачки и ова ќе е многу. А лекарите си добиваат капитација преку Фондот.“ „Нека си го регулираат...

Continue reading

lizgavo

Опасно е, се лизга!

Post Views: 0 Зголемен бројот на скршеници на екстремитетите. Остатоците од снегот на дел од охридските улици, кои дебело замрзнаа, предизвикуваат невољи. Не ретко се случува гаѓаните да се лизнат, дападнат и притоа да се здобијат со набиеници, исчашување, но и со скршеници. Од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, директорот Митко Тилев вели дека овој период имаат покачен број на интервенции како последица од лизгање и паѓање на замрзната површина. Најчесто страдаат луѓето од повозрасната категорија кои доаѓаат со скршени екстремитети, додава тој....

Continue reading

dijabet karavan

Караванот „За здравје се потребни двајца“ пристигна во Охрид

Post Views: 1 Караванот за бесплатни совети и мерење на шекер во крвта во Охрид. Под мотото „За здравје се потребни двајца“, оваа акција организирана од страна на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија и Министерството за здравство, предизвика огромен интерес, не само кај пациентите со дијабетис туку и кај останатите граѓани. Идејата на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, е да се преземе една  поопсежна акција,  со која што не само ќе се мери шеќер, туку ќе се изврши целосен преглед на дијабетичарите, вели Прим Д-р Др. Аврам Ванкоски -Претседател на Сојузот...

Continue reading

artritis

Артритисот се почесто ги напаѓа и младите

Post Views: 2 Артритисот не е шега, тоа е опасна болест со сериозни последици. Денес се одбележува Светскиот ден за борба против овој тивок убиец на коските и мускулите. Најефективната терапија за ова заболување е истовремено и најскапата, па многу пациенти во земјава не можат да си ја дозволат. Само во Македонија има над 17.000 пациенти со ревматолошки заболувања, а се почести жртви се и младите.Денес се одбележува Светскиот ден за борба против артритисот, тивкиот убиец на коските и мускулите. Се повеќе се намалува старосната граница за појава на ревматолошките болести. Се почесто...

Continue reading

d-r Bakraceski

Пет години интервентна кардиологија во Охрид и региoнов

Post Views: 2 Одбележан мал, но многу значаен јубилеј за развојот на интервентната кардиологија во Охрид и регионов. Станува збор за плод на долгогодишните напори на една плејада здравствени работници, кои беа ангажирани во развојот на овој проект, се тоа со единствена крајна цел, обезбедување на поквалитетна нега на пациентите со срцево садови заболувања од југозападниот регион на Македонија. Директорот на оваа здравствена институција, Д-р Никола Бакрачески истакна дека отворањето на овој оддел значеше поквалитетна услуга за пациентите кои боледуваат од кардиоваскуларни заболувања...

Continue reading

Hepatitis C

Отворена војна против Хепатитот Ц

Post Views: 12 Претставници на институции од Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Гостивар и Тетово, разменија искуства и ги согледаа современите можности во третманот на хепатитис Ц. Лицата кои се интравенозни корисници на активни психотропни супстанци, а кои се заболени од оваа болест, во нашата држава за жал сеуште секојдневно наидуваат на бариери. Прим.д-р Славица Гајдаѕис – Кнежевиќ, истакна дека здравствените работници мора да се ослободат од предрасудите при третманот на лицата од ризичните групи. Што се однесува до тоа дали кај нас постои националана стратегија, за борбата против...

Continue reading

hiv/sida

Две години без случај на ХИВ/СИДА

Post Views: 3 Епидемијата на СИДА во светски рамки, слабее. Така, според последниот извештај на ООН, бројот на ХИВ позитивни лица е значително намален на 33 милиони, во 2009 година. Експертите велат дека голем број од високоразвиените земји или ја стабилизирале состојбата или постигнале значајни намалувања во стапките на нови инфекции со ХИВ. И Македонија бележи значајни намалувања на нови инфекции на ХИВ. Епидемиологот Д-р. Јованка Стурулакова Коровешоска вели дека од 1987 година до 31. Октомври оваа година, во Македонија се регистрирани 130 случаи на лица инфицирани со ХИВ вирусот,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top