Ознака: пациентите

logo

ХАЕ караванот утре во Охрид

Post Views: 0 Утре со почеток во 11 часот во салата на советот на општина Охрид ќе се одржи предавање за болеста ХАЕ. Целта на оваа иницијатива на здружението е поинтензивно запознавање на лекарите од примарната здравствена заштита преку нивна едукација за да може да ја препознаат ретката болест ХАЕ кај потенцијалните пациенти, како и начините на кои може да им се помогне на пациентите. Индиректно овие предавања за ХАЕ се очекува да помогнат во зголемување на јавната свест за болеста, како и идентификување на потенцијални нови пациенти, со што би се овозможило и нивно вмрежување во...

Continue reading

радиологија

Пациентите може да здивнат охридската болница вработи радиолог

Post Views: 12   Охридската општа болница од утре вработува радиолог. Болницата подолго време се соочува со недостаток од радиолози, но и од други специјалисти. На ова оддление е ангажирана само една докторка која работи на томографот. Минатата недела настанал проблем со кој  најзасегнати беа пациентите.  За да се надмине проблемот болницата досега ангажираше лекари од струшката болница,  доаѓаа по 14 часот за да ги читаат рендген снимките и покриваа приправност, напоменува д-р Љубен Арнаудов директор на болницата. „ Последната недела настана вакум, договорот престана, а  пациентите...

Continue reading

gerijatrija

Изградба на нов кат на геријатрија за спас од лошите услови за пациентите

Post Views: 1 Проширување на геријатриското одделение за подобрување на условите за престој на пациентите. Ова е желбата и планот на раководството на Општата болница од Охрид во чии рамки функционира ова одделение. Директорот на Општата болница, д-р Љубен Арнаудов вели дека тие имаат изработено план со цел да се реши повеќегодишниот проблем, а кој вклучува изградба на уште еден кат над постоечката зграда. Според д-р Арнаудов, архитектонските капацитети на зградата даваат можности за вакво решение. Целта според него, е да се изградат современи соби во кои ќе има по два кревети, односно...

Continue reading

Ситуацијата со пациентите заболени од Ковид 19 во охридската болница полека се стабилизира

Post Views: 4 Веќе се бележи и пад на бројот на хоспитализации, како и на амбулантни прегледи, вели првиот човек Општа Болница Охрид, Др. Горан Балески, но додава дека кризата ни оддалеку не е надмината. „Меѓутоа уште имаме пациенти, хоспитализирани се околу 70 пациенти моментално, од кои 40 се на кислородна подршка, од кои најмладиот има 50 години а најстариот 85 години. Меѓутоа имаме доволно кревети, па ако вака продолжи ќе почниме да ја вараќаме болницата оние оддели коишто се ковид центри да ги враќаме во нормална патологија, бидејќи имаме голем број пациенти кои не се поврзани...

Continue reading

domasna vizita

Домашна визита за сите стари лица

Post Views: 0 „Домашна визита“ е проект на превентивни здравствени прегледи. Старите и изнемоштени лица во охридскиот регион кои што не се во можност да вршат редовни контроли и прегледи, од месец ноември минатата година во нивните домови ги посетува поливалентната служба. Имено, патронажните сестри во нивните домови, како што рече првиот човек на ЈЗУ Здравствен дом, д-р Митко Дабески, вршат прегледи како мерење крвен притисок, шеќер во крвта, хемоглобин, холестерол, а во определени случаи и ЕKГ прегледи. „Имаме еден акционен план, една динамика на посета од тие 13 патронажни сестри,...

Continue reading

donacija

50 кревети и медицинска опрема донација за специјалната болница „Свети Еразмо“

Post Views: 4 Педесетина кревети и придружна постелнина, медицинска опрема во гази, вати, потоа наткасни, масички за јадење за пациентите, сталаци за инфузии. Оваа медициска опрема е дел од донацијата која ја доби специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид. Според директорот на оваа медицинска установа, д-р Митко Тилевски, донираните кревети во голема мера ќе помогнат во подобрување на условите во кои престојуваат пациентите во „Свети Еразмо“. Оваа голема донација е обезбедена од страна на културното друштво „Октиси 2009“ со седиште во Сент Гален од...

Continue reading

erazmo

До болницата Св Еразмо, без сигнализација по стариот пат

Post Views: 0 Стариот пат Охрид – Струга е во лоша состојба. Тој веќе неколку години е запоставен од надлежните институциии кои се одговорни за негово одржување. Можеби овој патен правец и не би бил толку интересен ако само на неколку километри од Охрид, единствено по тој пат треба да поминете за да стигнете до реномираната и угледна Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо. Е тука веќе се јавува проблем. Не постои ниту еден сообраќаен знак на влезот од Охрид и Струга, кој ќе ве насочи во правец на болницата. Состојбата е полоша во ноќните часови бидејќи нема никакво...

Continue reading

болница

Професори од Клиника лекуваат пациенти во охридската болница

Post Views: 11 Веќе шест месеци на интерното одделение во охридската болница пациентите закажуваат медицински прегледи кај тројца врвни специјалисти, професори од Клиниката во Скопје. Оваа  можност следува  по владиниот проект во насока на ублажување на дефицитот од лекари специјалисти во болницата. Со ваквото решение  и пациентите и  болницата имаат голем бенефит, информира портпаролот на болницата д-р Сашо Василески. Болницата на тој начин го пополнува недостигот од специјалисти, а пациентите заштедуваат време и пари за патување до Скопје, појаснува Василески. „ Професор Тања Чапаровска...

Continue reading

bolnica

Променливото време ги наполни амбулантите

Post Views: 0 Променливото време почна да создава проблеми. Дневните амбуланти преполни. Зголемен е бројот на пациенти кои се жалат на последиците од временските прилики, покачен крвен притисок, чести главоболки, стегање во градите информира Валентина Милошеска интернист од Општа болница Охрид. „Не се сите симптоми на срцево заболување, стресот исто така влијае, температурните промени влијаат но сепак ако имаат карактеристични симптоми болки и стегање во градите треба да побара помош“.   Не е мал бројот на охриѓани, кои кога ќе почуствуваат здравствени тегоби, наместо првично да се...

Continue reading

kvantna medicina

Енергетската медицина доаѓа и во Охрид

Post Views: 3 Енергетската медицина доаѓа и во Охрид. Германката Рикарда Еишхофер веќе триесет години се занимава со овој вид на медицина. Студирајќи школска медицина забележала дека основните медикаментозни начини на лекување не се доволни кај некои болести. Не станува збор за некаква природна дарба туку за метода која може да се научи и секој да ја примени на себе, вели Еишхофер. За овој начин на лекување многу е важно пациентите да постигнат ментален баланс што најчесто се прави преку медитација и да навлезат во својата свест. Всушност секој поединец треба да стане свесен од каде...

Continue reading

opsta bolnica

Започна со работа новиот дел на општата болница

Post Views: 4 Денеска видно раздвиженост во хируршката амбуланта од пациенти, доктори и останат медицински кадар. Директорот на општата болница д-р Љубен Арнаудов признава дека деновиве направиле максимални напори за да се преселат од Струга и старите привремени амбуланти, но добрата организација помогнала  во рекорден рок да се формираат сите амбуланти и одделенија во новиот блок. „Од денеска почна да работи хируршкото одделение, гинеколошкото, одделението за уво, нос и грло, гинекологија и операционите сали.  Сме во една од прориите на хируршкото одделение каде се гледа дека се...

Continue reading

neuro

Временските промени влијаат на здравјето на граѓаните

Post Views: 2   Бројот на пациентите кои доживеале мозочен удар, а се третираат на невропсихијатрискиот  оддел во Охрид,  во последно време е зголемен. Д-р Јулија Василевска вели дека за жал старосната граница се повеќе опаѓа, а најголема причина за тоа е современиот начин на живот. Одредено влијание имаат и климатските промени кои се повеќе ги чувствуваме. Температурните разлики влијаат и на здравјето на граѓаните. Д-р Василевска вели дека многу важно за да се заштитиме од ваквиот вид на васкуларни заболувања е превенцијата. Тоа подразбира рано откривање и третирање на покачениот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top