Ознака: патниот

mijalkov

Улицата Јордан Мијалков во најава за изградба во 2014

Post Views: 0 Изградбата на новопроектираната улица „Јордан Мијалков“ кај локалитетот Бејбунар во Охрид ќе почека. Граѓаните кои што живеат на овој потег 4 години чекаат да се стави во функција оваа сообраќакница затоа што води кон локацијата каде што се градат станбни комплекси. Години наназад тие реагираа дека градежната механизација и камионите кои се движат кон градилиштата поминуваат по тесните улички буквално под нивните прозорци, создавајќи тесни грла во сообраќајот. Каде закочи изградбата на оваа улица? Портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски убедува дека ништо не е закочено,...

Continue reading

zimsko odrzuvanje

Институциите подготвени, за зимското одржување на патиштата

Post Views: 9 Општините Охрид и Дебрца подготвени за  одржување на патиштата во претстојната зимска сезона. Сите надлежни субјекти инволвирани во одржување на безбедноста на патиштата во зимски услови преземаат мерки за поголема ефикасност, навременост,  подобра координираност и информираност за состојбите со снежни врнежи  на регионалните и магистрални патишта на целото подрачје што го покрива СВР Охрид.  Набавени се доволни количини абразивни средства за зимско одржување на коловозите, дефинирани се приоритетните сообраќајници за целосно и беспрекорно одржување и чистење. Механизацијата...

Continue reading

Голем број на сообраќајни несреќи со фатални последици на патниот правец Охрид-Кичево

Post Views: 3 Од почетокот на 2021 година до денеска, на патниот правец Охрид-Кичево, регистрирани се 15 сообраќајни незгоди со 10 тешко повредени лица и 01 жртва, додека, во текот на 2020 година, евидентирани се вкупно 69 сообраќајни незгоди со 33 тешко повредени лица и 02 жртви. Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, од почетокот на годинава извршила вкупно 174 зајакнати акциски контроли кон сите учесници во сообраќајот во кои, 10 возачи биле затекнати како управуваат моторни возила под дејство на алкохол а 58 ја...

Continue reading

kandelabri

ЈП „Државни Патишта“ ќe го одржува осветлувањето на магистралниот пат А3

Post Views: 2 Осветлувањето на дел од магистралниот пат А3, Охрид -Св. Наум, ставено под капата на државата. Грижата за осветлување на  патниот правец на патниот правец Билјанин извори- Св. Стефан кој досега  беше под ингеренции на Локалната самоуправа сега се предава на ЈП „Државни Патишта. „ Денес го одбележуваме предавањето на уличното осветлување на потег Билјани Извори кон Св. Стефан  во владение на Јавното претпријатие. Тоа ќе биде од голема помош за општина Охрид од финасиски аспект“, рече при тоа секретарот на Локалната самоуправа, Димитар Спасески. Од ЈП „Државни патишта“...

Continue reading

asfalt

Се асфалтираат ударните дупки на патниот правец Ботун-Лешани

Post Views: 8 Дождливото време денес не го попречи започнатото крпење на ударните дупки на патниот правец Ботун – Лешани.  Работниците и механизацијата на „Македонија пат“ се ангажирани да го поправат овој регионален патен правец  кој е во лоша состојба. Станува збор за реконструкција на регионалниот патен правец во должина од 5,7 км, информира Миле Јанакиески, Министерот за транспорт и врски.„Финансиската конструкција за патниот правец ќе чини околу 20 милиони денари. Со првата фаза на зафатите ќе се става основен слој кој ќе чини околу 7-8 милиони денари, а 12 милиони ќе чини...

Continue reading

Galicica pat

И оваа зима ќе се одржува само дел од патниот правец кој води до Галичица

Post Views: 0 И оваа година зимско одржување само на дел од патот кој води до Галичица. Овој патен правец кој води до една од нашите најголеми туристички природни атракции, во останатиот дел повторно ќе биде недостапна за потенцијалните посетители. Од јавното претпријатие Македонија пат-секција Охрид, велат дека се свесни за проблемите со кои редовно се соочуваат на овој патен правец, но воедно децидни, дека овој патен правец мора да биде безбеден во сите временски услови. „Во оваа сезона повторно е вклучена во програмата, се работи само за Трпејца-Корита, во должина од 9 километри,...

Continue reading

otvoranje Leskoec-Skrebatno lokalna

И Локалната свечено го пушти патниот правец Лескоец-Скребатно

Post Views: 2 Локалната самоуправа на општина Охрид, предводена од градоначалникот, Александар Петрески, како дел од чествувањата по повод 7ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, денес свечено го отвори патниот правец Лескоец-Скребатно. Градоначалникот Петрески, пред Лесковчани ја пресече црвената лента на овој пат кој минува низ самото село и води до излетничкото место Скребатно. Ова е второ свечено отворање на истиот патен правец за период од месец дена. Првиот пат, него свечено го пушти во употреба владината делегација по повод Денот на револуционерната борба, 11 Октомври....

Continue reading

sredselo Leskoec

Кој го реконструира патниот правец Лескоец-Скребатно?

Post Views: 7 Кој го реконструираше патниот правец Лескоец-Скребатно? Дали Владата или Локалната, или пак и едните и другите. Приказната започнува во 2009та година кога Владата на Република Македонија со цел да им помогне на општините во подобрување на локалната патна инфраструктура, аплицирала за кредит до Светската банка и Европската банка за подршка и развој, кредит во износ од 100 милиони евра кој таа е обврзана да го врати. За таа цел, Владата ја ангажирала Агенцијата за државни патишта, иако тоа не и е надлежност, да достави барање до сите општини за одредување на приоритетни...

Continue reading

канделабри

Општината не надлежна за осветлување на патниот правец кон Албанија

Post Views: 4 Сите институции се оградуваат од одговорноста за замена на  оштетените  електрични канделабри поставени на магистралниот патен правец што води  од Охридкон Република Албанија. ЈП Македонија пат,  Агенцијата за патишта и Локалната самоуправа тврдат дека тоа не е во нивна надлежност. Од ЕВН побаравме одговор зошто не функционира осветлувањето на овој потег и во чија надлежност е одржувањето на патниот правец.  Портапаролот на ЕВН Ленче Карпузоска одговорноста за осветлувањето на оваа делница ја лоцира кај општина Охрид. Со ова не се согласува градоначалникот  Петрески...

Continue reading

asfaltiranje Leskoec

Асфалтиран патниот правец Лескоец-Скребатно

Post Views: 0 Интензивни зафати на локалната самоуправа во село Лескоец. Изминатава недела екипите на одделението за сообраќај и улици работеа на асфалтирање на патниот правец од Лескоец кон туристичко-излетничкото место Скребатно. Овие зафати локалната ги прави преку проект финансиран од Европската банка, а потпомогнати и од Владата на Република Македонија. Сепак од локалната не застануваат само на рехабилитација на патниот правец. „Тоа е само делот околу рехабилитација на постојниот асфалт, додека општина Охрид инвестираше целосно во проширување на овој патен правец, не знам дали...

Continue reading

pat

Возачи внимателно

Post Views: 8 Внимание, опасност на патот. Овој сообраќаен знак треба да биде поставен на патниот правец Охрид Св. Наум, поточно над Хидробиолошкиот завод, поради тоа што на оваа сообраќајница многу често има одрони на патот. Возачите кои ја поминуваат оваа магистрала секојдневно ги демне голема опасност.Еден од нив вели: Секојдневно поминувам овде и тоа по неколку пати бидејќи живеам во Пештани. Многу е опасно. Се чудам како досега не се случила некаква несреќа. Надлежни за одржување на овој патен правец се од Македонија пат- секција Охрид. Тие пред пет години поставија заштитна...

Continue reading

korita

На санкање и скијање на „Корита“

Post Views: 7 Години наназад Локалната самоуправа и граѓаните на Охрид, бараат патниот правец од Трпејца до Отешево, преку планината Галичица да биде отворен за сообраќај, бидејќи станува збор за висококвалитетно туристичко место и една од ретките уредени излетнички локации за уживање и одмор во зима, велат од Општина  Охрид. Оттаму уште на почетокот на годинава беше најавуван и еден голем проект за изградбата на жичарница од Корита до врвот на Галичица кој требаше на планината Галичица да го донесе и првиот зимски рекреативен центар во Охрид. „Ставот на Локалната и понатаму останува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top