Ознака: пари

SETI

Земјаните не се достапни, јавете се друг пат !

Post Views: 0 Институтот SETI ја згасна својата мрежа Allen Telescope Array, која ги набљудуваше или поточно наслушнуваше вселенските пространства во потрага по вонземен живот. Причина? Останаа без пари. Телескопската мрежа на  SETI се состои од 42 огромни телескопи кои се наоѓаат во поле одалечено 500 км од Сан Франциско. Нивното гасење е само привремено бидејќи  SETI  се обидува да собере 5 мил. долари со кои повторно би ја активирале мрежата. Тоа планираат да го направат до 2013 год. Ако во меѓувреме вонземјани се обидат да ни пратат сигнал, Земјаните ќе бидат недостапни. Иако...

Continue reading

Rubi

Математиката на Руби

Post Views: 0 Откако се пожалила дека скандалот со Берлускони и нанел болка која не може да и ја излечат сите пари на светот, танчарката Руби побарала 15.000 евра за интервју. “Италијанските и странските медиуми ме третираат како проститутка. Сакам да ми биде надоместена сета болка, но целото злато не светот нема да биде доволно за тоа”, напишала во е-мејл преписката со Асошиејтед Прес. Откако побарала да и се плати за ТВ интервју, 18-годишната девојка со вистинско име Карима ел Маруг ладнокрвно порачала дека не прави ништо за џабе. Бидејќи АП е непрофитабилна новинска...

Continue reading

eu zname

Европски е да се троши на глупости

Post Views: 1 Деталите протекле на седницата на Отворена Европа, еден ден откако Европскиот Парламент нерадо го одби предлогот за 6 процентно зголемување на буџетот, кој сега изнесува 88 милијарди фунти.Првото место на листата со 50 примери за залудно потрошени пари на европските даночни обврзници, се најде унгарскиот проект од 350.000 фунти за изградба на фитнес центар за подобрување на животниот стандард на кучињата. Парите биле доделени пред 1 година а изградбата сè уште не почнала. Околу 4,5 милиони фунти биле потрошени за лимузини за европарламентарците во Стразбур и тоа само...

Continue reading

Berluskoni

Берлускони во нов секс скандал

Post Views: 16 Италија ја тресе нов скандал, откако манекенката Руби, која потекнува од Мароко и најверојатно е илегален имигрант, објави дека имала секс со италијанскиот премиер, а како подарок тој и дал пари. Таа тврди дека доброволно имала секс со Берлускони во луксузната вила во Аркора, во близина на Милано, пренесуваат италијанските медиуми. Обвинителството објави дека отвориле случај за делото, но официјалната истрага сеуште не е започната. Берлускони сеуште нема дадено исказ, додека од обвинителството се обидуваат да ја утврдат веродостојноста на тврдењата на девојката. Ова...

Continue reading

ФИФА заработила 72 милиони долари

Post Views: 11 Светската фудбалска организација го објавила финансискиот извештај за 2013 година по кој имаат заработено 72 милиони долари, и најава дека таа сума ќе расте. Вкупниот финансиски салдо на ФИФА во годината на која и претходи светското првенство во Бразил изнесува скоро 1,4 милијарди долари, а мундијалот е во приход од 601 милион долари од телевизиски права и 404 милиони долари од спонзорства. Во извештајот е наведено дека ФИФА потрошила 183 милиони долари на развојни проекти, а најголема сума е ставката на финансирање турнири за минатата година и изнесува 717 милиони...

Continue reading

Bil Gates

Ништо од милијардите на тато

Post Views: 0 “Да остане за децата…“ не е нешто што го помислува еден од најбогатите луѓе на денешницата. Бил Гејтс своето вртоглаво богатство планира да го остави на друго место, а не на банкарските сметки на неговите деца. Своите милијарди основачот на Microsoft ќе ги намени на борба против сиромаштијата. Но, пред да се загрижите дека неговите деца ќе бидат сиромашни како просекот во Македонија, па почнете да им подготвувате зимница за тешките денови, знајте дека Гејтс сепак ќе им остави “делче“ од богатството. „На своите деца, се разбира, ќе им дадам пари. Но, тоа нема...

Continue reading

Ministerot Heugh so sovetnikot

Не бил геј, само штедел пари!

Post Views: 5 Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг, демантираше дека имал хомосексуална врска со својот политички советник. Во сензационалното и драматично соопштение за британската јавност, шефот на британската дипломатија и поранешен лидер на Конзервативната партија, ги отфрли како „неточни, злонамерни и измислени“ тврдењата што веќе десетина дена се среќаваат на Интернет-мрежата и во блоговите, за „недоличната врска“ што, наводно, ја имал со својот 25-годишен советник Кристофер Мајерс. Министерот уште ја квалификува како шпекулација информацијата дека...

Continue reading

mafia

Мафијата годишно „врти“ 20 милијарди евра преку екологија

Post Views: 0 Италијанската мафија во областа на животната средина во текот на 2009. година „свртела“ 20,5 милијарди евра, се наведува во извештајот кој денеска во Рим го објавила италијанската организација за заштита на животната средина, Легамбиенте. Главните активности на мафијата чија цел на делување зависи од сивата економија, во еколошкиот сектор опфаќа кривични дела со управувањето на отпадот, производството на цемент со лош квалитет и загадување на крајбрежните подрачја и морето. Во врска со отпадот, кривичните дела на мафијата вклучуваат управување на диви депонии и испраќање...

Continue reading

funti

Политичка проституција во Британија

Post Views: 1 Тројца поранешни лабуристички министри денеска се обвинети за „илегално“ лобирање за потребите на британски компании, како и за „трговија“ со министерските места, откако британскиот телевизиски Канал 4 и неделникот “Сандеј Тајмс”, чии новинари лажно се претставиле како посредници, прикажаа дека се подготвени за лобирање и дека за тоа наплатуваат меѓу три и пет илјади фунти на ден Поранешниот министер за транспорт Стивен Бајерс кој веќе пет години не е во Владата, како и министерот за здравство Патриша Хјуит и за одбрана Џеф Хун, кои беа членови на кабинетот...

Continue reading

Obama-nobelova

Обама ги подари парите од Нобеловата награда

Post Views: 1 Три месеци откако ја прими Нобеловата награда за мир, Барак Обама синоќа го објави имињата на хуманитарните организации на кои ќе им подели 1.4 милиони долари, колку што изнесува паричниот дел на наградата. „Тие организации вршат одлична работа во САД и странство, помагајќи им на студентите, бранителите и на неброени други кои имаат потреби. Горд сум што можам да ја поддржам нивната работа“, изјави американскиот претседател Барак Обама. Најголем износ, 250.000 долари, прими организацијата Fisher House, која обезбедува сместување на семејствата на тешко ранетите од Ирак...

Continue reading

Vatikan

Ватикан под истрага за перење на пари

Post Views: 5 Банкарските трансакции на Ватикан во висина од милиони евра се под полициска истрага со цел да се утврди дали при истите имало обид за перење на пари, објавија италијанските медиуми. Италијанската централна банка потврди дека финансиската полиција ги истражува трансакциите на Ватикан. Но, Централната банка не ги коментира наводите на медиумите дека се води истрага за трансакции во висина од 60 милиони евра годишно од 2003 година.Трансакциите биле вршени преку сега непостоечката „Банка ди Рома“, која подоцна стана дел од „Уникредит“.Ватикан, „Уникредит“ и италијанската...

Continue reading

premier italija

Финансиски скандали во италијанскиот фудбал

Post Views: 3 Финансиската полиција во Италија упадна во просториите на 41 клуб од Серија А и Серија Б, како и дел од екипите од понизок, со цел да ги испита договорите на играчите, тренерите и менаџерите поради сомневање за избегнување плаќање данок и перење пари. Акцијата е по наредба на обвинителот од Неапол. Извори во обвинителството тврдат дека голем број играчи добиваат пари на рака и на тој начин избегнуваат плаќање давачки кон државата. Помеѓу 18 екипи од Серија А се наоѓаат и великаните Јувентус, Милан и Лацио. Клубовите се осомничени за криминално здружување со цел избегнување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top