Берлускони во нов секс скандал

Италија ја тресе нов скандал, откако манекенката Руби, која потекнува од Мароко и најверојатно е илегален имигрант, објави дека имала секс со италијанскиот премиер, а како подарок тој и дал пари.

 |  Маја Савиќ  | 
Berluskoni
Берлускони

BerluskoniИталија ја тресе нов скандал, откако манекенката Руби, која потекнува од Мароко и најверојатно е илегален имигрант, објави дека имала секс со италијанскиот премиер, а како подарок тој и дал пари.

Таа тврди дека доброволно имала секс со Берлускони во луксузната вила во Аркора, во близина на Милано, пренесуваат италијанските медиуми.

Обвинителството објави дека отвориле случај за делото, но официјалната истрага сеуште не е започната.

Берлускони сеуште нема дадено исказ, додека од обвинителството се обидуваат да ја утврдат веродостојноста на тврдењата на девојката.

Ова е второ обвинување кон премиерот во само една година, откако лани истото го објави елитната проститутка Патрисиа Д’Адарио, која тврдеше дека имала секс со Берлускони во неговата куќа во Рим.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top