Земјаните не се достапни, јавете се друг пат !

Институтот SETI ја згасна својата мрежа Allen Telescope Array, која ги набљудуваше или поточно наслушнуваше вселенските пространства во потрага по вонземен живот. Причина? Останаа без пари.

 |  Маја Савиќ  | 
SETI
SETI

Институтот SETI ја згасна својата мрежа Allen Telescope Array, која ги набљудуваше или поточно наслушнуваше вселенските пространства во потрага по вонземен живот. Причина? Останаа без пари.

SETIТелескопската мрежа на  SETI се состои од 42 огромни телескопи кои се наоѓаат во поле одалечено 500 км од Сан Франциско. Нивното гасење е само привремено бидејќи  SETI  се обидува да собере 5 мил. долари со кои повторно би ја активирале мрежата. Тоа планираат да го направат до 2013 год. Ако во меѓувреме вонземјани се обидат да ни пратат сигнал, Земјаните ќе бидат недостапни.

Иако најголемиот проект на  SETI за прислушување на вселената е ставен во хибернација, останатите проекти (како што е  setiQuest Explorer) продолжуваат да функционираат со помош на волонтери кои добиваат дозвола да ги прегледуваат примероците од прибрани сигнали во случај да откријат нешто што постоечките алгоритми не успеале да го дешифруваат.

За финансирање на SETI порано беше одговорна американската влада но во 1994 год. Конгресот заклучи дека се работи за проект кој не ги дал очекуваните резултати. Меѓутоа примањето сигнали од вселената продолжи благодарение на приватни донатори (меѓу кои најголем беше Microsoft) кои сега ги смалија или целосно укинаа своите донации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top