Ознака: Охридско

ohridsko leto

Се е подготвено за јубилејното 55то издание на фестивалот Охридско лето

Post Views: 9 Се дотеруваат последните финеси пред почетокот на јубилејното 55то издание на нашата најреномирана културна манифестација, фестивалот Охридско лето. Директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска вели дека сите сцени на кои ќе се играат прекрасните театарски претстави, на кои ќе се изведуваат некои од најзначајните светски музички дела се подготвени да ги примат изведувачите, но и верната публика која од година во година го следи фестивалот. „Ние сме кон крајот, односно завршени. Уште вчера сцената на Долни Сарај потврди дека е готова бидејќи е освежена. Антички знаете...

Continue reading

Dejan Panoski

Дримскиот дијалог во нова фаза

Post Views: 5 Тригодишната иницијатива, која се состоеше во борба на лобирање, пишување и работа, конечно се исплати. Од Билатералниот Секретаријат на Охридското Езеро Дејан Паноски ги најави првите официјални национални консултации за Дримскиот Дијалог проект од кој 5 земји во регионот треба да излезат со заедничка визија за управување со овој басен. Охрид на 2 ноември годинава ќе биде домаќин на големиот и значаен настан за регионот, рече Паноски. Додаде дека поради извориштето на реката Дримнашиот град добил приоритет.Целта на Дримскиот дијалог е регулација и надминување на проблемите...

Continue reading

Vmro Dpmne

Со дрвја и камења по Црвенкоски

Post Views: 6 15 ти септември симболичен датум за ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Овој ден од денес во ОК на оваа политичка опција, ќе има посебен третман, како ден кога е изнесена најголемата лага во Република Македонија кажана од лидерот на СДСМ Бранко Црвенкоски, во обидот да ги спаси своите сограѓани од економска пропаст.Михаилов пред затворените порти на некогашните охридски фабрики „Отекс“ и „Братство“, рече дека сеуште се борат да ги амортизираат и отстранат штетите од некогашното владеење на СДСМ на чело со Бранко Црвенкоски. Но како дополнителен проблем и зло за Охрид Михаилов го спомна...

Continue reading

oh leto

Музичко сценскиот спектакл Кармина Бурана ќе го отвори Фестивaлот Охридско лето

Post Views: 5 Музичкиот сценски спектакл „Кармина Бурана“ од Карл  Орф  ќе го отвори 55 Јубилејно издание на Фестивалот Охридско лето.  Во 40 -те фестивалски денови ќе следуваат голем број екслузивни музички и театарски  настани, подвлекуваат музичкиот и драмскиот селектор на Охридско лето Гордана Неделкова Јосифоска и Ѓорѓи Јолевски. „ Оваа година во Програмата се вклучени ексклузивните уметници кои ќе ги потврдат своите вредности на најпрестижните сцени во светската изведба. Програмата со уметници и атрактивна програма која ќе привлече огромен број на посетителите“, наведува Јосифоска...

Continue reading

oh leto

Пуштени во употреба новите простории на фестивалот Охридско лето

Post Views: 0 Фестивалот Охридско лето  доби нов репрезентивен објект. Просторот со модерен дизајн е саниран и реновиран од Министерството за култура,  а за таа цел се инвестирани  1,6 милиони денари. Како и во изминативе 55 години Фестивалот  ќе биде собиралиште на најпознатите уметници и врвните театарски куќи. Современите простории ќе овозможат непречена комуникација на установата со сите уметници, медиуми, спонзори и соработнции кои ги следат случувањата на фестивлот, кажа меѓу другото на отварањето министерката Елизабета Канческа Милевска. „ Уверена сум дека во овие нови простории...

Continue reading

logo

Промоција на програмата на годинешното „Охридско лето“

Post Views: 0 Денес ќе биде промовирана програмата на годинешново јубилејно 55-то издание на Охридско лето и новите простории на Фестивалот.  Од менаџментот на фестивалот денес со гордост ќе ја најават богатата музичка и драмска програма како и спектакуларниот настан за свеченото отворање.  

Continue reading

MONODRAMA

Претставата „Зоран Радмиловиќ“ вечерва пред охриѓани

Post Views: 2 На малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ љубителите на театарската уметност ќе имаат ретка прилика да уживаат во генијалната интерактивна изведба во времетраење  од 60 минути. Ликот на Зоран Радмиловиќ го игра Иван Томашевиќ, кој се јавува и како текстописец на истоимената монодрама.  Режијата е на Андреа Ада Лазиќ. -Оваа приказна е заснована на паралелниот однос помеѓу Салиери и Моцарт, нашиот актер и гениалниот Зоран Радмиловиќ. Колку и да приказната за актерот  тешка, за публиката е комична што беше наша цел, вели Томашевиќ.Охридско Лето и Народниот...

Continue reading

Ohridsko ezero

Eзерото мора да се спаси

Post Views: 0 Светскиот проблем со загадувањето на водите му се заканува и на Охридското езеро. Оваа го констатираа експертите на хидробиолошкиот институт на денешната трибина која се одржа во Охрид на тема „да го заштитиме крајбрежието на Охридското езеро од еколошка деградација“. Др Ленче Локоска потенцира дека за среќа Охридскот езеро постојано се надополнувасо свежа изворска вода и точно поради тоа езерото опстојува милион години. Но, тоа што го поправа природата го уништува човекот. Човечкиот фактор има големо негативно влијание врз разновидниот растителен и животински свет во...

Continue reading

Полицијата од албанскиот град Поградец спречила шверц на марихуана од Албанија во Македонија преку Охридско Езеро

Post Views: 6 Упасени се две лица за кои постоеле основи на сомнение дека оваа „дејност” ја извршувале повеќепати. Запленета е дрога во помала колична, упасен е А. П. (35) од селото Худениш, а се трага по неговиот брат Ф. П. (29). -Истражните дејствија покажаа дека двајцата браќа, во соработка, вршеле илегална активност на трговија со дрога од Албанија, кон Македонија, преку водите на Охридско Езеро. Благодарение на добро организираната акција, спречен е шверц на помала количина марихуана. Како материјален доказ запленти се чамец, два мотора „јамаха”, две електронски ваги,...

Continue reading

hirurgija

Превенција за здрав бубрег

Post Views: 33 Бубрежната калкулоза или народно кажано камен во бубрег, не е ретка појава во охридско – струшкиот регион. Таа претставува метаболичко заболување и генетската предиспонираност се смета дека е 12%, вели  Д-р Крсте Стојаноски, уролог при општа болница Охрид. Тој  смета дека превенцијата е најдобар лек за здрав бубрег.  Додава дека секој човек превентивно еднаш годишно треба да направи лабараториски преглед, заради рано откривање на бубрежните заболувања. „Сите ендемски подрачја се претпоставува дека има нешто што пациентот прима редовно, и исто е фактор за тоа што охридско...

Continue reading

УНЕСКО е заштитен знак на охридско – струшкиот регион, децидни се стручњаците

Post Views: 0 Ова беше заклучокот од синоќешната панел дискусија на експерти, индивидуалци, здруженија на граѓани и претставници на институции во рамки на креативната иницијатива “УНЕСКО на дланка”, на Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС и нивниот партнер, Националниот младински совет на Македонија. Професор доктор Трајче Талевски од хидробиолошкиот завод од Охрид вели споделува дека целата убавина, ендемизам, карактеристиките на растителниот и животинскиот свет придонесоа Охридското езеро веднаш...

Continue reading

Да се вратат на трпезите квалитетните охридски сортни вина

Post Views: 13 Две сорти охридско вино ќе бидат презентирани на „Неделата на вино“ во Неготино за празникот Св.Трифун. Будимир Соколовиќ, стопанственик од Охрид, ќе изложи на дегустација црвено вино мерлот и бело шардоне од неговиот вински подрум.  Охридското поднебје во минатото изобилувало со високо квалитетни сортни вино и лозови насади кои сега се запуштени и заборавени, вели Соколовиќ. Додава негова желба е да се вратат на трпезите квалитетните вина од охридското виногорје, додава Соколовиќ. „ Моја визија е да има поголем број на насади со автохтона сорта на грозје како што е...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top