Пуштени во употреба новите простории на фестивалот Охридско лето

 Пуштени во употреба новите простории на фестивалот Охридско лето.

 |  Валентина Неловска  | 
oh leto

Фестивалот Охридско лето  доби нов репрезентивен објект. Просторот со модерен дизајн е саниран и реновиран од Министерството за култура,  а за таа цел се инвестирани  1,6 милиони денари. Како и во изминативе 55 години Фестивалот  ќе биде собиралиште на најпознатите уметници и врвните театарски куќи. Современите простории ќе овозможат непречена комуникација на установата со сите уметници, медиуми, спонзори и соработнции кои ги следат случувањата на фестивлот, кажа меѓу другото на отварањето министерката Елизабета Канческа Милевска.

oh leto„ Уверена сум дека во овие нови простории на установата во текот на целата година ќе се раѓаат  и развиваат многу нови идеи  и иницијативи кои ќе придонесат  за развој на богата фестивалска историја на Охридско лето “, кажа Елизабета Канческа Милеска .  
Фестивалот Охридско лето со светско реноме одамна е препознатлив охриодски и македонски бренд. Тој е голема придобивка за Охрид  кој во континуитет културно не издигнува и промовира на меѓународен план. Носи бројни гости кај нас, не прави горди и не обврзува да помагаме и креираме наредни успешни фестивалски изданија, напомена и охридскиот градоначалник Никола  Бакрачески.

„ Кај нас е секогаш присутна свеста за значењето на оваа врвна културна манифестација и во престрет  и исчекување на фестивалското 55 -то издание можам  да кажам дека  и овој пат општина Охрид во рамките на своите ингеренции ќе даде максимална пододршка за негова успешна реализација. Врз основа на јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес за годинешното издание од својот буџет ЛС издвои значителни средства“, напомена Бакрачески.

Директорката на Фестивалот Охридско лето Елизабета Јанкулоска кажа дека Министерството за култура во последниве години дава огрома поддршка на култрурат и рзавој на култруните вредности. Како Фестивал со големи вреднсоти на светската културна сцена посакуваме  ваквата традиција да продолжи и во иднина“, посочи Јанкулоска.

oh leto„ Да се биде повеќе од половина век собиралиште на најпознатите уметници и врвните театарски куќи, да се соочуваат високиет критериуми и богатат тардиција , да се биде ценатрот на светските уем,тнички достигнувања ,значи макотрпна работа , многу труд  и откажување, но тоа значи горди сме од културниот просперитет на градот и државата“, кажа Јанкулоска.

Во пресрет на јубилејното издание Охридско лето ги финализира и организационо- техничките работи и припремање на фестивалските сцени на Антички тетар , Долни сарај, Предворјето на Св. Софија и црквата Св Софија ,  Заливот на коските, истакна  Јанкулоска. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top