Post Views: 0
Со интонирање на фестивалската химна и огномет, како и со театарската претстава „На отворено море“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, а во изведба на Југословенскиот драмски театар од Белград, на Античкиот театар во Охрид беше затворено 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“.
Директорката на НУ „Охридско лето“, м-р Наташа Поповиќ, истакна дека фестивалот годинава испиша уште една успешна приказна во својата историја и успеа да ја прослави уметноста во време кога се соочуваме со ковид-19.
Испишавме уште едно успешно фестивалско издание на најголемиот и...
Post Views: 12
Вечерва во 21 часот на Антички Театар се спушта завесата на годинешното издание на фестивалот „Охридско Лето“, со претставата „На отворено море“.
„На отворено море“ е жанровски комплексно парче: трагично, апсурдно и сатирично. Тоа е приказна за љубовната афера на една убава, среќно омажена жена со министер во владата. Во оваа драма сите се уценети и корумпирани, бидејќи тоа се луѓе од власта или од непосредна близина на власта. Зад семејните, пријателските и љубовните врски стои исклучиво голиот интерес. Сите имаат корист од оваа афера. Нушиќ никогаш не би напишал драма...
Post Views: 1
Претпоследната вечер од годинешното 61-во издание на фестивалот „Охридско лето“ е резервирана за Југословенскиот драмски театар од Белград, Република Србија и тетарската претстава „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, во режија на Јована Томиќ.
На сцената „Долни Сарај“ од 21 часот ќе играат српските актерки Jована Беловиќ и Сања Mарковиќ.
Румена Бужаровска во збирката раскази „Мојот маж“ создава портрети на различни жени, а поентата на нивната поврзаност е фактот дека мажите се централен фокус на нивните животи и постапки. Румена, создавајќи ги ликовите на нејзините хероини,...
Post Views: 0
Широк спектар на активни мерки, програми и услуги креира Агенцијата за вработување на Р Македонија. Во тек се повеќе мерки и програми кои се спроведуваат, информира Јован Баткоски од Агенцијата за вработување на РМ од Охрид. Тој нагласи дека една од најпопуларните која постои веќе 10 години е мерката за самовработување, „Од идеја до бизнис“.
„Првиот циклус од оваа мерка за оваа година веќе започна, во нашиот центар аплицираа околу 30 лица од кои 19 успешно го положија тестот и ги остварија потребните предавања со обучувачите и одат во понатамошната фаза, изработка бизнис...
Post Views: 0
Работниот век на Гоце Ангеличин Жура крие непроцентото познавање на црковните споменици. Секојдневно истражувајќи го ова наследство во охридско, смета дека јавноста треба да знае за нивната големина и вредност. Жура укажува дека црковните споменици во руралните средини иако се мали по димензии, значајно е што таму и по доаѓањето на грчката патријаршија во 11 век, се зборувало на словенски, а не на грчки јазик. Тој открива дека вистинско богатство што воопшто го нема ниту во Византиската уметност во Европа е црквата Св.Никола во Велмеј, каде фреските датират до 13 век,...
Post Views: 4
Музичката програма на годинешното 61-во издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со Лирската вечер на фестивалски камерен оркестар и вокални солисти од Македонија под диригентската палка на маестро Паскал Галоа од Франција.
Концертот ќе се одржи во предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Ќе настапат сопраните Милена Арсовска и Гонца Богоромова-Краповски, како и баритонот Иван Наумовски.
Уметничката кариера на Галоа вклучува повеќе активности: покрај исклучително плодната активност како енигматичен и енергичен виртуоз-фаготист и...
Post Views: 0
Во охридско, мразот во полн цвет ги уништи јаболката, лозовите насади и коскеските овошки. Овоштарите и земјоделците бројат огроми штети. Повозрасните охридски овоштари ваква слична непогода не паметат од далечната 1975 година кога од мраз биле уништени овошните и земјоделските површини, раскажува охридскиот земјоделец Ванчо Стојаноски.
„Верувајте прашање е дали нешто ќе се вкуси од нашите овошни култури. Покрај црешата настрадаа оревите, јаболката и сите овошни култури, а дел и земјоделските култури како компирот насаден во Андон Дуков ќе биде тотално уништен, а ќе...
Post Views: 4
Претпоследниот концерт од музичката програма на 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе го одржи тетовскиот Хор „Менада“ под диригентската палка на Ивица Зориќ, вечерва од 21 часот во предворјето на црквата „Света Софија“.
Хорот „Менада“ е основан 1981 година во Тетово и сите овие години е предводен од маестро Ивица Зориќ. На репертоарот на хорот редовно се застапени композиции од најразлични епохи и стилови од македонската и светската хорска а-капела и вокално-инструментална музика. Хорот е добитник на многубројни награди и признанија во земјава, поранешна Југославија...
Post Views: 10
Португалскиот пијанист Васко Дантас вечерва ќе ја збогати музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ со концерт што ќе го одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот.
Дантас e роден во Порто во 1992 година и студиите со највисоки оценки ги завршува на Кралскиот колеџ за музика во Лондон каде студира пијано со Дмитри Алексееев и Нил Имелман и диригирање со Петер Tарк и Наталиjа Луис Баса. Пост-дипломските студии ги завршува на Универзитетот во Мунстер, Германија во класата на Хериберт Кох каде запишува и докторски студии.
Добитник е на повеќе од 50 награди и признанија...
Post Views: 6
86 годишниот Стојан Стојаноски од Охрид, а по потекло од блиското село Орман не потсетува како во минатото во охридско се празнувала Бадниковата вечер со која се најавува Христовото рождество. Стојаноски раскажува дека раѓањето на Исус Христос во нивното село, по препорака на некогашниот поп Наум Маленков, се одбележувало без палење на големи огнови, веселби, пијачки и дабови дрвца. На Бадник домовите се запотнувале со смрекови гранчиња и се палеле помали огнови сред село, исто така од смрека.
„Порано Бадник се одбележуваше поинаку. Децата одеа не коледе квечерина...
Post Views: 0
Проодни се сите патни правци во Охрид и охридско по првите снежни врнежи. Снегот кој наврна синоќа достигна висина околу 20 цм. Сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови, информира Митко Темелкоски од регионалниот Центар за управување со кризи.
„На ниеден патен правец локален и магистрален нема прекин во сообраќајот. Нормално на планинските превои на Буково и Пресека има забрана за движење на тешки моторни возила. Екипите за зимско одржување како што се Охридски комуналец и другите избрани оператори навреме излегоа на сите патни правци, ги расчистија и...
Post Views: 13
Вечерва на програмата на фествиалот „Охридско Лето“ со почеток во 21 часот во црквата св. Софија, концерт ќе одржат Надја Неволович-виолина и Калина Мрмевска-пијано.
Надја Неволович-виолина
Виолинистката Надја Неволович ја красат музичка интуиција, виртуозна техника и интерпретации со голем интегритет, квалитети кои ѝ носат плодна кариера како солист и камерен музичар. Како и многу музички талентирани деца во Русија, таа започнува да учи виолина во специјалното музичко училиште при Конзерваториумот во Санкт Петерсбург. Откако се сели во Германија, студира во класата...