Во охридско мразот ги уништи јаболката и коскеските овошја

Во охридско мразот  ги уништи  јаболката и коскеските овошја.

 |  Валентина Неловска  | 

Во охридско, мразот во полн цвет ги уништи јаболката, лозовите насади и коскеските овошки. Овоштарите и земјоделците бројат огроми штети. Повозрасните охридски овоштари ваква слична непогода не паметат од далечната 1975 година кога од мраз биле уништени овошните и земјоделските површини, раскажува охридскиот земјоделец Ванчо Стојаноски.

„Верувајте прашање е дали нешто ќе се вкуси од нашите овошни култури. Покрај црешата настрадаа оревите, јаболката и сите овошни култури, а дел и земјоделските култури како компирот насаден во Андон Дуков ќе биде тотално уништен, а ќе има штети и во дел од пластеничното производство“, кажува Стојаноски.

Наша голема грешка е што немаме навика да ги осигуруваме земјоделските посеви, вели Стојаноски кој одгледува насади со цреша. Апелира земјоделците во овој период да пристапат кон користење на антистресни средства за да ги заштитат овошките од претпрениот стрес.

Во меѓувреме пак, до Комсијата за проценка на штети при Локалната самоуправа се доставени 70 -тина барања. Охридските земјоделци пријавуваат штети од мразот кој го зафати реонот на 21 април, вели претседателот на комисијата Раде Велјаноски.

„Истиот ден општинската Комисија за проценки на штети по најава на земјодлеците изврши проценка на шетата. Излеговме на терен во сите катастарски општини и во првичниот увид штетите се огромни. Најголема штета има кај коскестото овошје 100 проценти, а исто и кај јаболката и црешите“, подвлекува Велјаноски.

Велјаноски повикува земјодлеците да се јавуват на јавниот повик кој го објави Локалната самоуправа со барања за проценка на штетите. При тоа да приложат имотен лист, трансакциона сметка и лична карта.
Дел од земјоделците од охридско и пред две години претрпеа штети од пролетните мразеви, но во помал обем. Некои од нив сеуште чекаат на обешетување од државата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top