Ознака: охридски

ОХРИДСКИ МУЗИЧКИ ГРУПИ И ПЕЈАЧИ ЗА ДОЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА ВО ОХРИД

Post Views: 11 Охриѓани и гостите кои новогодишната ноќ ќе ја поминат на плоштадот „Свети Климент Охридски“ ќе може да уживаат во музичките изведби на „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта ќе биде Верица Ристеска, а свој перформанс ќе имаат диџеите „Фејс“ и „Гец“ заедно со Јана Слеј. Според планираното, музичка забава на градскиот плоштад ќе биде организирана и на 1-ви јануари, во периодот од 13 до 15 часот, кога ќе настапат познати музички имиња од Охрид со репертоар од охридски композиции. На...

Continue reading

Јордан Пуроски ВД директор на ООУ „Климент Охридски“ Охрид

Post Views: 3 Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков за ВД директор на ООУ „ Климент Охридски“ е именуван Јордан Пуроски кој доаѓа на местото на Наташа Танеска. Пуроски е магистер по информатички технологии и професор по предметот информатика. Новоименуваниот директор упати благодарност до градоначалникот Пецаков за дадената доверба. Пуроски беше директор на гореспоменатата образовна институција во периодот од 2013 до 2017 година.

Continue reading

Топол оброк и чај за вработените од „Охридски Комуналец“ кои синоќа го расчистуваа снегот

Post Views: 2 ЈП „Охридски Комуналец“ уште еднаш покажа дека се грижи за своите вработени. Надлежните на Јавното претпријатие обезбедија топли оброци за сите 92 лица кои беа вклучени синоќа во расчистувањето на снегот од охридските улици и околината на Охрид. Беше поделен и топол чај кој беше обезбеден од кафе барот „Инстинкт“.

Continue reading

Екипите на ЈП ,,Охридски Комуналец” веднаш на терен

Post Views: 6 ЈП „Охридски Kомуналец” ги мобилизира сите оперативни служби со цел полесно справување со снежните врнежи. Снегот се расчистува од јавните пешачки површини во центарот, чаршијата, стариот дел на градот, булевар ,,Туристичка”, повисоките места околу градот, па сѐ до Велестово, со цел да се обезбеди безбедно и непречено движење на граѓаните.

Continue reading

Избрани најдобрите охридски спортисти за 2021 година

Post Views: 1 Избрани најдобрите охридски спортисти на манифестацијата „Најдобрите во спортот за 2021 година“ која доцна попладнево се одржа во големата сала на Општина Охрид. На свечениот настан присуствуваше и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков кој во своето обраќање истакна:  Како долгогодишен спортист и голем љубител на спортот познато ми е тоа неописливо чувство на радост и на гордост, по добиен натпревар и победнички резултат. Тоа е чувство што влева надеж, дава сила и нова желба за уште повисоки цели, за уште поголеми триумфи. Спортските успеси не се само гордост на спортистите,...

Continue reading

Се оддаде почит пред споменикот и моштите на Св. Климент Охридски

Post Views: 5 Во рамките на одбележување на големиот празник Св. Климент Охридски се одржаа бројни активности. На Градскиот плоштад, пред неговото спомен обележје се оддаде почест на Св Климент Охридски светителот и заштитник на Охрид. Пред споменикот се поколонија и положија свежо цвеќе охридскиот градоначалник Кирил Пецаков придружуван од советници од Градскиот совет, а исто така и делегации од политички партии и институции кои го носат неговото име. Во чест на патронот градоначалникот врачи награди за стимулација на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година...

Continue reading

Охридската гимназија го одбележа патрониот празник Св. Климент Охридски

Post Views: 3 Охридската гимназија го одбележа својот патронен празник Св. Климент Охридски. Од оваа образовна установа порачаа дека ќе чекорат по неговиот пат и доследно ќе продолжат да ги пренесуваат неговите вистински вредности оставени во завет. Oваа година патронатот, денот на светиот учител го посветуваме на 30 години од независноста на македонската држава, истакна Весна Цветкоска, директорка на ОСУ „Св Климент Охридски“, а истовремено им упати и порака на гимназијалците.  Можеби сме млада држава 30 години независност, но благодарение на нашиот учител Св Климент Охридски ги...

Continue reading

Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески упати честитка по повод “Св. Климент Охридски”

Post Views: 3 Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески по повод празнувањето на Св. Климент Охридски, упати честитка до сите православни христијани. Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија. Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте. Слава Тебе Клименте ! Честит празник ! – се вели во честитката на Ногачески.

Continue reading

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ВО ЧЕСТ НА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ПАТРОН НА ГРАДОТ ОХРИД“

Post Views: 1 Централното случување во чест на „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“ беше свечената академија што синоќа се одржа во големата сала при Општина Охрид. Пред присутните пригодно обраќање имаше охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.  – Охрид, Македонија и Македонската Православна Црква празнуваат и го чествуваат името и делото на заштитникот свој, Св. Климент Охридски, светител, просветител, етичар и  прв македонски епископ. Огромна е честа, но уште поголема е одговорноста да се најдат соодветни изрази кои ќе бидат на нивото што го заслужил нашиот духовен татко,...

Continue reading

ФОТО ИЗЛОЖБА И МУЗИЧКИ КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Post Views: 7 Во чест на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид, вчеравечер, во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена традиционалната 23-та изложба на Фото клуб – Охрид. На изложбата беа презентирани околу 50 фотографии со најразлична тематика и мотиви, кои се дело на 12 автори. Покрај многубројните љубители на уметничката фотографија, изложбата ја разгледа и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Тој упати честитки до организаторите на изложбата со надеж дека истата ќе продолжи да се одржува и во иднина. Во...

Continue reading

Охрид го слави денот на Св. Климент Охридски

Post Views: 10 Името на Свети Климент чудотворец Охридски е и името на првиот македонски книжевник, духовник и учител. Освен корекција на македонска азбука, глаголицата, која ја нерекол кирилица, основањето на првиот универзитет во Европа, Св. Климетовиот универзитет, значењето на овој светец за просветата и културата во Македонија е и повеќе од возвишено. Припадниците на православната вероисповед денес го прославуваат верскиот празник Св. Климент Охридски, кој е и патрон празник на градот Охрид. Без мисионерската и просветителска дејност на браќата Св Климент и Наум, делото на Светите...

Continue reading

Се решава проблемот со водоснабдувањето кај ЈП „Охридски Комуналец“

Post Views: 3 По утврден дефект на водоводната мрежа на просторот од дирекцијата на ЈП „Охридски Комуналец” кој е констатиран уште пред шест месеци од страна на екипите на ЈП „Водовод”-Охрид и доставени енормно високи сметки за потрошувачка на вода, од 18.01.2022 год. е прекинато водоснабдувањето и се пристапи кон решавање на проблемот. Започнати се градежни активности со копање на водоводен канал и со одобрение од директорот се поставија нови водоводни цевки во должина од 120 метри. Во наредните денови се очекува да се надмине проблемот кој претходно не беше навремено саниран –...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top