Се решава проблемот со водоснабдувањето кај ЈП „Охридски Комуналец“

По утврден дефект на водоводната мрежа на просторот од дирекцијата на Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид кој е констатиран уште пред шест месеци од страна на екипите на Ј.П.„Водовод”-Охрид и доставени енормно високи сметки за потрошувачка на вода, од 18.01.2022 год. е прекинато водоснабдувањето и  се пристапи кон решавање на проблемот.

 |   | 

По утврден дефект на водоводната мрежа на просторот од дирекцијата на ЈП „Охридски Комуналец” кој е констатиран уште пред шест месеци од страна на екипите на ЈП „Водовод”-Охрид и доставени енормно високи сметки за потрошувачка на вода, од 18.01.2022 год. е прекинато водоснабдувањето и се пристапи кон решавање на проблемот.

Започнати се градежни активности со копање на водоводен канал и со одобрение од директорот се поставија нови водоводни цевки во должина од 120 метри. Во наредните денови се очекува да се надмине проблемот кој претходно не беше навремено саниран – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top