Ознака: охридските

rakomet

Охридските гладијатори одат на нова победа на утрешниот дерби дуел со РК Работнички

Post Views: 4 Срцата на нашите ракометни гладијатори чукаат со забрзано темпо пред утрешниот дерби натпревар со ракометната екипа на “Работнички” со која охриѓани во моментот го делат второто место на суперлигашката табела. Тренерот на РК Охрид 2013, Горан Андоноски вели дека играчите, како и на секој претходен натпревар, така и на овој, ќе гинат за секоја топка и ќе бидат максимално мотивирани за нов триумф. “Ние сме пресреќни што во моментов имаме седум победи од девет натпревари и што котираме на второто место на табелата на Супер лигата. Утре не очекува еден...

Continue reading

Значаен успех на охридските хористи

Post Views: 9 На Регионални хорски и оркестарски смотри организирани од страна на Здржение на музички педагози на РСМ кои се одржаа во „СВ. Климент Охридски“ во Охрид “ на 18.04.2019 година во категорија на основни училишта училишниот хор од ОУ „Братство Единство“ под раководство на наставникот Бурим Хидри освои Прва награда со 98 поени. Во категорија на средни училишта Училишниот хор од ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид под раководство на професорот Александар Димоски освои Прва награда со 98 поени. Оркестарот на ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид под раководство на професорот Љупчо Аслимоски...

Continue reading

Охридските советници дискутираа за Проектите од Нацрт програмите за креирање на буџетот за 2022 година

Post Views: 12 Нацрт програмите за туризам и локален економски развој за 2022 година превидуваат реализација на неколку проекти. Вниманието на опозицијата во Градскиот Совет го свртеа проектите предвидени да се реализираат на површина од 400 метри квадратни во поранешната Касарна, адреналински парк, памп патека, како и проектот Смарт Бајк Систем кој предвидува набавка на 60 смарт велосипеди и поставување 10 паркинг места. Изградбата  на адреналинскиот парк во нацрт програмата ќе чини околу 9,6 милион денари, а набавката на смарт велосипедите 160.000 евра. Советникот од ВМРО НП, Ванчо...

Continue reading

Охридските трговци не работат во недела

Post Views: 11 Охридските трговци се дисциплинирани и не работат во недела. Контролите на државниот трудов инспекторат покажале дека охридските трговци го  почитуваат новиот Закон за работни односи. Пријави за прекршоци на законот за неработна недела нема и во кол центарот на инспекторатот каде што може да се дојавуваат вакви неправилности. Нема затекнати прекршувања ни од одредбите на законот за трговија кој што се однесуваат на трговците на мало кои тргуваат со прехранбена стока во нашиот реон, а се во надлежност на Државниот пазарен инспекторат. Цветко Ристески, раководител на...

Continue reading

Охридските хотелиери чекаат резервации за претстојните празници

Post Views: 1 Неизвесни се резервациите на туристите за Дочек на претстојните Новогодишни празници во бројните хотели на охридската ривиера. Охридските хотелиери се загрижени дали ќе останат со празни или полупразни капацитети заради пандемијата во последниот месец од истекот на оваа година.  Оние кои ги контактиравме не сакаа да коментираат дали имаат резервации за Нова година, избегнуваа да дадат конкретен одговор и кусо одговараа дека допрва очекуваат резервации. Ангел Ангелески, менаџер на хотел Нова Ривиера, инфомира дека веќе прават подготовки за новогодишните празници. Очекуваат...

Continue reading

Охридските стрелци изоставени од меѓународните натпревари

Post Views: 2 Само Македонската спортска стрелачка федерација нема никаков слух за охридските стрелци, иако тие во континуитет бележат солидни резултати. Имено, нашите јуниорки кои се на првите три позиции во државата, од страна на федерацијата не се пријавени на ниту еден меѓународен натпревар, па единствено што ни преостанува е да бидат пријавени од страна на клубот на исклучително јаки меѓународни Турнири и Купови каде настапуваат врвни спортисти и олимпијци, а од кои едниот се наоѓа и на официјалната листа на натпревари на меѓународната спортска стрелачка федерација. Имено, викендов...

Continue reading

Охридските теквондисти викендов на турнир во Добој

Post Views: 6 Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овај викенд ќе учествува на меѓународен теквондо итф турнир ДОБОЈ ОПЕН 2017 во Добој,БиХ. кој е еден од најјаките турнири на Балканот. На овај турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион, такмичарите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид , 18 натпреварувачи ќе ги одмерат силите во две дисциплини спаринг-борби поединечно и форми поединечно, неколку јуниори и сениори ќе натпреваруваат во тест на снага и специјални техники. Се надеваме дека и овај пат претсатвниците на Теквондо...

Continue reading

Златен финиш за охридските теквондисти

Post Views: 3 Овој викенд во Орадеа- Романија се одржа меЃународен А класа ИТФ турнир “РОМАНИЈА ОПЕН 2017” кој е најјак завршен турнир за оваа пролетна натпреварувачка сезона. На овај престижен турнир зеде учество и нашиот клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид каде настапи со 5 натпреваруваши , поради полуматурските и матурските прослави.На овај турнир нашите натпреварувачи ги одмерија силите со претставници од 10 земји од регионов од Романија, Бугарија, Србија, БиХ, Унгарија, Австрија, Молдавија ,Чешка, Словенија и Македонија .На овај натпревар како и на секој А класа турнир беше пристуно...

Continue reading

Охридските советници едногласно легализираа 100 бесправно изградени објекти

Post Views: 0 Градските советници и од мнозинството и од опозицијата, на денешната седница на Совет на Општина Охрид едногласно легализираа 100 бесправно изградени објекти. Станува збор за вклопување на дивоградби во Долно и Горно Лакочереј, Лескоец, Велгошти, Куратица, Вапила, Рамне, Охрид 4, Косел, Завој, Речица, Оровник и Орман. На дневен ред се најдоа вкупно 111 предлог одлуки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти од кои 11 одлуки беа повлечени. За нив советниците во Комисијата за урбанизам побарале дообјаснување од Секторот за урбанизам. Раководителот Бранко...

Continue reading

Доделени спортски ваучери за охридските спортски клубови

Post Views: 15 Агенцијата за млади и спорт ги објави износите на доделените спортски ваучери на спортските организации, спортските федерации, спортските клубови и спортистите во индивидуални и во екипни спортови од земјава. Спортски ваучери добија и охридски спортски клубови. Меѓу нив се градскиот ракометен и фудбалски клуб. Градскиот ракометен клуб „Охрид“ доби спортски ваучер на износ од 6.100.000 денари, а фудбалерите од „Лихнидос“ 950.000 денари. Соодветните критериуми или категоризацијата е контролирана од Владата преку државните инстутуции кои имаат надлежност во делот на финансирање...

Continue reading

НОВИ ЛЦД ПРОЕКТОРИ ЗА ОХРИДСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Post Views: 6 Со финансиски средства на Општина Охрид во вредност од 89.090 денари набавени се ЛЦД Проектори со држач за првачињата од ООУ „Братство Единство“ и за четвртоодделенците од основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“ од Охрид. По претходно распишан тендер за изведувач е избрана фирмата ДООЕЛ „Албатрос“ од Скопје. Целта на проектот е да се подобрат условите за реализирање на предвидената воспитно образовна програма за учениците од основните училишта во градов.

Continue reading

ДПИ: Не се затекнати гости во охридските угостителски објекти без сертификат за имунизација

Post Views: 1 Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат продолжуваат со контроли на објектите кои се во нивна надлежност дали се почитуваат измените и дополнувањата на Одлуката за заштита на населението од ковид 19, информира Цветко Ристески, раководител на ДПИ подрачна едница Охрид. Со последните измени посетителите мора да поседуваат сертификат за имунизација со две дози вакцина, а мерките започнаа да се применуваат од 15-ти овој месец.  Во овој период не се констатирани неправилности. Но, се интензивираат контролите како што се наближува викендот. Очекуваме за викенд деновите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top