Ознака: охридските

Охридските јавни претпријатија пред колапс

Post Views: 8 Јавните претпријатија и Локалната самоуправа тонат во финансиски загуби. Тие се соочуваат со тешкотии за исплата на тековни трошоци и за исплата на плати за вработените како резултат на работата на претходните раководства и на превработеност. Енергетската криза, ценовните шокови со енергенсите и новата минимална плата само ќе ја влошат состојбата на претпријатијата. Сашо Донев, претседателот на Советот, упати критика на сметка на Владата затоа што во последниот пакет антикризни мерки нема помош за општините. Сега со минималната плата и со новата цена на електричната...

Continue reading

Охридските превозници на јавен транспорт бараат зголемување на цената

Post Views: 2 Секојдневното зголемување на цените на нафтените деривати ги принуди охридските превозници во јавниот транспорт да бараат зголемување на цената на превозот. Превозниците и такси компаниите за да можат да функционираат бараат од Градскиот совет покачување на цената на билетите во општинскиот линиски превоз и стартната цена на такси превозот. Во линискиот превоз имаше зголемување на цената пред околу еден месец. Цената на билетот беше покачена за 10 денари, а по вчерашниот пораст на горивата превозниците бараат од Советот на град Охрид ново поскапување на билетите за...

Continue reading

НЕПРАВИЛНОСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ДЕЛ ОД ДИРЕКТОРИТЕ ВО ОХРИДСКИТЕ УЧИЛИШТА

Post Views: 4 Во насока на транспарентно и отчетно работење, Секретарот на општина Охрид, Александар Китески на денешната средба со новинарите информира дека дел од директорите во охридските училишта именувани од претходната локална власт иако имаат сериозни претставки во своето работење не сакаат да ги напуштат раководните позиции. Градоначалникот Кирил Пецаков, ниту замислува партизација на образовните институции ниту тоа му е предизвик. Но, од друга страна не можеме да дозволиме овие значајни институции да ги предводат луѓе за кои имаме сериозни индиции дека во определени случаи...

Continue reading

8 трофеи, 14 златни и 33 сребрени медаљи за охридските Бреинобреин генијалци

Post Views: 10 Одлични резултати на охридските бреинобреин генијалци на 7-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 29-ти јануари 2022 година. Во конкуренција од 23 илјади учесници од 72 земји, учениците од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид освоија 8 трофеи, 14 златни медаљи и 33 сребрени медаљи. И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната...

Continue reading

Пчеларите не се убијци, порачаа охридските пчелари

Post Views: 3 Охридските пчелари ги вознемири судска одлука на Основен Суд Охрид изречена против нивен колега со парична казна за каснување од пчели.  Пчеларите го кренаа гласот против како што велат апсурдната судска одлука со која пчелар треба да му исплати оштета на охриѓанец и административни трошоци во висина од 15.000 евра. Револтирани пчеларите реагираат на висината на изречената казна и на третманот кон  пчеларите. Бараат институциите да се изјаснат дали пчеларството треба да згасне во нашата земја. Пчеларот, Лазо Грозданов потсетува од какво значење се пчелите за...

Continue reading

Уште една еко-акција на охридските активисти

Post Views: 1 Десет активисти и граѓани денеска собраа 15-тина вреќи ѓубре од плажата кај поранешната детска болница во Охрид. „Чист Охрид“ заедно со „Енхелеус Лихнид“ и „Еко Туризам“ исчистија уште една мини депонија создадена од несовесни граѓани.  Повторно упатуваме апел да се собира ѓубрето што го создаваме сите ние и да го одложуваме таму каде што му е место. Тоа е првиот чекор кон унапредување на животната средина за која сите ние треба да се грижиме! Благодарност до сите што учествуваа, се гледаме на друга акција, за почист и поубав Охрид – велат од „Чист Охрид“. ...

Continue reading

rakomet

Охридските гладијатори подеднакво ќе атакуваат на два фронта

Post Views: 14 Два натпревари од ракометниот куп на Македонија едноподруго во кои нашите гладијатори ќе ја носат фаворитската улога. Екипите на Тинекс Пролет и Прилеп ќе бидат добра градација за она што следува во среда, кога ракометарите од Охрид 2013 ќе играат против Зомимак од Струмица во продолжението од плеј оф натпреварите од ракометната машка Супер лига. “На овие два натпревари ја имаме фаворитската улога, се надевам дека ќе ја оправдаме, па со добар ждреб се надевам во фајнл форот од купот на Македонија би можеле да стигнеме и до финалето. Накратко за овие два противници....

Continue reading

Поголема побарувачка за аранжмани во охридските хотели пред Новогодишните празници

Post Views: 10 Поголема продажба на туристичките аранжмани за новогодишните празници во охридските хотели се очекува кон крајот на овој месец. Новогодишната ноќ во Охрид ќе ја дочекаат домашни гости, но и туристи од регионот од Албанија, Косово, Србија и поединечни патувања од други дестинации, кои ќе ги исполнат сместувачките капацитети од 80 до 90 посто, најавува Љупчо Јанески, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, иако хотелиерите стравуваат дека ќе останат со полупразни капцитетети. Поради новиот сој на корона вирусот, состојбата во Европската унија и...

Continue reading

Охридските советници именуваа нови членови на управните и надзорните одбори во ЈП

Post Views: 11 Точките на дневен ред на петтата седница на Совет, посветени на разрешување на старите и избор на нови членовите во Управните и надзорните одбори на јавните претпријатија разгореа дискусија со партиски препукувања. Независниот советник Антонио Наумоски, на самиот почеток на седницата изрази незадоволство од предложените кандидати за членови на Управните и надзорните одбори и побара имињата да бидат објавени за да има увид јавноста по кои критериуми се именуваат и дали имаат искуство во областа.  Евидентно е партиско силување врз јавните општински претпријатија. Нестручноста...

Continue reading

Охридските советници на обука за транспарентност и отчетност

Post Views: 3 Охридските советници имаа можност да бидат дел од обуката за транспарентност и отчетност која се одржа во Скопје. Заедно со членовите на Советот на Општина Охрид, Секретарот на Општината и претставници од општинската адиминистрација присуствуваме на Обука за обезбедување кохезија-градење соработка, транспарентност и отчетност во општинското управување во организација на National Democratic Institute & OSCE Mission to Skopje. Цврсто сме одлучни за поттикнување политички дијалог, инклузивно креирање политики и инклузивен процес на носење на одлуки-улоги и одговорности,...

Continue reading

strelci

Успешно завршена натпреварувачка сезона на охридските стрелци

Post Views: 9 Викендов во Скопје, на стрелштето во гимназијата Раде Јовчески Корчагин, се одржа последниот петти Куп во гаѓање со воздушно оружје- меѓународна програма, на кој учество зедоа 11 стрелци од Стрелачкиот клуб „Охрид“, сите во јуниорска категорија. Во категорија на јуниори, Гоџоски Мартин застана на првата позиција со резултат од 371,6 кругови или во севкупен пласман-категорија мажи е третопласиран. Попоски Васко со резултат од 564,6 кругови е третопласиран кај јуниорите, односно петтопласиран во севкупен пласман. Големо изненадување направи Иво Илинчев, кој го постави...

Continue reading

Бочварски на средба со охридските бродари

Post Views: 3 Министерството за транспорт и врски и Капетанијата на пристаништа ќе направат законски измени и ќе излезат во пресрет на барањата на бродарите во Охрид за да се овозможи полагање за професионалниот сертификат за пловење да се врши во земјава според нашите законски прописи. Доколку постојат законски можности, преку разговори со локалната самоуправа, пристаништето ќе се врати под управување на централната власт за да може полесно да се вршат инвестициски зафати и да се овозможи безбеден сообраќај на бродовите. Ова беше договорено на денешната средба која во Охрид се оддржа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top