Ознака: останатите

paricka

Во ТВМ паричката ја пронајде Валентина Неловска

Post Views: 8 Во Телевизија ТВМ не размислувавме многу околу познатата дилема, дали да вртиме лепче со паричка на Бадник или на Стара Нова година. Денес ги смогнавме сите расположливи кадровски сили, па свртевме убав колбурек со скриена паричка и ја испочитувавме оваа интересна традиција. Најсреќна, помеѓу вработените беше колешката Валентина Неловска, која го пронајде паричето, а кое веруваме дека ќе и донесе среќа и бериќет, неа и на нејзиното семејство во оваа, 2015та година. Останатите, уживавме во вкусниот бурек. {loadposition content9}

Continue reading

лого

Густа магла на планинскот превој Стража

Post Views: 4 Авто- мото сојузот на Македонија информира дека на планинскиот превој Стража има појава на магла и дека видливоста е до 100 метри. Магла има и на патниот правец кон Крушево каде видливоста е до 50 метри, додека на патните правци кои водат кон Маврово видливоста е до 40 м. Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. {loadposition content9}

Continue reading

den na drvoto

Градоначалникот Никола Бакрачески го засади првото дрвце во акцијата Ден на дрвото

Post Views: 28 Во Охрид од денес започна акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Градоначалникот Никола Бакрачески, претседателката на советот Гордана Коњаноска, секретарот Димитар Спасески и директорите на јавните претпријатија засадија неколку дрвца на кејот на езерото. Радува фактот што од година во година бројот на заинтересирани лица кои се приклучуваат кон акцијата се зголемува и она што особено треба да се истакне е дека расте свеста на младите генреации за оваа една од позначајните акции на владата, рече градоначалникот Бакрачески. Утре во рамките на акцијата на...

Continue reading

vino

Грција ќе ги тужи маркетите кои продаваат македонско вино

Post Views: 2 Македонското вино во Европа може да се продава како македонско само ако доаѓа од соседна Грција. Лути на германските дистрибутери и ланците на супермаркети кои сеуште на полиците имаат од виното произведено кај нас, сопствениците на винарници од северна Грција вчера подготвија тужба. Јанис Војацис за грчкиот сајт АНА-МПА, вели дека маркетите кои ги почитуваат европските права ги отстраниле спорните за нив вина, останатите ќе се соочеле со тужба. Војацис додава дека офанзивата е зголемена. Алармирани биле сите амбасади во Европа, со цел да се спречи, како што изјавува,...

Continue reading

knizara

Нова учебна година, стари маки

Post Views: 1   Започнуваат главоболките кои се вообичаени пред почетокот на секоја учебна година. Се ситнат деновите до први септември. Децата, пред се  првачињата се возбудени, но нивните родители се загрижени. Тие од својот буџет ќе треба да издвојат околу 3000 денари за да го опремат своето прваче со школски прибор и со ранец. Само за илустрација тетратките од мал формат чинат од 15 до 35ден., тетратките од А4 формат чинат од 30 до 60ден., дрвените боици во зависност од квалитетот и производителот чинат од 90 до 140 ден., фломастерите се од 70 до 200ден., моливите и пенкалата...

Continue reading

галерија

Слаба посета на Галеријата на икони

Post Views: 6 Туристите најголем интерес покажваат за посета на Музејот на вода во Градиште. Познат и како  Заливот на коските овој локалитет станува се попривлечен за посетителите од година во година. За 6 години од неговото отварање до овој момент него го посетиле над 230.000 посетители, информира директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска. Напоменува дека имаат склучено договор  со туристичката агенција Фибула за организирана посета на странски гости на овој музеј.  Отворени се  за соработка и со останатите агенции. Доколку агенциите  склучат договор за носење  тури...

Continue reading

пат

ЈП „Комуналец “хортикултурно ќе ги уредува сообраќајниците во градов

Post Views: 0 Хортикултурно ќе се уредува зелениот појас на патниот правец Охрид-Св. Наум. Иако овој магисрален пат е под ингеренции на Македонија пат, Јп „Комуналец“ согледувајќи ја потребата од негово уредување на сопствена иницијатива ќе го исчисти, нивелира и оплемени просторот. -Во наредниот период подготвени сме да направиме два бунари и на целиот ќе се постави водоводна мрежа за наводнување, а наесен ќе го озелениме со соодветни растенија за ваков простор, вели Елена Скрческа, директорката на ЈП „Комуналец„. Директорката вели дека ќе се погрижат за хортикултурно уредување ...

Continue reading

donatorska

Лајонс клубовите донираа на ранливите категории

Post Views: 4 Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид ја организираше традиционалната донаторска акција во месец јуни. Оваа акција велат дека ќе продолжи и во наредните години. Особено се задоволни бидејќи во оваа нивна акција добиваат поддршка и од останатите лајонс клубови и хуманитарни организации од градов. Благодарност добија и од Црвениот крст од Охрид преку кои се спроведе оваа акција. „Оваа акција секогаш ни е поддржана од сите други лајонс клубови, лајонс клуб „Лихнидос“, „Охрид“, „Деница“ и „Ротари“ клубот. Собраните донаторски средства оваа година одлучивме да ги дадеме во вид...

Continue reading

И Кина не е поштедена од тероризам но…

Post Views: 3 Осум лица, меѓу кои и тројца кои ја “осмислиле” сообраќајната несреќа на главниот пекиншки плоштад Tiananmen во октомври минатата година, се егзекутирани, објавила државната власт. Имено, во налет на автомобил во насобрана маса луѓе смртно настрадаа 5 лица, додека уште 40 беа повредени. Кинеските власти екзекутирале осум лица обвинети за терористички напади во западната покраина Xinjiang. Xinjiang е покраина во која живее народот Ујгури со муслиманска вероисповест, а кинеските власти нападите ги препишаа на исламистичките сепаратисти кои сакаат независна...

Continue reading

krlezi

Внимавајте, почна сезоната на крлежите

Post Views: 6 Внимавајте, почна сезоната на крлежите. Наглото зголемување на температурите после долгата и влажна зима се идеални услови за нивно размножување. Ги има во грмушките, високите треви, на дрвјата, а граѓаните често се жртви на овој пајаковиден членконог. –Ми се закачи крлеж и отидов на лекар па интервенираа. Многу непријатна случка. Сега многу внимавам кога се движам каде што има високи треви, вели еден наш сограѓанин. –Крлежите ги има по тревата ама и од милениците. Тие што имаат кучиња и мачки треба да водат сметка за нив, вели една охриѓанка. Лекарите објаснуваат...

Continue reading

kapak

Уличното осветлување повторно на мета на вандалите

Post Views: 13 После информацијаата на „ТВМ“ во врска со  систематското уништување на дрворедите на  охридската улица „Марко Цепеков“од страна на вандалите, како и капаците од електричните столбови за улично осветлување, беше рeагирано од страна на локалната и беше санирано оштетувањето. Но повторно утрово жиците и останатите екелтрични елементи од внатрешноста на неколку од електричните столбови за улично осветлување, од оваа улица повторно изложени. Илузорно е да се зборува за опасноста која демне за пешаците, а посебно за децата со оглед на фрекфентноста на оваа улица, но изгледа...

Continue reading

sud

Илјадниците тужби против ЕВН, пресудни за лошата оценка на охридскиот суд

Post Views: 3   Основните судови од Охрид и Штип, како и Вишиот Управен суд се трите судски инстанци кои потфрлиле во својата работа, според генералната оценка на Врховниот суд за изминатата година. Според извештајот за работата на судовите за 2013 година Охридскиот суд не го совладал приливот на предмети. Лавината од тужби кои паднаа врз охридскиот суд 9242 на број, пристигнати само во 2013 до толку го зголеми обемот на работа што судот не успеа во целост да се справи. Илјадниците тужби на граѓаните против ЕВН за стекнување без основ, односно за незаконски наплатените 6 ден за манипулативни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top