Ознака: основни

На две основни училишта и на општинската зграда поставени сончеви колектори

Post Views: 8 Заврши проектот за поставување фотоволтаични системи на две основни училишта и на општинската зграда. Сончевите панели во површина од 100 метри квадратни кои ќе даваат енергија од 15 киловати, веќе се монтирани на училиштето Живко Чинго во с. Велгошти, Св. Наум Охридски во с. Пештани и на зградата на Општина Охрид. Останува уште некои поситни технички работи да бидат завршени за да почне нивното користење. Наскоро ќе имаме производство на електрична енергија во двете училишта и во општина Охрид и тоа чиста електрична енергија добиена по еколошки пат, Томе Џамтоски-портпарол...

Continue reading

Основни училишта ја почнале учебната година без извршена дезинфекција и дератизација на објектите

Post Views: 4 Неколку основни училишта пред почетокот на школската година не презеле превентивни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација на нивните објекти, информираат од Центарот за јавно здравје. Според законот за јавна заштита училиштата, градинките и образовните институции се должни да ги спроведат превентивните мерки за заштита на учениците, но има школи кои тоа не го напрaвиле , кажува Сашо Точков директор на Центарот за јавно здравје. „ Имаме случаи ние сакаме да излеземе во пресрет но трошиме средства и реагенси кои ги купуваме и кои чинат. Менаџерските тимови...

Continue reading

Учениците од охридските основни и средни училишта останаа без организиран превоз

Post Views: 3 Првиот училишен месец започна без организиран превоз за охридските основци и средношколци. Организиран превоз нема, а причината се лоцира во ненавремено спроведен тендер за избор на превозна компанија, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски. „ Грешка е и во училиштата и во Локалната самоуправа. Факт е септември, прв месец од учебната година учениците ќе мора да се снаоѓаат сами за превоз до училиштата. По постапката по отварање на јавниот тендер по 14 септември , кон крајот на септември и почетокот на октомври,  кога ќе заврши постапката ќе има организиран превоз...

Continue reading

ОБЈАВЕН ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС

Post Views: 3 Општина Охрид објавува Ликовен и Литературен конкурс во соработка со охридските основни училишта во склоп на Програмата на одделението за заштита и влијание на животната средина. Конкурсот е на тема „СОНЦЕ, ПЛОДОВИ И ЛИСЈА ЦРВЕНИ И ЗЛАТНИ НАСЛИКАНИ НА НАЈУБАВОТО ЕСЕНСКО ПЛАТНО“. Повеќе информации прочитајте на следниот линк

Continue reading

Замена на старата дограма е најприоритетно за повеќето охридски основни училишта

Post Views: 1 На врвот од прироитетните листи во повеќето основни училишта во градот е замена на дотраената дограма. Поставување на современи врати и прозори е приоритет за менаџерите на училиштата кои успеавме да ги исконтактираме. Силвија Мојсоска директор на ОУ Григор Прличев ја нагласува оваа потреба ,а кажува дека за старата училишна зграда која претрпела помали ошетувања во јулскиот земјотрес добиле препораки да се реконструираат ходниците и ѕидовите. Потреба има и од промена на подни плочки во двете училишни згради, напоменува Мојсоска. Во една од најстарите училишни згради...

Continue reading

terezija

Денес е Светски ден на социјалната правда

Post Views: 15 Социјалната правда е состојба во која поголемиот дел од луѓето во едно општество или сите негови членови имаат исти основни права, можности обврски и социјални бенефиции. Како клучна вредност на социјалната работа , таа изискува застапување на клиентот во борбата против дискриминацијата, репресијата и институционалните нееднаквости „Јазот помеѓу најсиромашните и најбогатите е огромен и се повеќе се зголемува. Ние мораме да направиме што е можно повеќе, на индивдуалецот да му обезбедиме пристојна работа, да го заштитиме преку програма на  соодветна социјална заштита,...

Continue reading

Пет основни правила за користење на клима уред

Post Views: 6 Целта на вградување на клима уредот во просториите е да осигура попријатни животни и работни услови, но нивното користење може да има и негативни последици кои можат лесно да се избегнат доколку се придржувате на овие пет основни правила.–Разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура не смее да биде превисока, поточно поголема од 7 до 10 степени, а во спротивно организмот не може во краток период да се прилагоди на промената на температурата и доаѓа до шок на организмот кој влијае негативно на здравјето. Долготрајно изложување на ладно влијае на работата...

Continue reading

taxi shanghai

Такси служба од иднината

Post Views: 8 Вообичаено, кога се качуваме во такси очекуваме од возачот да има некои основни познавања за тоа каде се наоѓаат познатите места во нашиот град. Како и да е, во Шангај, такси возилата имаат цела технологија – тие работат со мапи кои се навистина ефикасни. Може да се каже дека овие таксисти ја претставуваат новата генерација на такси кои поседуваат висока технологија. Како што можете да забележите на сликата подолу, такси возачите во Шангај користат голем број на различни гаџети вклучувајќи и паметни телефони и преносни компјутери. Возачите ја користат оваа технологија...

Continue reading

Охридските основни училишта со различни искуства за собирните акции

Post Views: 6 Доброволните собирни акции на парични средства за разни потреби во охридските основни училишта редуцирани и со строги критериуми. Најчесто акции се организираат за потребите на учениците од социјално ранливите категории кои учат во истото училиште. Како што пренесе Јордан Пуроски директорот на ОУ „Св Климент Охридски“ , собирни акции од типот прибирање финансиски средства за изведување на некој оперативен зафат во и надвор од земјава имаат 1 до 2 во текот на школската година, но доколку има потреба да бидат собрани средства за ученик кој не учи во нивното школо тоа го...

Continue reading

школи

Двојки, тројки и четворки за охридските основни училишта

Post Views: 0 Музичкото основно училиште Методи Патче е меѓу 8 -те најдобри училишта во земјава. Ова е оценката од извештајот на интегралната  евалуација за 2015  која Државниот просветен инспекторат ја прави во училиштата на секои три години. Просветните инспектори ја скенираат  работата на училиштата во повеќе сегменти според кои училиштата ги добиваат оценките. Инспекторите го оценуваат менаџирањето на училиштето, постигнатиот успех на учениците, условите за работа, реализацијата на наставните програми и планови, климата за работа, меѓучовечките односи. Досега со најдобра оценка...

Continue reading

deca

Охридските основни училишта се без логопед

Post Views: 3 Охриѓанчиња  имаат се повеќе потреба од корекција на  говорот. Тие во моментов се препуштени само на еден логопед кој работи во општата болница. Од градинката Јасна Ристеска и основните училишта сигнализираат дека  расте бројот на децата кои пелтечат, неправилно читаат и пишуваат, лошо изговараат одредени гласови или имаат проблем со искажување на комплетна реченица. Во градинката каде што се згрижени 850 деца од пред две години е ангажиран само еден логопед. Од 400 дечиња на возраст од 4 до 6 години, голем е бројот на оние кои имаат проблем со изговарање на одредени...

Continue reading

josip broz tito

Струшките училишта од денес со редовна настава

Post Views: 8 Уште во текот на вчерашниот ден, струшките основни училишта добија струја. Моментално, состојбата со прекинот со снабдувањето со електричната енергија во ОУ “Јосип Броз Тито” и “Браќа Миладиновци” во Струга како и подрачните училишта во селата Враништа, Мислешево и Радожда е решена. Инаку причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е акумулираниот долг на струшките основни училишта кој изнесува 5 милиони денари. Општина Струга презеде обврска да го исплати и веќе се договори со ЕВН за плаќање на рати. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top