Ознака: основни

маркица општина охрид

Нови директори на две основни училишта

Post Views: 6 Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, за нов В.Д. директор на ОУ „Св. Наум Охридски“  – Пештани именуван е Илија Стојаноски. Тој доаѓа од редот на вработените. За В.Д. директор во ОУ „Кочо Рацин“ именувана е Славица Котеска. Славица доаѓа од редот на вработените. Градоначалникот Кирил Пецаков, на досегашните директори на основните училишта „Св. Наум Охридски“ – Пештани и „Кочо Рацин“, Зоран Целески и Соња Спасеска им се заблагодарува за придонесот и соработката.

Continue reading

Општина Охрид планира подобрување на енергетската ефикасност на три основни училишта

Post Views: 9 Општина Охрид се подготвува за реконструкција на три општински основни училишта. Во втората половина од оваа година ќе се подобрува енергетската ефикасност во основните школи „Христо Узунов“, „Братство Единство“ во населба Лескајца и „Св. Климент Охридски“. Средствата од Светска банка се одобрени за реконструкција на фасади, дренажа и замена на дотраена дограма. За дополнителни зафати кои треба да влезат во проектната апликација се одржа јавна дебата на која беа дадени предлози што да се подобри во училиштата од страна на претставници на школите. Христо Узунов Реконструкција...

Continue reading

НОВИ ЛЦД ПРОЕКТОРИ ЗА ОХРИДСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Post Views: 6 Со финансиски средства на Општина Охрид во вредност од 89.090 денари набавени се ЛЦД Проектори со држач за првачињата од ООУ „Братство Единство“ и за четвртоодделенците од основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“ од Охрид. По претходно распишан тендер за изведувач е избрана фирмата ДООЕЛ „Албатрос“ од Скопје. Целта на проектот е да се подобрат условите за реализирање на предвидената воспитно образовна програма за учениците од основните училишта во градов.

Continue reading

Наставниците од основни училишта имаат можност да напредуваат во звање „ментор“ и „советник“

Post Views: 0 Во тек е првиот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање „ментор“ и „советник“. Тоа  подразбира и стекнување на дополнителен паричен надомест за наставниците како дел од личниот доход од работниот ангажман. „Се работи за право кое произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, креиран како дел од Планот за темелна реформа на националниот образовен систем, и има за цел да влијае на личната мотивација на наставниците за работа и да придонесе за подигнување на дигнитетот и општествената важност...

Continue reading

Пет основни училишта од Струга со блокирана сметка

Post Views: 2   Пет струшки основни школи новата 2017 година ќе ја започнат со блокирана жиро сметка. Овој проблем години наназад се провлекува во ОУ „Јосип Броз Тито“, „Браќа Миладиновци“, Струга, „Зини Хани“ Велешта, „Ашим Агуши“ Радолишта и „Св. Климент Охридски“ Драслајца. Најголемиот дел од долговите се однесуваат на неплатени сметки за струја, нафта, комуналии и за превоз на учениците, вели директорот на ОУ „Јосип Броз Тито“, Тони Савески. „Тоа трае повеќе од три години…што се однесува до материјално-финансиското работење во училиштето, можам со еден збор да речам..страшно...

Continue reading

Царовска на онлајн состанок со над 200 директори на училишта

Post Views: 1 Министерката за образование и наука Мила Царовска, имаше координативен онлајн состанок со над 200 директори од основни и средни училишта во државата. На состанокот се разговараше за сите актуелни прашања и за организираноста за стартот на учебната година во услови на пандемија. Министерката во разговор со директорите истакна дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација и воспоставувањето на онлајн платформата, но го забрзува и целиот процес на модернизација на образовниот систем. Царовска истакна дека за прв пат државата создава еден ваков сложен онлајн систем...

Continue reading

Охридските основни училишта ги чекаат смарт таблите

Post Views: 12 Модерната технологија која се воведува во основното образование од прво до четврто одделение полека ги заменува зелената табла, кредата и сунѓерот, со смарт табли. Во рубриката Ти Си Твојот Град, родителите кои ги пополнија анкетните прашалници за состојбите во образованието имаат забелешки за опременоста на училиштата со нагледни средства, пред се со интерактивни табли.  Во време на дигитализација смарт таблите се од големо значење за интерактивност помеѓу наставниците и учениците во совладување на наставата и проверка на знаењата, децидни се наставниците. Охридските...

Continue reading

Сите ученици неможат да следат online настава во охридските основни и средни училишта

Post Views: 2 Во општините Охрид и Дебрца има основци и средношколци кои не можат да си дозволат следење на online настава. Причините се различни, учениците не можат да си дозволат компјутери, смарт телефони или интернет пристап и не се вклучени во вонредниот наставен процес. Повеќето од нив се од семејства во социјален ризик, но има и такви каде што родителите се немарни. Во Средното угостителско училиште Ванчо Питошески 15 проценти од нивните ученици немаат пристап до интернет за да се вклучат во вонредниот порцес на настава. Станува збор за 30 ученици од различни класови кои во...

Continue reading

Струшките основни училишта добија струја

Post Views: 1 Учениците од струшките основни училишта се враќаат на настава, ЕВН им пушти струја. Како што веќе информиравме поголем дел од основните училишта во Струга, од почетокот на учебната година немаа електрична енергија поради неплатени сметки, поради што неколку дена ја бојкотираа наставата. „Струјата денеска е уклучена и мислам дека во иднина нема истото да се повтори, проблемите веќе се надминати, издржавме без класичен бојкот, вршрвме притисоци на надлежните институции, имавме поднесено барање и известување до републичкиот инспекторат за образование, исто така и општината...

Continue reading

Цветковски : Народот бара правда и основни услови за живот

Post Views: 4 Народот бара правда и основни услови за живот, кажа Гоце Цветковски кандидат за Градоначалник на Охрид од ТМРО на синоќешниот митинг во населбата Видобишта. Во Охрид има многу проблеми кои треба да се решат, но досега династиите коишто владеат, како што рече Цветковски, не покажаа интерес за решавање на основните проблеми на граѓаните. Истите проблеми се и во Видобишта, Лескоец и во Лакочереј и во Охрид. Тие сакаат плоштадот да го прават. Не го прашаа народот дали сакаат плоштад да се направи. Сите бараат основни услови за живот, а овие плоштадите ќе ги реновирале на...

Continue reading

Нема најави за штрајк во охридските основни и средни училишта

Post Views: 0 Вработените во образовната дејност во охридските основни и средни школи нема да штрајкуваат. Ниеден Синдикат за образование, наука и култура во општинските училишта не поднесол изјава до дирекотрите за најава на предупредувачки штрајк на првиот ден на новата учебна година. Поголем број директори од основните и средни училишта кои ТВМ Телевизија успеа да ги контактира информираат дека нивните образовни установи се подготвени без пречки да стартува првиот училишен ден, посебно важен за првачињата кои треба за прв пат да седнат во училишните клупи. Претседателот на СОНК...

Continue reading

struja

ЕВН ги исклучи од струја и струшките основни училишта

Post Views: 20 ЕВН почна да исклучува и во Струга. Наставниот процес во сите основни училишта се одвива во студени и недоволно осветлени училници, а часовите траат до 15 минути. Проблемот датира од пред неколку години информираше в.д директорот на ОУ „Јосип Броз Тито“, Тони Савески. Наследениот долг по однос на неплатени сметки за електрична енергија на училиштето изнесувал околу еден милион денари. „Проблемот ескалираше вчера во пладневните часови околу 12 часот бевме исклучени. Од моите сознанија разговарано е и се очекува можеби во текот на денешниот ден проблемот да се реши“ –...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top