Ознака: оружје

Заменете ги дозволите за поседување оружје

Post Views: 1 Министерството за внатрешни работи ги информира сите граѓани од републикава, дека согласно одредбите од Законот за оружјето, рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје истекува на 12-ти април. До наведениот рок граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена.Рокот за замена се однесува на дозволите за поседување и носење на оружје, овластувањата за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје. Барањето треба да...

Continue reading

svr

Тепачка во Струга

Post Views: 17 Синоќа околу 21 часот и 30 минути, во Струга, случено е нарушување на јавниот ред и мир, во кое учествувале најмалку четири лица. На паркинг просторот кај женска плажа во Струга, најнапред настанала вербална расправија која за кратко време прераснала во физичка пресметка во која,   употребено е огнено оружје пиштол. Притоа, лицата М.Н.(35 ) од Струга и В.Т. (31 ) од струшкото село Калишта, се здобиле со прострелни рани во пределот на долните екстремитети додека  Д.К. (28) од Струга се здобил со убодни рани во пределот на стомакот. Истите, се пренесени во Општата болница...

Continue reading

Црн Дрим Струга

Физичка пресметка меѓу Стружани и Кичевчани, пронајдено и оружје

Post Views: 0 На 08.11.2021 во 22,15 часот, полициски службеници од ОВР Струга од слобода ги лишија З.З.(50), С.З.(24), Е.И.(30) и Е.П.(26), сите од Кичево, затоа што околу 21.45 часот на улицата ,,Пролетерски Бригади” во Струга, физички ги нападнале Б.М.(31) и Р.М.(55), двајцата од Струга. При преземање мерки, полициските службеници кај Е.П. пронашле и одзеле пиштол „ЦЗ-85 Лугер” калибар 9 мм и една рамка со 12 куршуми. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Милано – пукање во судница, убиени две лица

Post Views: 4 Во палатата на правдата во Милано, денес претпладне, околу 11 часот, дошло до пукотници во кои се убиени две лица, а има и ранети. Помеѓу убиените е и судијата, јавува RT.Полицијата е во лов по убиецот кој утрово упаднал во судот, го активирал противпожарниот аларм и потоа почнал да пука од огнено оружје. Сомнежите се дека напаѓачот е обвинет во случај со банкрот за кој е одржано рочиште еден ден претходно. Палатата на правдата е евакуирана а напаѓачот е идентификуван како Claudio Giardelo и медиумите шпекулираат дека тој сеуште се наоѓа во зградата. {loadposition c...

Continue reading

Дрога и оружје во домот на 50-годишен маж од струшко Заграчани

Post Views: 3 ОВР Струга поднесе кривична пријава против З.А. (50) од струшкото село Заграчани, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При извршен претрес во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 18 патрони-муниција за ловна пушка калибар 16 милиметри и смола од наркотична дрога хашиш, што нелегално ги поседувал – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Идентификувани напаѓачите на терористичкиот напад во Тунис

Post Views: 0 Туниските власти објавија видео снимки од надзорните камери кои ги покажуваат напаѓачите додека наоружани со калашникови одат и го изведуваат нападот во една од салите на музејот Bardo во Тунис, каде беа убиени 21 лице. Едноминутната снимка која ја објавило министерството за внатрешни работи на својата официјална страница на Facebook се прикажуваат двајца мажи како одат со оружје в рака во една од салите од музејот, а потоа се прикажани и нивните мртви тела. Двајцата напаѓачи се идентификувани како средношколецот Jabeur Khachnaoui од покраината Касерина и 27-годишниот...

Continue reading

Црн Дрим Струга

Пронајдено оружје кај 49-годишен стружанец

Post Views: 6 Полициски службеници од Полициската станица Струга, вчера го лишиле од слобода С.А.(49) од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „Зброевка“ калибар 7,65 мм, еден сигнален пиштол „Гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал – информираат од МВР. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue reading

petkratno ubistvo

Откриени сторителите на петкратното убиство кај Смиљковци!

Post Views: 5 Станува збор, како што соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за група од Скопје- следбеници на радикалниот ислам. Приведените војувале во Авганистан и Пакистан против НАТО војници. Од приведените, некои се директно инволвирани во убиствата, за што има и материјални докази, но има и лица за кои нема податоци. Најголем дел од нив се македонски државјани. При извршените претреси во 26 објекти во полициската акција „монструм“, пронајдено е поголемо количество оружје, а во тек е вештачење дали е користено во петкратното убиство. Според Јанкулоска...

Continue reading

svr

СВР Охрид пронајде недозволено оружје и муниција кај двајца охриѓани

Post Views: 11 Поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело “Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ СВР Охрид, поднесе кривична пријава против М.О.(25) и М.О.(51) двајцата од Охрид. На петти мај оваа година, во домот на пријавените, при извршен претрес, пронајдени се еден пиштол марка „Црвена Застава“ калибар 7,65 милиметри, еден ловечки карабин марка „Црвена Застава“, една ловечка пушка „Бреда“ калибар 12 милиметри и една малокалибарска пушка марка „Руска“ калибар 22 милиметри. Покрај тоа, полициските службеници пронајдоа и...

Continue reading

sefovi policii JIE

Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово со заеднички сили против нелегалната трговија со оружје

Post Views: 5 Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово заеднички ќе работат на сузбивање на нелегалната трговија со оружје. Денес шефовите на полициите од овие земји потпишаа и меморандум за соработка со кој се официјализира и формирањето на експертска група која ќе работи на подигнување на превенцијата, ефикасноста, оперативноста и соработката во справувањето со овој вид на криминал. Петер Доналд Колмрон од Нордиската полиција и царински врски смета дека официјалното формирање на експертската група од Југоисточна Европа и тоа како ќе придонесе за откривање на нелегалната трговија...

Continue reading

lebedik

Полицијата во Клиарвотер влезе во трага на убијците на Зорана Лебедик ?

Post Views: 8 Полицијата уапси двајца осомничени за двојно убиство во Клиарвотер. Се проверува дали истите се одговорни и за убиството на 35 годишната Македонка.Детективите се сомневаат дека за трите убиства е употребено истото оружје. Полицијата уапси двајца осомничени за убиството на двајца мажи во Чери Харис Паркот, кое беше извршено на 15 октомври. Уапсени се 20 годишниот Исидоро Сантијаго Џонс и неговиот брат Карлос Бенито Џонс, осомничени за убиството на 46 годишниот Петер Раковски и 58 годишниот Колберт Колинс – извести полицијата. Полицијата сега проверува дали пиштолот со...

Continue reading

Големи пропусти во безбедносниот систем на аеродромот во Франкфурт

Post Views: 0 Истражување под покровителство на Европската унија открило големи пропусти во безбедносниот систем на аеродромот во Франкфурт, најголем во Германија, каде оружје неприметено ја  поминало контролата на патниците, известува германскиот весник Bild Am Sonntag. Лошата обука е главната причина на тие пропусти, спрема тајната истрага која е спроведенa по иницијатива на Европската унија, открива весникот. Еден од двајца инспектори успеал да пренесе оружје и опасни супстанци низ безбедносната контрола на патниците. Извештајот на ЕУ предупредува на очигледната неспособност на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top