СВР Охрид пронајде недозволено оружје и муниција кај двајца охриѓани

Поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело “Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ СВР Охрид, поднесе кривична пријава против М.О.(25) и М.О.(51) двајцата од Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

Поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело “Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ СВР Охрид, поднесе кривична пријава против М.О.(25) и М.О.(51) двајцата од Охрид.

сврНа петти мај оваа година, во домот на пријавените, при извршен претрес, пронајдени се еден пиштол марка „Црвена Застава“ калибар 7,65 милиметри, еден ловечки карабин марка „Црвена Застава“, една ловечка пушка „Бреда“ калибар 12 милиметри и една малокалибарска пушка марка „Руска“ калибар 22 милиметри. Покрај тоа, полициските службеници пронајдоа и седум куршуми пиштолска муниција со калибар 7,65 милиметри, четири куршуми малокалибарска муниција калибар 22 милиметри, еден куршум калибар 6,35 милиметри и една празна рамка за пиштол калибар 6,35 милиметри.

Пријавените, иако немаат дозвола за поседување оружје, сепак оружјето недозволено го држеле во нивниот дом. Тие знаеле дека за истото дозвола за поседување има друго лице од Охрид.   

Пронајденото оружје и  муниција се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Охрид.
Претресот во домот на пријавените  е извршен по претходно добиена наредба од Основниот суд во Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top