Ознака: општина

steta orovnik

Општина Дебрца погодена од невреме

Post Views: 0 Силно невреме проследено со дожд и град зафати делови на општина Дебрца вчера попладне. Многу лозови насади и градинарски култури се оштетени, велат мештаните на село Оровник. Претседателот на месната заeдница Маријан Лошкоски изјави дека вакво невреме постарите жители не паметат од пред 50-60 години. Додаде дека градоначалникот на Дебрца Игор Трајкоски, веднаш пристигнал на лице место да ги слушне проблемите на земјоделците кај кои невремето предизвика посериозни оштетувања на насадот. „Траеше некаде околу дваесеттина минути силно, големи зрна некаде со со обем на...

Continue reading

opstina dostapna za site

Лицата со посебни потреби во локалната самоуправа добија „Инфо точка“

Post Views: 4 „Инфо Точката“ како услуга градоначалникот Бакрачески им ја вети на лицата со посебни потреби при првата средба откако стана градоначалник. Оваа точка е во координација со она што претставува потреба за подобар сервис на оваа категорија граѓани од страна на администрацијата во општина Охрид.„Овие лица ќе имаат подеднакви права и услови како и секое друго лице кое има потреба од вршење на работи од страна на општинската администрација“, вели првиот човек на општина Охрид градоначалникот Никола Бакрачески. „Ова е инфо точка каде лицата со посебни потреби веднаш по влегувањето...

Continue reading

Нелегална сеча на огревно дрво има во шумите на територија на општина Охрид и Дебрца

Post Views: 4 Нелегалната сеча го загрозува одржливото управување со македонските шуми. Во земјава шумата се уништува со сеча за огревно дрво. Се сечат шуми насекаде, а не е исклучок ни подрачјето кое го покрива шумското стопанство Галичица на делот од охридската општина и Дебрца, информира Славчо Голабоски, раководител на охридската поддружница. „Нелегалната сеча е насекаде на територија на општина Охрид. Се забележува нелегална сеча на Буково, во атарите на селата Вапила, Мешеишта. Во Дебрца има поголема нелегална сеча на границата со струшката општина на делот со Црвена Вода. Таму...

Continue reading

ОПШТИНА ОХРИД СО ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД 19

Post Views: 3 Поради актуелната состојба со корона вирусот КОВИД 19 и зголемениот број на заболени на подрачјето на Општина Охрид, по налог на градоначалникот Константин Георгиески, од денеска 11.03.2021 (четврток), опшинската зграда ќе биде затворена за физички посети на странки. Се известуваат граѓаните дека покрај тоа што нема да биде дозволен приод во општинските простории, сите надлежни служби ќе работат непречено. Граѓаните кои имаат било каква потреба од општински услуги ќе може да се обратат на активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од...

Continue reading

bakraceski i konjanoska

Делегација на Oпштина Охрид во посета на збратимениот град Јалова, Република Турција

Post Views: 1 Делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, во рамките на неколкудневниот престој во збратимениот град Јалова, Р. Турција оствари средба со градоначалникот на Јалова, Јакуп Кочал. На средбата беа разгледувани потенцијалните можности за отпочнување на заедничка соработка во делот на туризмот, особено бањскиот туризам. Стана збор и за интензивирање на стопанската соработка, односно остварување на поблиски контакти помеѓу бизнис секторите од овие два града. Градоначалникот...

Continue reading

Свикана педесет и седмата седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 2 Свикана педесет и седмата седница на Советот на општина Охрид на ден 15.03.2021 година (понеделник) со почеток во 11,00 часот. На дневниот ред на ова издание на седницата на советот, ќе се најдат следните точки: Усвојување на Записниците од 53 та, 54 та, 55 та и 56 тата седница Предлог – одлука за донесување детален урбанистички план во УЗ 8, УБ 8.3, општина ОХРИД, плански период 2016-2026. Предлог – одлука за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како...

Continue reading

jankuloska i bakraceski

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Н.У „Фестивал Охридско лето“

Post Views: 9 Преку потпишување на меморандум, означен почетокот на интензивната соработка помеѓу помеѓу Општина Охрид и Националната установа „Фестивал охридско лето“.Никола Бакрачески Градоначалникот на Охрид, пред самиот чин на потпишување на меморандумот истакна дека оваа сорaботка е резултат на неколкумесечните средби со директорот и службите на „Охридско лето“ во кои се дефинираа начините на соработка и механизмите за имплементација на подготовките за што подобра  организација на фестивалот. „Како круна на овие состаноци и соработка доаѓа потпишувањето на овој меморандум од...

Continue reading

Општина Охрид со над 1 милион евра е на шесто место во земјава по наплата на данок на имот

Post Views: 9 Општина Охрид има нешто повеќе од 1 милион евра просечна годишна наплата на данок на имот. Според висината на наплата на данок на имот, општината  е на шесто место во земјава, веднаш после скопските општини, Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето и базата на податоци за пресметан и наплатен данок на имот за сите општини во земјава за 2017, 2018 и 2019 година. Во овие три години во општина Охрид се инкасирале нешто над 1 милион евра во просек годишно од приход од данок на имот. Само седум општини во...

Continue reading

prevoz

Времено замрзната исплатата на патните трошоци за наставниците од Охрид

Post Views: 3 На почетокот на минатата учебна година, претходната Локална самоуправа и регионалниот одбор на Самостојниот синдикат за образование наука и култура – СОНК од Охрид потпишаа меморандум со кој, Општина Охрид ги презеде трошоците за превоз на наставниците. Но, пред самиот крај на оваа учебна година, времено се замрзна исплатата  на патните трошоци за  превоз на наставниците од Охрид и селата кои гравитираат кон нашата општина. Димитар Спасески, секретар на општина Охрид објасни дека една од причините за ваквиот потег на локалната, се резултатите од направената анализа...

Continue reading

Бројот на регистрирани станоиздавачи е во нагорна линија во општина Охрид

Post Views: 2 Се менува бројот на регистрирани станоиздавачи од мал обем во регистерот за категоризации на општина Охрид. Постојано пристигаат барања за нови категоризации и за продолжување на решенијата од колку бришење на станоиздавачите од регистерот, напоменува Илкер Мустафа од одделението за туризам при ЛС. Не самошто има раст на станоиздавачи кои нудат сместување на охридското крајбрежје туку од година в година расте и квалитетот на категоризација на сместувачките објекти. „Поголем број од категоризациите се со комфорт. Физичките лица согласно Правилникот се категоризираат со...

Continue reading

Вевчани полека станува енергетски ефикасна општина

Post Views: 2 За нецели 3 и половина години, во Вевчани офанзивно се вложува во изградба на енергетско ефикасни објекти. Општинската зграда на Вевчани, речиси целосно е пренаменета во ваквиот модел. Сменета е ПВЦ дограма, термо фасада, поставени се фотоволтаици. Исто така, фотоволтаици се поставени и во другите објекти, спортската сала, основното училиште, на Туристичкиот центар Вевчани. Во центарот на Вевчани, изграден е модерен и зелен парк, во завршна фаза е ѝ изградбата на пречистителната станица за отпадни води. Со тоа се заштитуваат реките од понатамошно загадување.

Continue reading

tabla

Несредените дворови, сериозна закана за сообраќајот

Post Views: 0 Несредените зелени огради, како и густата вегетација, сериозен проблем за безбебедното одвивање на сообраќајот на одредени сообраќајниви во нашиов град. Посебно загрижувачка е состојбата на самиот влез во  населбата „Гоце Делчев“ ,чиишто жители стравуваат како за нивната безбедност,така и за безбедноста на нивните деца. Томе Џамтоски, портпарол на Општина Охрид објаснува дека се запознаени со проблемот на конкретната локација „Согласно законите за Животна средина,безбедност во сообраќајот и законот за јавна чистота, граѓаните имаат обврска своите дворови да ги уредат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top