Post Views: 1
Промотивни репортажи за Охрид ќе подготвува групата новинари од НР Кина која утрово пристигна во градов. Тие велат дека се воодушевени од убавината на езерото и богатото културно-историско наследство на Охрид. Сметаат дека она што ќе го претстават во нивните медиуми кога ќе се вратат во Кина, ќе предизвика голем интерес кај граѓаните на оваа азиска земја.
Според Рен Раи, уредник на најтиражниот весник од провинцијата Чунгчинг, оваа нивна посета ќе претставува еден мост во идната соработка помеѓу двете земји.
„Целта на нашата посета е на кинеските читатели, преку медиумите...
Post Views: 5
Утре, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство со почеток во 12.30 часот ќе бидат промовирани рачно изработениот накит од бисер и филигран, спакована традиционална храна и рачно изработен бакар во рамки на проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“.
Исто така ќе се изврши и промоција на електронската брошура. Инаку проектот од општина Охрид ,,Младите како носители на културата,традицијата и знаењето во Општина Охрид”, е финансиран од Министерство за култура во областа на креативните индустрии.
{loadposition...
Post Views: 1
Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.12.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.11 „Видобишта“.
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.„Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат....
Post Views: 3
Жестока и опширна дебата околу предлог развојните програми и нацрт фискалната стратегија на локалната за 2015та година. Советниците од редовите на опозицијата одбија да ја гласаат оваа точка на дневниот ред бидејќи според нив локалната администрација и градоначалникот направиле грешки во проектното планирање. Според Јован Стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ, тие добиле само список со активности кои се планира да бидат извршени, но не и дефинитивна временска рамка за нејзина реализација и предвидени средства за истата.
„Ние и во текот на дискусијата...
Post Views: 7
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(50) од Охрид.
Во периодот од декември 2012 до март 2013 година, пријавениот во својство на градоначалник на ЕЛС општина Охрид, делувајќи по претходна умисла, веројатно со намера да се стекне со што поголемо општествено влијание како кандидат за Градоначалник на општина Охрид во пресрет на Локалните избори 2013, спротивно на Законот за работни односи противправно склучил сто шеесет и пет договори за времени вработувања...
Post Views: 0
Средношколци и студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „ Св. Апостол Павле“, денес се едуцира како да го користат правото за слободниот пристап до информации од јавен карактер. Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и општина Охрид, се одржа работилница на оваа тема. На работилницата, претставници од Комисијата ги запознаа учесниците со содржината на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и искуствата од неговата примена. Тие генерално...
Post Views: 2
Заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев синоќа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ го отвори Фестивалот на музичкото и фолклорно творештво на Египќаните од Македонија „ Sound of Egypt“, што се одржува по петти пат.
-Како град на соживотот во кој се негуваат различните култури и вредности,овој фестивал зазема посебно место на културната и фестивалска мапа на Охрид. Почитувани, ова е Ваша ноќ. Вечерва преку музиката и танцот, ќе биде отсликан духот, енергичноста и љубезноста кои се одлика на етничката група на која вие припаѓате . Со желба овој фестивал,...
Post Views: 1
Потенцијална соработка помеѓу општина Охрид и Економски Факултет, Универзитет –Љубљана, беше една од темите на средбата која денеска ја остварија градоначалникот Константин Георгиески и деканот професор д-р Метка Текавчич.
Средбата се одржа на иницијатива на претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој воедно е и член на Меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет во Љубљана, а присутна беше и Мелита Секуловска, регионален координатор за меѓународна едукација на Економски Факултет, Универзитет – Љубљана.
За почеток на соработката...
Post Views: 4
Во однос на делот во кој се споменува Градоначалникот Никола Бакрачески, Општина Охрид, го замолува првиот човек на локалниот огранок на СДСМ Томислав Тунтев, да престане да изнесува лаги и манипулации. Господине Тунтев, фактите кажуваат а и охриѓани знаат дека во периодот кога Вие бевте заменик градоначалник на општина Охрид, таа заедно со јавните претпријатија се стекнаа со долг од над 50 милиони евра, долг кој не го памети поновата историја на Европа за толку мал град како што е Охрид. Дали ова за вас е манипулација г-дин Тунтев?
Новата локална самоуправа...
Post Views: 0
Потрошувачите кои не се задоволни од квалитетот на купената стока и кои започнале потрошувачки спор истиот можат да го решат со помош на медијатор. Уште во декември минатата година е донесен закон за медијација, но досега многу мал број граѓани ги искористиле услугите на медијаторите.
Граѓаните се многу малку запознаени со оваа можност за решавање на потрошувачките спорови па целта ни е да ги информираме да си го користата ова право, вели Вангел Спироски, претседател на советот на потрошувачи на Општина Охрид.
Спироски објаснува дека медијаторите се луѓе овластени од...
Post Views: 1
Локалната самоуправа од својот буџет за 2014 година издвоила 2 милиони 622 илјади денари наменети за проекти со кои аплицирале граѓани и здруженија по различни осноци. Финансиска поддршка е барана за 64 проекти проекти од културата, спортот, социјалата, здравството, екологијата, образованието. Од извештајот на Локалната самоуправа се гледа дека доминираат проекти од областа на културата. Здруженија и граѓани барале финансиска поддршка за одржување на најразлични изложби, концерти, издавање на книги, меѓу кои се Фолк фестивалот Спасовден, Песна на летото, Парче душа...
Post Views: 8
Уште во текот на вчерашниот ден, струшките основни училишта добија струја.
Моментално, состојбата со прекинот со снабдувањето со електричната енергија во ОУ “Јосип Броз Тито” и “Браќа Миладиновци” во Струга како и подрачните училишта во селата Враништа, Мислешево и Радожда е решена.
Инаку причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е акумулираниот долг на струшките основни училишта кој изнесува 5 милиони денари. Општина Струга презеде обврска да го исплати и веќе се договори со ЕВН за плаќање на рати.
{loadposition content9}