Ознака: општина

logo

Општина Охрид должи на УЈП речиси 2 милиони денари

Post Views: 1 Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долгови доспеани до 31.март годинава и неплатени до 30. јуни. На обемната листа се наоѓаат должници по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Меѓу должниците се најде Општина Охрид која треба да и плати на Управата 1. 851. 387 денари. Јавното претпријатие „Погребни услуги“...

Continue reading

По едногодишна пауза поради корона кризата се враќаат и спортските манифестации во општина Дебрца

Post Views: 1 Деновиве во Лешани заврши Меморијалниот турнир во фудбал “Кире Николоски-Камачо”, а во Мешеишта во тек е 46 ти турнир во мал фудбал “Петровден 2021”. Општина Дебрца продолжува да ги поддржува сите спортски манифестации и настани во општината. За меморијалниот турнир во Лешани општината обезбеди 30.000 денари, а за петровденскиот турнир во Мешеишта 60.000 денари.

Continue reading

Ramiz Merko

Интригантни прашања без одговори

Post Views: 0 И после повеќе од година дена работа, Советот на општина Струга работи во тензична и конфузна атмосфера. Бројните советнички прашања, предлози, заклучоци, остануваат без одговор. На 18 тата седница беше најавено дека јавно ќе се говори за безбедносната состојба во Струга, но од тоа, само изјави, без конкретен епилог. Советникот од ЛДП Сретен Бандоски рече дека во Струга, јавна тајна е оти на секој чекор се издаваат дозволи за работа на објекти кои не се безбедни. Тој додаде, доколку се продолжи со вакво темпо, безбедносната состојба во градот ќе биде до тој степен нарушена...

Continue reading

Galeb plaza

Што ќе никне на плажата „Галеб“

Post Views: 2 Во Струга владее урбан хаос,децидни во ставот екологистите од Струга. Тие креваат раце од сите релевантни фактори во државава, кои според нив имаат законско право да им застанат на патот на уништувачите на зеленилото. Сметаат дека личните интереси на поедини луѓе кои очигледно добро профитираат во нашата земја се одлично заштитени, така што никој ништо не им може. Мате Гогоски познат екологист вели дека покатастрофална состојба од оваа досега немало и додаде дека веќе собираат потписи од граѓаните кои ќе бидат доставени до некоја сигурна европска порта.Првиот човек на...

Continue reading

Обука за локални туристички водичи во Општина Дебрца

Post Views: 2 Во рамки на прегуграничниот проект „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓугранична област – Conse-pp“ кој се спроведува од македонска и грчка страна беше одржана обука за локални туристички водичи преку која населението се запозна со вредноста на биолошката разновидност во Белчишкото Блато. Обуката беше спроведена во Општина Дебрца од професори од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем”. Во рамки на проектот досега се спроведени повеќе проектни активности меѓу кои и пренамената на старата касарна...

Continue reading

Radozda

Министерот Јакупи ќе се заложи за Радожда

Post Views: 0 Радождани по се изгледа ќе бидат приклучени на долго очекуваниот колекторски систем. Барем таков беше впечатокот од денешните изјави на првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко, и Министерот на ЖСПП Неџати Јакупи. Деновиве, како што е веќе познато, жителите на ова место го подигнаа својот глас кон надлежните. Тие јавно побараа нивниот децениски проблем да се реши и конечно да ги почуствуваат благодетите од приклучувањето кон колекторскиот систем, наместо да стравуваат од инфекции и зарази кои можат да ги добијат од загадената вода со фекалии. Јакупи рече дека проблемот...

Continue reading

Сашо Јанкоски за Вевчани ветува просперитетна општина

Post Views: 3 „Наследивме задолжена општина со блокирана жиро сметка, а за само 4 години општина Вевчани финансиски ја стабилизиравме и реализиравме бројни проекти во висина од околу 2,5 милони евра“, истакна Сашо Јанкоски, кандидатот за градоначалник на Вевчани од редовите на СДСМ.  Имаме развојни проекти кои ќе се реализираат понатака. Во овие 4 години ги согледавме горливите проблеми на вевчанци. Основен проблем е паркингот и сообраќајот. Имаме изработена Физибилити студија која ќе почнеме да ја реализираме веднаш по изборите – вели Јанкоски. Тој напоменува дека тука нема...

Continue reading

neuspeshen protest

Неуспешен протест

Post Views: 12 Ништо од протестот на социјалците. Пред зградата на општина Струга, денес едвај двајца до тројца пристигнаа местото каде што требаше да има протест. Корисниците на социјална помош од Струга стравуваат да излезат и да се изборат за своите права, рече пред камерата на ТВМ претседателот на НВО „Хоризонт“ Ивица Младенов. Тој потенцира дека очигледено е влијанието на институциите и огромниот притисок што го прават врз социјално загрозените семејства. Младенов кажа дека социјалците стравуваат да го подигнат својот глас од причина што и онака малата социјална помош ќе им биде...

Continue reading

lokalna

Општина Охрид редовно помага на социјалците

Post Views: 1 Социјалната политика на општина Охрид и грижата за ранливите категории на граѓани, една од главните заложби на градоначалникот Никола Бакрачески. Секојдневно луѓето кои се во тешка материјална состојба бараат помош од Локалната, односно доставуваат барања за користење на еднократна парична помош, вели градоначалникот Бакрачески . Додава дека исплатата на средствата се врши откако Комисија на Советот на општина Охрид ќе направи проценка за нужноста од исплата на средства за одредена наменаа. „Голем дел од нив се однесуваат за исплата на трошоци за лекување најголем дел...

Continue reading

Пропадна и вториот тендер за прскање против комарци во општина Охрид

Post Views: 5 Пропадна и вториот тендер за избор на оператор кој ќе прска против комарци и глодари на територија на општина Охрид. Во меѓувреме, комарците напаѓаат, а граѓаните ќе го чекаат третиот тендер. Досега на двата јавни повици од општина Охрид , пристигнала само една понуда од охридскиот Центар за јавно здравје. Општината за оваа намена има издвоено над 420.000 денари, а понудата на Центарот за јавно здравје цената на третманот против комарци била удвоена и изнесувала 937.000 денари, информира Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид. „Не знам како да ја опишам оваа појава...

Continue reading

Ramiz Merko

Се отвoра поле за работа

Post Views: 1 Дваесет и пет хектари земја наменети за индустриска зона во Струга. За ова земјиште уште во декември минатата година донесен е ДУП и истиот е усвоен. Се работи за земјиште кое се наоѓа од десната страна на магистралниот пат Охрид – Ќефасан и за кое општина Струга издаде 40 маркици. Се чека само Министерството за транспорт и врски да распише тендер, вели првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко.Но, Мерко ветува и слободна економска зона која ќе опфаќа тројно повеќе хектари земја. Имено на тоа се работи повеќе од три години. Првичната локација јужно од коридор 8 не била...

Continue reading

OSU Niko Nesetor

Образовниот процес во Струга под конец

Post Views: 0 Првиот рапорт на директорите на образовните установи во Струга солиден. Раководителот на Секторот за образование Џеми Хајредини за ТВМ изјави дека стартот на новата учебна година во 11 те основни училишта во општина Струга, заедно со 26 те подружни единици како и 2 те гимназии и градинката, бил добро подготвен и координиран. Тој истакна дека воочени биле мали пропусти и верува оти за брзо време истите ќе ги надминат.Според Хајредини неочекувана и нагла била оставката на директорот на СОУ „Нико Нестор“, Никола Затуроски, кој заради притисок на антикоруциската комисја...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top