Ознака: општина

ВО ОПШТИНА ОХРИД КОНТИНУИРАНО РАСТЕ НАПЛАТАТА НА ТУРИСТИЧКАТА ТАКСА

Post Views: 7 Мерките што ги презеде Општина Охрид за развој на туризмот во изминатиот период даваат резултати.Приходите на наплатата на туристичката такса во буџетот на Општина Охрид континуирано растат. Секторот за туризам и ЛЕР врз основа на извршените анализи, утврди дека вкупната наплата на туристичка такса за 2018 година од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели е зголемена за 14% во однос на 2017 година. Во Општина Охрид наплатата на туристичката такса од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели за 2018 година изнесува 21.236.895...

Continue reading

Охриѓани можат да се попишат и во Општина Охрид

Post Views: 11 Државниот Завод за статистика информира дека од вчера во просториите на Реонската пописна комисија, која се наоѓа во зградата на Општина Охрид, граѓаните кои од разни причини не биле пронајдени од попишувачите, а и оние кои наредните денови нема да бидат во своите домови, можат да дојдат и да се попишат. Овие граѓани, своето доаѓање за попис во зградата на Општина Охрид, треба да го најават на тел: 070/944-576 , како би се избегнала непотребна гужва и губење на време. Од Државниот Завод за статистика напоменуваат дека ова важи само за лицата каде попишувачот веќе поминал...

Continue reading

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид: На шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Охрид, спротивно на закон му се исплатени парични средства како надомест за штетите од земјотресите

Post Views: 1 Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид Сашо Донев, го повика в.д. градоначалникот Константин Георгиески, да одговори кој овозможил исплата на финансиски средства, од Буџетот на РМ, на лица, кои не се баратели на штети. Претседателот на О.К истакна дека Георгиески наместо ставбилна и услужна општина за сите граѓани, дозволил неа да ја тресе финансиски земјотрес. „Дали е точно дека спротивно на закон се исплатени парични средства на име надомест на штета од земјотрес во износ од над 30.000 денари, на лицето Илија Пиперкоски, шеф на кабинет на градоначалникот, кој е...

Continue reading

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД УЧЕСТВУВАШЕ НА РАБОТНИОТ СОСТАНОК НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СВЕТСКАТА УНИЈА НА ОПШТИНИ

Post Views: 0 Делегација на општина Охрид, беше дел од работниот состанок на управниот одбор на Светската унија на општини, во Истанбул. На состанокот, претседателот на Унијата, изрази сочувство за прераната смрт на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, кој што беше член на управниот одбор. Исто така беше потврдена иницијативата за донација на противпожарно возило од страна на збратимената општина Сафранболу. Предвидено е донацијата да се реализира после изборот на новиот управен одбор, по што Советот на општината Сафранболу треба да донесе одлуката за донација.

Continue reading

Општина Охрид распиша јавен повик за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици

Post Views: 5 Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјална заштита на граѓаните од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици. Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за 2019 година. Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670, 00 денари месечно за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети: Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на...

Continue reading

ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ АГРОН БУЏАКУ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 1 Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, оствари средба со директорот на ЦУК, Агрон Буџаку. Тема на разговор беше проектот што ЦУК го имплементира, а тоа е единствен телефонски број за итни случаи. Тоа значи дека МВР, брза помош и територијалната против пожарна единица ќе се повикуваат од еден број – 112. За таа цел ЦУК ќе формира осум регионални кол центри, од кои еден од нив ќе биде лоциран во Охрид, а главниот ќе биде во Скопје. Улогата на општина Охрид во имплементацијата на проектот е обезбедување на просторни услови од каде ќе оперира регионалниот...

Continue reading

ЗАЕДНИЧКИ ВАСИЛИЧАРСКИ ПОЈАДОК ВО ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 2 На традиционалниот заеднички појадок по повод празникот Василица што се организира во Општина Охрид паричките ги најдоа Весна Митреска, Тихомир Дурнев, Симон Илијески и Томе Џамтоски. Заедничкиот појадок го организираа минатогодишните кумови Царе Наумоска, Габриела Милошоска и Гоце Симоноски. Заедничкиот појадок заврши со желба за добро здравје, среќна и бериќетна година, успех во работата и напредок на Општина Охрид.

Continue reading

deca sovet

Посета на ученици во струшкиот Совет

Post Views: 4 Учениците од ОУ. „Браќа Миладиновци“, го посетија Советот на општина Струга. 60 етина деца од четврто одделение имаа можност да се запознаат со работата на струшкиот Совет и практично да видат како се донесуваат одлуки кои влијаат за живеењето во нивниот град. Кај дел од нив веќе постојат амбиции да седнат во советничките клупи и да бидат идни градски избраници, а речиси сите беа запознати која е улогата на Советот. „Дојдовме за да видиме како работат во Советот. Совет е група на граѓани кои му помагаат на градоначалникот да донесе некоја одлука“. Јас научив дека сите...

Continue reading

Свикана 23-та седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 0 Претседателот на советот на Општина Охрид, ја свика, 23-та седница на Советот на Општина Охрид. Седницата е закажана за на 16-ти јануари со почеток во 11:00 часот, во зградата на општина Охрид. Исто така на дневен ред ќе се најдат и предлог одлуките за преземање на некои од селските водоводи од страна на „Проаква“. Нa дневниот ред на ова издание на седницата на советот, се најдоа, Предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“ Охрид, потоа советниците треба да дискутираат за годишните...

Continue reading

bebe

5000 денари за првото новороденче во Општина Дебрца годинава

Post Views: 2 Новороденчето е девојче Славица Мувческа од село Требеништа, која се роди на 01 февруари годинава. Согласно програмата, како општина Охрид, така и општина Дебарца доделува по 5000 денари финансиска помош за секое новороденче. Стојче и Маријана Мувчески се родителите на малечката Славица , кои добија парична помош од општината во вредност од 5000 денари. {loadposition content9}

Continue reading

ОПШТИНА ОХРИД ПОДГОТВЕНО ГИ ДОЧЕКА ВРНЕЖИТЕ ОД СНЕГ

Post Views: 1 Вршителот на должност, градоначалник Константин Георгиевски , утрово одржа работен состанок со членовите на Оперативниот штаб, директорите на јавните претпријатија и претставници од Територијалната противпожарна единица со цел преземање на активности и мерки за непречено движење на пешаците и одвивање на сообраќајот на територијата на Опптина Охрид, во услови на снег. Од утрово екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ со работна сила и механизација се излезени на терен и со координирани активности работат на расчистување на уличната патна мрежа во населените централни градски...

Continue reading

sednica struga

Советот на општина Струга ја одржа 12 тата седница

Post Views: 2 Советничката говорница во салата за седници на општина Струга, денес не беше многу користена од страна на градските избраници. Дневниот ред на дванаесеттата седница со 16 точки, плус дополнително предложените 4 точки, поминаа глатко, со исклучок на предлог одлуката за работното време на струшките занаетчии која беше одложена за некоја наредна седница. Претседателот на струшкиот Совет Абдула Ќазимоски, вели дека нема седница без да се замеша политиката, па таков бил и денешниот тек на седницата. „Во одредени ситуации бев малку разочаран, бидејќи знаете дека кога се работи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top