Ознака: оо

OO SDSM

Томислав Тунтев именуван за претседател на ОО на СДСМ

Post Views: 3 Првиот човек на СДСМ, претседателот Зоран Заев, синоќа  на последниот состанок на највисокото раководство на охридскиот огранок на партијата, го именува актуелниот советник Томислав Тунтев за претседател на општинската организација на СДСМ во Охрид. Тунтев за претседател на охридските социјалдемократи бил избран, откако влегол во потесниот избор, заедно со Веле Тодороски. Според измените на статутот на СДСМ донесени на вториот конгрес на СДСМ на 30 јуни годинава, претседателот на партијата, ги именува претседателите на ОО, а секој именуван претседател е обврзан да направи...

Continue reading

крводарителна акција

Охриѓани и гостите даруваа крв, на Плаошник собрани рекордни 154 крвни единици

Post Views: 2 На традиционалната крводарителска акција што се одржа на Плаошник се собрани рекордни 154 крвни единици. Во текот на дводневната акција крв даруваа веќе потврдени крводарители од градот,  но и гости кои летуваат во Охрид. Еден од нив е охриѓанецот Ацо Атанасов  кој 30 години е крводарител. Овој хуман човек досега подарил над  40 пати крв. Атанасов и овој пат не заборави да дојде на Плаошник и да се приклучи на хуманата  крводарителска акција заедно со својата ќерка Славјанка, која чекори по хуманите постапки на татко и. „ На овој ден дарувам и ги поттикнувам  и другите...

Continue reading

Crven krst vo Germanija

Охридскиот црвен крст во работата повторно ќе применува нови Германски искуства

Post Views: 4 Шестчлена делегација  од Охридскиот Црвен Крст, составена од спасители на вода и спасители на планина беа 5 дена во посета на Црвен крст Бамберг – Германија. „Целта на оваа посета беше да го разработиме нивниот систем на функционирање и на работа не само во сегментот на спасување и на дејствување при катастрофи, туку и организационо, самата поставеност на Црвениот крст таму и соработката со институциите како што се локалната самоуправа и државата“, вели претседателот на ОО на Црвениот Крст, Сашо Точко. „Луѓето не печекаа прекрасно, беа отворени кон нас можеа и тие да...

Continue reading

Ohrid star del

ЛДП на локалната ќе и понуди проект за Стариот дел на Охрид

Post Views: 24 Охридските либералдемократи за 100 дена на градоначалникот му нудат предлог проект за Стариот дел на Охрид, за кој велат дека сериозно го подготвувале во изминативе две години. Претседателот на ОО на ЛДП Дејан Блажески вели дека тие како опозициона партија  не го испочитувале молкот од 100 дена, сметајќи  дека подобро е да се рагира на проблемите тогаш кога ќе се случуваат, отколку да се остават и работите да излезат од контрола.  Блажески смета дека средувањето на Стариот дел е приоритетен проект на кој треба да работи локалната. „Го изработија луѓе професионалци во...

Continue reading

vezba spasuvanje davenik

Голема показна вежба за спасување на давеници на старото пристаниште во Охрид

Post Views: 3 Во рамки на обуките за безбедност на вода и прва помош, што заеднички ги реализираат Црвен крст Охрид и Операцијата Флоријан од Англија,  денеска на потегот на старото пристаниште во Охрид, се одржа голема показна вежба на спасување давеници и укажување прва помош.Оваа вежба претставува резиме на она што го поседуваме од капацитети и техника, како и координацијата со надлежните институции кои интервенираат во случај на несакани последици во Охридското Езеро. На показната вежба која се изведе на пристаништето спроти хотелот Палас учествуваа припадници на пограничната...

Continue reading

sdsm

Заев: Да ја спуштиме топката

Post Views: 0 Новиот претседател на СДСМ Зоран Заев, меѓу своите сопартијци од Охрид. Заев на денешната прес конференција кажа дека има многу поплаки од граѓани на Охрид, дека се изложени на огромни притисоци во локалните институции каде што работат. „Многу граѓани кои што немаат своја членска книшка а се вработени во локалните јавни претпријатија се деградирани од своите места, голем дел преку советот слушнавте беа принудени да поднесат оставки од своите раководните кадри, голем дел од луѓе кои немале до крај регулирано работен однос се повијувани на информативни разговори она што...

Continue reading

crven krst blagodarnici

Благодарници и признанија за најхуманите охриѓани

Post Views: 5 Признанија за повеќекратни дарители на крв, фирми и институции, образовно – воспитни установи и поединци кои постигнале значајни резултати во крводарувањето во 2012 год. Крводарителите и сите останати хумани охриѓани денеска во очи на  17 март  го одбележаа  денот на Црвениот крст на Р Македонија и денот на крводарителството. Претседателот на ОО на Црвениот крст вели дека тие се горди на она што го направиле во минатата година, затоа што го надминале планот за крводарителство за 2012 год. Тој открива дека собрале 1930 единици крв, со што за 14 проценти го надминале планот...

Continue reading

англиски јазик

Нов циклус на „Час за приказни на англиски јазик“

Post Views: 0 Стартува пролетниот  упис за учење на англиски јазик во ОО на Црвен крст. Со учење песнички, читање приказни  и креативни активности,  децата од 4 до 11 години, во присуство на родителите, имаат можност да го изучуваат англискиот јазик со програмата „Час за приказни“. Во тек се уписите за новиот циклус од оваа програма која општинскиот Црвен крст ја реализира од 2009 година. Интересот за упис во  „Час за приказни на англиски јазик“ е голем, а се должи  на квалитетната програма од досегашните циклуси на изучување, вели волонтерот на Црвен крст, Јованка Сион Доленц. Покрај...

Continue reading

crven krst Ohrid

Низа активности на Црвениот крст по повод неделата за грижа на стари лица

Post Views: 0 Црвен крст Охрид како хуманитарна организација својата дејност во областа на социјалната заштита ја базира и на грижа за старите лица. Во таа насока и оваа  есен, традиционално, во рамките на одбележување на Неделата на грижа за стари лица од 17-24 ноември, Црвен крст Охрид под мотото „НИЕ сакаме-ВИЕ знете-ЗАЕДНО можеме” организира активности посветени на наШите повозрасни сограЃани. Денеска во просториите на ОО на Црвениот крст се мереше шеќер во крвта, крвен притисок, а се посетија и згрижените лица во во Геријатриското одделение при ОпШтата болница во Охрид  и лицата...

Continue reading

sdsm

Се мерат рејтинзите во СДСМ

Post Views: 5 Деновиве актуелен рејтингот на можните кандидати за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ. Според најновите резултати од една од многуте спроведени анкети  рејтингот на актуелниот градоначалник Александар Петрески е само за 3% поголем од рејтингот на претседателот на ОО на СДСМ Наум Јованоски – Чакар, дознава ТВМ. Претседателот на охридските социјалдемократи Наум Јованоски – Чакар, вели дека на локално ниво ниту ги водат ниту пак имаат информации за анкетите кои ги спроведува централата или пак некој друг. Сепак, тој не крие дека  градоначалничката фотеља за него...

Continue reading

spasiteli

Психофизички подготвени -спасителите на вода

Post Views: 9 Зоран Станкоски и Љупчо Стојаноски се лиценцирани спасители на вода. Со оваа квалификација  се стекнале пред пет години. Двајцата се обучиле и полагале во ОО Црвен крст. По стекнатите вештини и дозвола за спасување на вода досега биле ангажирани на бројни плажи в долж охридското крајбрежје. Интервенирале во многу  ситуцаии, но за среќа  ризичните моменти завршувале среќно. „ Досега не сум имал ситуации со давење, но имало бројни ризични ситуции со губење на свест или посекотини  кои звршувале во најдобар ред“, нагласува Станкоски. Во моментов Стојаноски и Станкоски...

Continue reading

ldp pres

ЛДП реагира поради издавањето на езерото под концесија

Post Views: 16 ЛДП е смета дека многу е рано Охридското Езеро да се дава под концесија за стопански риболов, затоа што како што велат сеуште не е стабилизиран рибниот фонд во езерото, а одлуката за давање под концесија била избрзана и бесмислена. „Неофицијално, идниот концесионер е избран и веќе има склучено договор. Договорот се однесува за период од 6 години, а концесионерот има обрска на државата за истиот тој период да и исплати 12 милиони денари, а да за таа сума, добива дозвола да улови 20 тони пастрмка и 1200 тони плашица. Со овој договор, треба да се вработат и 24 рибари што...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top