Низа активности на Црвениот крст по повод неделата за грижа на стари лица

„НИЕ сакаме-ВИЕ знете-ЗАЕДНО можеме”, мотото под кое се спроведува неделата за грижа на стари лица.

 |  Маленкова Татјана  | 
crven krst Ohrid
црвен крст охрид

Црвен крст Охрид како хуманитарна организација својата дејност во областа на социјалната заштита ја базира и на грижа за старите лица. Во таа насока и оваа  есен, традиционално, во рамките на одбележување на Неделата на грижа за стари лица од 17-24 ноември, Црвен крст Охрид под мотото „НИЕ сакаме-ВИЕ знете-ЗАЕДНО можеме” организира активности посветени на наШите повозрасни сограЃани.

Денеска во просториите на ОО на Црвениот крст се мереше шеќер во крвта, крвен притисок, а се посетија и crven krst Ohridзгрижените лица во во Геријатриското одделение при ОпШтата болница во Охрид  и лицата во пензионерскиот дом. Активистите, подмладокот на Црвениот крст среќни што помагаат, а старите пак презадоволни што никогаш не се заборавени.

Од црвениот крст се категорични дека оваа организација постојано води грижа за старите лица, но дека оваа недела само е поизразено нивното делување.

„Соработката со здружението на пензионери на Охрид и Дебарца продолжува, таа е континуирана  само ја збогатуваме со повеќе настани, со повеќе активности, како што се приредби специјално организирани од ученици од ОУ Ванчо Николески, кои и денеска беа во геријатрија за штитениците кои се таму згрижени“, вели Анета Јованоска волонтер во ОО Црвен Крст.

Сите овие години се обидувавме на оние кои чекорат по патеката на животот да им подариме повеЌе сонце и радост. И овој ноември Ќе почукаме на нивната врата со желба да бидеме со нив и подариме, на нивната есен на животот, топлина на сонцето и пријателска рака, категорични се од Оо на Црвениот крст.
    
{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top